Денеска се подновив со Филипс XL варијанта.
Некој што користи Филипс да ми каже дали имавте брошура со рецепти?
Во моето немаше никакви рецепти, само показател како да ја симнеш една апликација за Филипс со рецепти. Апликацијата не е достапна за наш пазар ама нема врска си ја симнав на друг начин. Муабетот ми е дали да им се жалам или тоа е тоа брошура што викаат, апликацијата?
Го употребив денеска за да направам похован модар патлиџан. Нормално има огормна разлика ама мислам за очекување е тоа кога веќе се отарасуваш од зејтин. Кога ги пржев на зејтин ми испаѓаа меки, нормално зошто упиваат од тоа зејтинот дур ги правиш. Сега ми искочија како чипс.
И некако приметив дека не беа солени, а ги насолив пред да ги ставам. Дали тоа ја испарува солта некако, не знам. Но секако можеш да ги насолиш отпосле.
И сакав да земам решетка за него, ама братче 3000 ден решетката, не се нормални.