Secret Movie Indie

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.673
Поени од реакции
35.352
Мене ми се падна
Portrait of a Lady on Fire

Типична феминистичко ЛГБТ квир драма (жени, жени и само жени). Сместена кон крајот на 18 век. Кажав и во клубот пред некој ден, ужасно ми пречи оваа пропаганда која се фура насилнички последниве години.
На филмов немаше да му фали ништо, доколку парот наместо лезбејки, би бил стрејт пар. Туку од една страна имаме ковчеста млада жена со машки црти, која добива задача да наслика венчален портрет и една плавуша аристрократка, која нити сака да се омажи, нити сака некој да ја наслика на платно. Започнуваат дружење кое ќе ги донесе во светот на заедничката страст. На сегменти патетичен, претенденциозен, на делови допадлив.
Ми се допадна спојот на уметноста, играњето со боите, четките и платното :love:
Има предобра фотографија, сценографија, кадрите со морето се чист хедонизам. Музичкиот дел како јаготка на шлагот. Точно и хируршки прецизно се доловува моментот во конзервативниот дел и делот каде што се губи духот на 18 век и се предава на страста, љубовта и „слободата“.
Убава замисла, еден вртлог од емоции, уметност, музика, љубов, фали само да не беа лезбејки :icon_mrgr:

На машкиот дел од публиката верувам дека нема да им пречи да гледаат 2 жени во кревет и изрази на љубов:icon_mrgr:
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
Епска сцена. Не е ни планирана оваа у сценарио, т.е планирана е ама не ваква со смеење и глупирање, едноставно не можеле да се сконцентрираат и после 450 обиди се откажале и ја остаиле ваква каква што е. :D
А во голем дел смеењето било пошто Дел Торо намерно прдел и тоа неколку пати. :D
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Зашто многу малку филмови се изгледани месецов, нова тема во февруари НЕМА ДА ИМА!

1. За членовите кои го немаат изгледано филмот од оваа тема, рокот се продолжува до крај на февруари.

2. Сите членови кои го имаат изгледано филмот од оваа тема, а имаат неизгледани филм или филмови од ланските теми, да си изберат еден од негледаните филмови и тоа ќе им биде филмот за февруари, а рецензијата може да ја напишат во соодветната тема.

3. Членовите коишто немаат учествувано на сите лански теми, а ги имаат изгледано сите филмови кои им биле доделени имаат право да се пријават доколку сакаат и да си изберат тема на која немаат учествувано и да им биде доделен филм. Може да се пријавите кај мене во порака за да не ја спамаме темава со офтопик. Ќе има лотарија и дедомразот ќе ви даде филм на темата што сте си ја избрале, за сите нејаснотии - инбокс.
Членовите што ги исполнуваат условите за оваа лотарија се:
@123456
@zmej gorjanin
@Miss.Independent
@мкд владе
@Dumbledore
@Menethil
@Manga
@Shawn Spencer
@Сите што сметаат дека се во оваа категорија и сааат да учествуваат, а не се тагнати да ми пишат порака

4. @grande-juve и @Џонтра Волта - Б О Г О В И! :cuc:
Имаат учествувано на сите теми и ги имаат изгледано сите филмови. Вие дечки многу неблагодарно и не по ваша вина нема да добиете филм месецов, но заради посветеноста во текот на целата измината година, ви подарувам по еден месец во годината да дадете тема по ваш избор. Можете било кој месец да си го изберете и кога сакате да ми ја пишете темата за месецот што сте го избрале.


Ви посакувам среќен месец на љубовта на сите, и сите да бидете заљубени колку што сум јас! :love:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.910
Поени од реакции
37.039
Јас го гледав мојот предлог во последен момент, синоќа, ама доцна беше за коментар, па еве сега. Го добив

Nightcrawler (2014)

