Трчање, Скопски Маратон и останати атлетски настани во Македонија

Член од
24 февруари 2005
Мислења
242
Поени од реакции
50
Многу е паметно двете да се прават :)
Често поставувано прашање е „како да трчам побрзо?“.
Одговорот е: едноставно, трчај побрзо :D
А тоа ќе го направиш со интервали.

Не грижи се, различни дистанци трчаш. Можеби треба и да одмориш нешто повеќе наместо 1 ден, 2 дена одмор. Не мора стрикно да се држиш до програмата. Знам дека маваат на психа овие работи но не дозволувај. Слушај си го телото а не очекувањата или програмите.
Супер се! Продолжи и не се замарај за „намалување на кондиција“ која не се забележува од резултатите но можеби ја чувствуваш.
Со килограмите до каде си, симна ли 2-3 од последниот пат кога ти пишав?
Дечки во право бевте, требаше одмор, по 2 дена одмор падна и моите први 10 км!!! И времево не е лошо, нормално може подобро, но пред 1 месец кога истрчав 9 км бев каде каде полош. Сега на 10 км пејс ми е 5,53 што е ок зошто тогаш на 9 км пејс ми беше 6,10

1675877316224.png
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.266
Поени од реакции
4.665

Прегледај го приврзокот 366490
Супер е што после одморот се чувствуваш подобро и имаш подобри времиња.

Другарски совет (може многу тука да не го поддржат) ама трчај за себе не да се оптоваруваш со времето.
Убаво е да се има натпреварувачки дух ама со километражата ќе дојде и подобро време. Ако се форсираш може само полошо да направиш :)
 
Не се замарам со време можеби последниот километар зошто осеќам дека можам побрзо да го истрчам. На крај кога завршив ме изненади дека сум бил под 1 час, не очекував. Како и да е убаво ми доаѓа кога ќе видам дека сум напреднал.
 
Не сме се разбрале, од кога те приметив тука (пред недела две) само времето па времето и како да го подобриш. На тоа алудирав кога реков не се оптеретувај со времето сега трчај колку што ти дозволува телото, колку повеќе трчаш просечното време ќе си опаѓа.
Затоа ти реков опушти се и уживај во трчањето. Супер што сакаш да се подобруваш ама не се оптоварувај брзо да го спуштиш времето.
 
Член од
13 март 2010
Мислења
378
Поени од реакции
480
Гледам во последно стана активна темата, па да прашам и јас. Мислење и искуства со персонализираните тренинг планој на Гармин?
 
Член од
17 април 2007
Мислења
163
Поени од реакции
325
Гледам во последно стана активна темата, па да прашам и јас. Мислење и искуства со персонализираните тренинг планој на Гармин?
За почетници ок, за поискусни така така.
 
Член од
13 март 2010
Мислења
378
Поени од реакции
480
За почетници ок, за поискусни така така.
Почнав со трки од пред 5 години, првите 3 години трчав кампањски по некој месец најчесто пролетта и летото со огромни паузи есента и зимата.

Сега еве нешто поќе од 2 години сум многу по редовен и од првото трчање кај шо едвај поминав 3км со тргни застани, лани Ноември го истрчав првиот маратон во Дрезден. Маратонот добро ме сјеба и 8 недели ми требаја да се опоравам пред да можам да продолжам со трчање.

За оваа година главниот фокус ми е на средни дистанци 5км-10км, па сега сум во потрага по некој тренинг план шо ќе ми дај насока. Целта ми е 10км да спуштам под 45:00 (лани истрчав за 48:33) и 5км да се доближам шо е можно поќе до 20:00. Секоја сугестија и препорака е добредојдена.
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.266
Поени од реакции
4.665
Не се замарам со време можеби последниот километар зошто осеќам дека можам побрзо да го истрчам. На крај кога завршив ме изненади дека сум бил под 1 час, не очекував. Како и да е убаво ми доаѓа кога ќе видам дека сум напреднал.
Почнав со трки од пред 5 години, првите 3 години трчав кампањски по некој месец најчесто пролетта и летото со огромни паузи есента и зимата.

Сега еве нешто поќе од 2 години сум многу по редовен и од првото трчање кај шо едвај поминав 3км со тргни застани, лани Ноември го истрчав првиот маратон во Дрезден. Маратонот добро ме сјеба и 8 недели ми требаја да се опоравам пред да можам да продолжам со трчање.

За оваа година главниот фокус ми е на средни дистанци 5км-10км, па сега сум во потрага по некој тренинг план шо ќе ми дај насока. Целта ми е 10км да спуштам под 45:00 (лани истрчав за 48:33) и 5км да се доближам шо е можно поќе до 20:00. Секоја сугестија и препорака е добредојдена.
Edna troa za pocetnici, drugata malku ponapredna.
Nesto sto mene mi pomognalo koga pocnav so trcanje da se podobram na kondicija i izdrzlivost.

Nema preku nok da trcate maratoni za 2 saati ama imase dosta dobar efekt. :D

@bojan81 ako osetis deka 4 nedelnata programa ti e iscrpuvacka ne se forsiraj idi na podolgata, bolje podolgo da se spremas nego da sedis doma povreden :D

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
Маратонот добро ме сјеба и 8 недели ми требаја да се опоравам пред да можам да продолжам со трчање.
Може малку подетално за ова? За колку го истрча маратонот? Колку се спремаше за него?
Што мислиш дека ти помогна најмногу да се оправиш? Имаше некоја посериозна болка/повреда?
 
Член од
13 март 2010
Мислења
378
Поени од реакции
480
Може малку подетално за ова? За колку го истрча маратонот? Колку се спремаше за него?
Што мислиш дека ти помогна најмногу да се оправиш? Имаше некоја посериозна болка/повреда?
За маратонот планирано ми беше да се спремам 4 месеци, ама летен период, еден тон свадби после короната и ред други обврски ме спречија првите 2 месеци да тренирам редовно. Под редовно мислам то шо требаше да трчам 4-5 пати неделно а успевав максимално до кај 3 пати неделно да трчам. Потоа наредните 2 месеци бев константен. Месец дена пред Дрезден истрчав на Скопски еден полумаратон како дел од тренинг програмата и без да бркам време си поставив PB од 1:53:34. Ова бааѓи ме охрабри дека не само шо сум спремен да издржам цел маратон туку и дека ќе можам да бркам време под 4 сати :). Е тука најмогу се заебав шо иако бев свесен дека забушавав за време на тренинзите, тргнав да бркам време. До 25тиот км немав никакви проблеми. а до 30тиот и бев негде под 4 сати. Последните 12км беа мачење и многу пешачење, но како и да е на крајот успеав да завршам на нозе за 4:45:36.

Психички бев максимално спремен и за маратонот и за периодот после то. Првите денови мислев дека нема да можам да станам од кревет, но за чудо можев да се движам со некој мали болки, далеку од то шо очекував. Направив 2 недели пауза и си дозволив се и сешто во исхраната како награда. После 2 недели првпат пробав да истрчам некој 20тина минути и видов дека ми треба уште одмор. По 2 недели пробав пак исто по првите 10тина минути имав болки во листојте и одма престанав. Истото ми се дешаваше уште еден месец, секое трчање ми завршваше по 10тина минути со болки во листојте. Болките ми се јавуваја само ко ќе почнев со трчање, а со пешачењето немав никакви проблеми. Конечно после 2 месеци почнав да трчам без болки и сега полека полека ја кревам формата пак. Најмногу ми поможи одморот, само направив грешка шо не возев точак и некој така полесни активности, за колку толку да задржам кондиција. Се на се едно убо искуство и ум за наредниот маратон дека нема играње и мора мноогу спремање и голема дисциплина оти ни блиску не е со полумаратонот. Исто за време на спремањето за маратонот изгубив контрола со исхраната, нонстоп бев гладен и успеав дури и да се здебелам на толку трчање :D.
 
