А сад, спектакл. Па нека иде у финале подобриот.
Кој и да оди во финале ќе биде еквивалент на Америчките филмови кога некој рандом пропаднат тренер/бивши фудбалер од трета лига, собира неколку дебели деца и неколку цвикери сите максимално антиталентирани и едно девојче што знае да игра фудбал.
До пола филм губат од кого стигнат за на крај после да се стегнат и со помош на другарство и голема сложност против сите шанси стигаат до финале каде што ќе играат против најдобриот тим кој сите утакмици ги добива со по 4-5 гола разлика.
Филмот може да има само два можни краја, тотално понижување на дебелковците за на крај поуката да биде дека не е важно кој победува туку важно е дружењето и другарите кои се стекнуваат во процесот (судбината на Џонтра и Цобе)
ИЛИ
Тврда утакмица, ненормална среќа и 1-0 победа на дебелковците прославена со тркалање во торти, плачење, лигавење, поука дека сепак со работа се може да се постигне и така...