1675237360938.png

Филмов го немав гледано од две причини: 1 - Џејк Гиленхал ми е во топ 5 омилени актери и имам гледано речиси се позначајно во кое има глумено (ова ми беше 23 филм со него). Човекот е ѕвер! Филмов го оставав за некогаш кога ќе ми фали да гледам филм со добра глума, зашто знам дека Џејк не изневерува. 2 - Годината кога излезе, Џејк ги собра скоро сите позначајни филмски награди за најдобар актер, а сепак за Оскар не беше ни номиниран. Обично секогаш ги гледам сите номинирани во актерските категории, па така Nightcrawler изостанал. Интересен филм, мора да признаам. Ако се гледа како критика за неморалното однесување на репортерите, телевизиите и воопшто на се поврзано со новинарската професија во Америка, е сосема ОК. Претпоставувам дека таква му била и намерата на режисерот (за кого, изненадувачки, ова е прв филм). Но ако се обидуваме да најдеме допадливост или да ги оправдаме постапките на главниот лик - манипулативен социопат - ова е крајно неморално, одвратно дело, кое може да го оправдаат само луѓе со психички нарушувања. Глумата на Џејк Гиленхал беше најдоброто нешто во цел филм! Човекот растури! Дефенитивно е еден од најдобрите актери на својата генерација. Многу беше creepy со таа насмевка, и добро е што не му направиле origin story на ликот, зашто така ќе добиеше поени за допадливост, ќе изгледаа неговите однесувања почовечки или барем ќе се обидевме да најдеме оправдување за неговите постапки во стил - еве кај лежел зајакот и каде е коренот на неговото однесување. Филмот е постојано напнат, од почеток до крај, но таа напнатост кулминира со моментот кога ја снимаат бркотницата низ Лос Анџелес. Знаев дека нешто лошо ќе се случи. И Риз Ахмет одлично си ја заврши работата, големо браво и за него. Обично не сакам филмови во мрак, а овој филм е целосно снимен ноќе, но темницата му дава особен печат, а и кинематографијата беше одлична, па така, овојпат немам замерки за мракот. Пак ќе речам: ова во моите очи беше своевидна сатира за американските медиуми, и како таков - nice watch, дури и повеќе од тоа. Никако не дозволувајте да падне во раце на вашите деца, ова не смее да го гледа малолетник! :) Од мене 8/10.

Немам поим кој би можело да биде мојот предложувач, со оглед на тоа што веројатно цел форум го има гледано филмов. Во секој случај - фала на предлогот, иако верувам, порано или подоцна ќе го гледав филмов, немаше да остане неизгледан.
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.057
Поени од реакции
6.715
Мене ми е изгледан, пред 16 дена. :D

Terminator

Обично повторувам филмови и тоа повеќе од еднаш, али на овој никако да му дојде редот, не ни ми бил логнат на Летер. До душа го имав гледано ко дете, не дека и се сеќавав многу многу, ама на некои сцени ми се враќаше меморијата. Кецот ми е солиден филм, али двојката е ЛЕГЕНДАРЕН.

Фала на предложувачот што ме натера да ги прегладам конечно, вајда деновиве ќе продолжам и со останатите делови.

The Terminator - 8
Terminator 2: Judgement Day - огромна 10
Автоматски споено мислење:

Иначе на темиве, не знам оти, али само еден филм ми е изгледан. Испаѓа ко ја да сум само пријавен за да добивам филмови :D
 
Последно уредено:
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.203
Поени од реакции
8.296
Зашто многу малку филмови се изгледани месецов, нова тема во февруари НЕМА ДА ИМА!

1. За членовите кои го немаат изгледано филмот од оваа тема, рокот се продолжува до крај на февруари.

2. Сите членови кои го имаат изгледано филмот од оваа тема, а имаат неизгледани филм или филмови од ланските теми, да си изберат еден од негледаните филмови и тоа ќе им биде филмот за февруари, а рецензијата може да ја напишат во соодветната тема.

3. Членовите коишто немаат учествувано на сите лански теми, а ги имаат изгледано сите филмови кои им биле доделени имаат право да се пријават доколку сакаат и да си изберат тема на која немаат учествувано и да им биде доделен филм. Може да се пријавите кај мене во порака за да не ја спамаме темава со офтопик. Ќе има лотарија и дедомразот ќе ви даде филм на темата што сте си ја избрале, за сите нејаснотии - инбокс.
Членовите што ги исполнуваат условите за оваа лотарија се:
@123456
@zmej gorjanin
@Miss.Independent
@мкд владе
@Dumbledore
@Menethil
@Manga
@Shawn Spencer
@Сите што сметаат дека се во оваа категорија и сааат да учествуваат, а не се тагнати да ми пишат порака

4. @grande-juve и @Џонтра Волта - Б О Г О В И! :cuc:
Имаат учествувано на сите теми и ги имаат изгледано сите филмови. Вие дечки многу неблагодарно и не по ваша вина нема да добиете филм месецов, но заради посветеноста во текот на целата измината година, ви подарувам по еден месец во годината да дадете тема по ваш избор. Можете било кој месец да си го изберете и кога сакате да ми ја пишете темата за месецот што сте го избрале.


