Јас пак обратно, би рекол дека вчера цел ГСВ изигра доста стабилно и добро, поготово у прво полувреме, имаа 13/30 тројки, Џордан Пул кој со Скраменто ништо не убаци имаше 5/7 едно време за 3, не знам како заврши на крај, Томпсон исто испорача вчера. Да не беше АД толку добар у прво полувреме, ќе се одлепеа на едно 10-15 разлика. Нереално е како овие имаа 13 тројки, Лејкерс 1 и пак водеа на полувреме 1 разлика. Ама доста паметно играа Лејкерс, ги принудуваа на фаули, играа позиционирани напади у рекет и ги фрустрираа скроз на моменти. Многу добра утакмица и уште подобра серија у најава. Свака част на Вандо, одличен дефанзивец.