Последно уредено:
Член од
24 февруари 2005
Мислења
242
Поени од реакции
50
Здраво на сите, вчера ја истрчав мојата прва трка во животот. Трката беше на Кеј организирана од AKKA Run Club и Кокан Ајановски и го освоив 54 место од 74 учесници или во проценти 72.97% Стартот беше во 8.30 а темературата беше -1. Истрчав со време 27,03 што не беше мое најдобро време но тоа беше зошто претходниот ден бев на скиање на Попова Шапка и зошто оваа година прв пат одам на скиање цел ден не направив ни мала пауза па ми се воспалија сите мускули а и голем замор имав.
Сепак интересен беше крајот, на финишот имаше еден дечко и една девојка се обидоа да ми го земат 54 место но тогаш почнав побрзо да трчам и двајцата не успееа во нивната намера односно дечкото што сакаше да ме престигне заврши една секунда позади мене ;) .
Впечатоците ми беа големи многу беше интресно и возбудливо, посебен впечаток ми остави што имаше околу 100-тина луѓе кои дошле да трчаат во недела толку рано на толку ладно, имаше некоја посебна енергија која може да се осети од следното ВИДЕО.
По завршувањето на трката напишав пост кај мене на ФБ и имав многу лајкови и коментари што значи дека на многу луѓе трчањево ги интересира.
Сепак сакам тука да ви се заблагодарам на сите што ми дадовте совети како да се спремам и како да тренирам. Некои од вашите постови ги препрочитувам од време на време за да се потсетам како да тренирам и како да се спремам.
Се гледаме на 26 март на Водно на трката од 10 к од Средно водно до Пантелемон и назад, се надевам дека ќе можам и таму да бидам барем 30% од позади а следната година да бидам барем на пола од учесниците.
 
Последно уредено:
Член од
24 февруари 2005
Мислења
242
Поени од реакции
50
Другари се префорсирав, еве веќе неколку дена не престануваат да ме болат медијалните припои на колената а и скочниот зглоб клој мислев дека е завршена работа ме боли ме кине. Во овие услови нема шанси да продолжам по програмата која ја замислив.
Не се откажувам ако некој помисли на тоа, но ептен во убав ритам влегов, веднаш по работа тррчав сега ќе морам некој друг ритам да внесам.
Но на крај на краиштата јас сватив колку е убав спортот и колку треба спортотр да се масовизира!
Нема предавање!
 
Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.859
Поени од реакции
54.389
Другари се префорсирав, еве веќе неколку дена не престануваат да ме болат медијалните припои на колената а и скочниот зглоб клој мислев дека е завршена работа ме боли ме кине. Во овие услови нема шанси да продолжам по програмата која ја замислив.
Не се откажувам ако некој помисли на тоа, но ептен во убав ритам влегов, веднаш по работа тррчав сега ќе морам некој друг ритам да внесам.
Но на крај на краиштата јас сватив колку е убав спортот и колку треба спортотр да се масовизира!
Нема предавање!
Ставај мраз после тренинг на колената и зглобовите, по 10-15 минути.
Јас практикував после тренинг, на крајот од туширањето со камен ладна вода да ги оладам нозете едно 2-3 минути.

Друга работа, не е лошо да си пиеш колаген 3 месеци односно 90 капсули CH Alpha. Малце се скапи ама вредат за парите. Јас исто го повредив коленото од форсирање со трчање и играње фудбал на бетон.
 
Член од
17 април 2007
Мислења
163
Поени од реакции
325
Јебата е што не треба да се иде на трки, особено па на 5К трка како почетник, зашто човек се залетува и гура над можностите.
Ако веќе се бира трка, подобро на полка да се иде отколку на 5К.
Голема глупост се ова тркиве на 5К на кеј, ќе се испокршат луѓево.

Треба да си баш фит за да спукаш 5К трка.

Мој совет намалете доживљај ... трчај лаганица, на никој не му е битно за колку си истрчал.
Ок е да се има некоја цел, као 5К испод 30 или 25 или 20, маратон испод 4ч и сл (секој со своите можности), но не може да се брза процесот ако сакаш да останеш неповреден.
 
Bas zatoa milion pati probuvav da mu kazam batali vremeto, ama ocigledno e "opsednat" samo sto zavrsi trkata toa mestov bev volku procenti onolku.
Druze kako sto pisa nekade si 40+ leta kasno ti e za da pocnes da brkas rezultati broj eden da stanuvas toa trebalo koga si bil 15-18 godini ne sega.
Sega si trcas za sebe samo i postavuvaj si nekoi ostvarlivi granici za tvoeto telo a ne ova mesto da sum ona da sum. Ama osekam deka i mojot a i na Boban postot ke se zaludni
 
Kajgana Shop

На врв Bottom