Ви посакувам среќен месец на љубовта на сите, и сите да бидете заљубени колку што сум јас! :love:

Толку ?
Под реден број 4 нема да ги носиме боговиве во кафана ?
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.248
Поени од реакции
30.502
Се извинувам за доцнењето, но ете го изгледав мојот филм.

Се работи за инжињер по роботика, кој пробува да го изгради совршениот прототип со совршени перформанси со цел да може да ја аплоадира свеста на неговата покојна сопруга.
Филмот има доста омажи кон филмови кои се веќе добро познати по нивната сајберпанк тематика. На пример има сцена која е скоро целосно земена од Ghost in the Shell, прилично вкусно изработено.
Како што си е инди филмот се разбира поради лимитот со буџет нема да изгледа толку јако и тоа се приметува во моделите на роботите, но, го ценам тоа што се обиделе да креираат костимографија а не само компјутерска анимација како на пример во друг филм, Ex Machina.
Иако самиот филм почна споро, после првите 30 минути бев заинтересирана за приказната.
Најголемата забелешка што ја имам за филмот е тоа што на крајот премногу ми направи "Subverted Expectations" без никакви хинтови за таков пресврт низ целиот филм.
3.5/5
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.342
Поени од реакции
5.464
Го изгледав мојот предизвик пред една недела ама заборавив да напишам.

Night on Earth 1991

Имав огромни очекувања, сакам ваков тип на филмови со повеќе приказни без разлика дали се поврзани меѓу себе, ама ова беше катастрофа. Морав на етапи да го изгледам зошто ми беше толку досаден.

1. Првиот дел некако најдобар ми беше. Имаше хемија меѓу ликовите и го немаше тој глуп хумор како во другите делови. Ме возеа тие нивни small talks и замислата што треба да преставува тој дел беше океј, следи ги соновите, не биди инсфлуенсер ;). 6/10

2. Во вториот дел почнав да приметував дека иде накај глупости цел филм. Глуп хумор, можеби во тоа време било смешно или пак јас не сум од тие на кој му паѓаат смешни тие работи. Бил кловн, се викал Хелмет, па изводи глупости во кола, иста капа имаме, не не е иста, глупости. Rosie Perez ми го направи делов, со нејзиното fucking fucking, баш во New York style. 5/10



3. Глупости. Првин едни црнци го исмејуваат таксистот, по што он ги остава, за да па послем он да качи слепа девојка и да и поставува прашања со цел да ја исмеје ама искочи самиот глуп. Тука веќе заспав. 3/10

4. Роберто Бењини има некој очаен обид за хумор. Треска глупости едно 20мин, ни ја не го слушам, а ни попот што го возеше не го слушаше. На крај и му почина попот од глупите муабети. 1/10.

5. Тука веќе не ни пратев што се случуваше, сакав само да заврши. Еден го отпуштиле од работа, колата му ја уништиле, и уште нешто небитно. Тоа не било тажно, на таксистот му починало новороденчето. Океј тажно е , не мора во филм да ми пренесете вакви глупости. 3/10.

Средна оценка 3.6/10
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
Да се извинам прво дека ми требаше толку време да го гледам филмот и да искоментирам ама како и да е better late then never ;)

11:14 (2003)

Никогаш немав слушнато за филмов пред да го добијам. Баш инди филм, не трае ни саат и пол, малку актери, од кои само Хилари Свонк и Патрик Свејзи се ѕвезди во права смисла.

Неколку фатални несреќи се случуваат во исто време, во 11:14 навечер во мал радиус, што се вели во исто маало. Приказната е прикажана од пет различни перспективи, и како што очекував, сите настани излегуваат поврзани еден со друг и постапките на секој од ликовите има помал или поголем удел во несреќите што се случија. Искрено филмот ме потсети на еден стар виц кој беше составен во ист стил, за тројца мажи што без да се познаваат си ја предизвикале смртта еден на друг. Го имаа обработено и К-15 на времето. Иако звучи пресериозно, филмов има доста голема доза на црн хумор, па еве и на ИМДБ се води како комедија.

Мене ми остави сепак некој половичен впечаток. Позитивно е што беше главно забавен за гледање и секако идејата и концептот на приказната се интересни. Ама од друга страна има доста plot holes а и некако ми беше преисфорсирано тоа што на крај испадна дека баш сите ликови се знаат еден со друг. Да, финалниот плот твист беше интересен ама кога ќе размислиш подобро и не е баш логичен... Друго што ми пречеше е што приказната немаше целосен епилог во некои делови. Знам дека не било тоа поентата ама ете мене ме интересира да знам што ќе се случи потоа со некои од ликовите, барем да беше даден некој хинт на крајот...

Моја оцена: 6/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom