Еве ви неколку тренинзи по пливање кои можете да ги користите како бонус, еднаш или два пати неделно во базен
Гледам дека Најк клубон одат во Синерџи ама па според мене може и пристрасно, многу поголем ефект на аеробниот капацитет има да се оди на базен кога се може или па пливањето да се користи како recovery. Гледам и еден куп странски сајтови за трчање препорачуваат комбинација од овие два спорта.
Немам видео за овој тренинг а го пливам често, според мене е најлесен од сите што ќе ги постирам затоа што бара само константност во темпото.
Warm up
500 free
200 backstroke
Main set
1000 free
(ако имате пераи ставете)
Cooldown
100 free
Акцентот е ставен на слободниот стил и на одржување темпо низ целиот главен сет, оној километар. Не се напињајте да брзате, гледајте да нема варирање и пад на брзината и да се зема воздух на секој трет завеслај.
На видеава се па детално објаснети сите тренинзи:
Овој е полесен тренинг во мешано стил кој ги опфаќа сите четири стила:
FrIM значи мешан стил само пеперутка се заменува со слободен стил, се си е објаснето во видеата.
Ова е отров тренинг исто во мешано стил, почнете го само ако сте навистина фит и имате веќе какво такво пливачко искуство
(она drill не ви треба)
И за крај овој можеби е најкраток, се плива некаде за 45 минути ама најмногу го оптеретува кардиоваскуларниот систем. Изминатата недела го пливав со по 5 секунди пауза на интервалите и кога завршив (со 3 повторувања како што пишува) ми требаа 3 минути да ми се врати видот, се ми беше матно
тие 4х50 се пливаат најбрзо што можете ама и да обрнете внимание рацете и нозете да ви се координирани, нозете да работат цело време и да не го кратите завеслајот.
Обично во пливањето како спорт има 4 вида на тренинзи кои најчесто се комбинираат:
1. Темпо (првиот) кој најчесто го пливаат пливачи кои се бават со пливање маратони и тркине од 5 и 10 км на отворено;
2. IM - концентрирање на сите четири стила подеднакво, пливачи кои пливаат мешано и трки во барем два стила
3. Drill - тоа што реков да го избаците, дека не ви треба - концентрирање на стилот, градење навика како телото се однесува во вода, да не шантра лево десно и рацете да не одат една лево, друга десно како кај жаба
4. Sprint - тренинзи на кои ставаат акцент пливачине кои ги гледате на Олимпијада дека пливаат 50&100 метра, нешто слично на последното видео.
На видеата ќе видите некои фази како best average, threshold, итн., не се оптоварувајте со тоа.
Кој сака и после маратонот летово да си оди на пливање, нека си ја спушти MySwim Pro апликацијата од која се и видеава, ја има и за Android и за OS. Се плаќа ама има и бесплатни тренинзи, одредени програми за почетници, доста помага. И нормално аднете ме за пријател таму ако почнувате