Secret Movie Indie

Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.462
Поени од реакции
3.601
Јас уште немам пишано за претходниот, ќе напишам деновиве, ама се пријавувам
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.342
Поени од реакции
5.464
+

Претохдниот симнат ми е, утре го гледам, да не се секира санта. ;)
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Паровите се испратени, кој нема добиено порака од мене до сега, примам поплаки во инбокс.

Предлозите да ми ги испратите најкасно до 15ти јануари (недела).
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Secretary

Со Маги Гиленхал и Џејмс Спејдер, едни од најнехаризматичните појави у Холивуд.

Оваа е нешто ментално пореметена, се повредува самата себе, искача од лудница и се вработува како секретарка у една адвокатска канцеларија кај Спејдер.
И овој е така малце забеган, оваа ужива да биде повредувана, па ќе се сплеткаат, садо мазо игри, оваа ќе се презаљуби у него иако ќе проба нешто навидум мирна врска со еден друг, па после ќе му се врати на овој. балбалбалблаблалбалбалбаласхјфухиугхаиухфа

Глупости живи, мразам вакви филмови, не знам како да ги објаснам. Мртви такви обични никакви.
Тапа атмосфера, полузатемнета, језиво глупо.

Не ја ни сфатив поентата на филмов. Нема ни потреба да се гледа. Мех.
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.386
Поени од реакции
3.400
Trainspotting 1996

Филмов досега го немам гледано иако трејлерот ми е прегледен два три пати .
Ми се допадна иако мислам дека ќе повратев на сцената со бебето и вецето.

Темите се универзални. Пријателство, семејство, очај, насилство, лицемерие и која е смислата на животот.
Брутален и трагичен филм од друга страна и смешен. Многу реално ги опфаќа огромните високи и сурови падови на зависноста што ги доживува друштвото. Приказна за хероинот кој е подобар од просечното живеење.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.910
Поени од реакции
37.039
Trainspotting 1996

Филмов досега го немам гледано иако трејлерот ми е прегледен два три пати .
Ми се допадна иако мислам дека ќе повратев на сцената со бебето и вецето.

Темите се универзални. Пријателство, семејство, очај, насилство, лицемерие и која е смислата на животот.
Брутален и трагичен филм од друга страна и смешен. Многу реално ги опфаќа огромните високи и сурови падови на зависноста што ги доживува друштвото. Приказна за хероинот кој е подобар од просечното живеење.
Choose life!

Нам името на Moviespotting ни е омаж на тој филм, а ти не си го гледала? Немој да ми кажеш и Fight Club дека не ти е гледан. Ако не - итно! ;)
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.386
Поени од реакции
3.400
Choose life!

Нам името на Moviespotting ни е омаж на тој филм, а ти не си го гледала? Немој да ми кажеш и Fight Club дека не ти е гледан. Ако не - итно! ;)
Не знам стварно како ми промакнал а не е дека не знаев дека постои филмот :D
Fight Club гледан ми е :love:
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.162
Поени од реакции
23.656

Odma da si kazam deka ne postovam jazz, bukvalno mozocnite viugi mi se ispravija duri go dogledav filmot. Ali kako velat, ko ke se fatis na oro, oroto do kraj se igra, pa vaka taka go dogledav. Bilo kako bilo toa ne bese presudno za moeto mislenje za filmot. Ednostavno ne mi bese prijaten za gledanje. Deckoto aroganten do mesecina i nazad, mislis za nekoja misija na NASA se naseluvanje tamu nekoja mesecina na Jupiter se raboti a ne za tapanar vo nekoj orkestar ili kade i da e. Tapanar be. Pogolema arogancija od nego ima samo toj profesorot pa site mu kjutat i mu se plasat oti faktor golem. I pak za so, za orkestar tamu nekoj. Bog da cuva kolku se zaminati ljugeto.
Bilo kako bilo, proveriv niz netot ona recenzii, mislenja, cisto onaka da vidam do kade sum so generalnoto mislenje na opstata populacija, kolku sum bliski ili daleku. Ni oddaleku ne sme bile blisku. Mi e gajle, sepak svoeto mislenje si go cenam povekje od tugjoto pa makar bilo i gresno. Ocenka onaa klasicna ne davam, ali dovolno e da se kazi deka ako slucajno go nacekam na nekoja programa da se emituva, ednostavno odma ke prefrlam na nesto drugo , nema ni da se obidam da mu dadam vtora sansa i toa e se so treba da se znae okolu ocenkata so ogled na toa deka nekoi filmovi gi imam gledano neznam kolku pati i najverojatno pak bi gi gledal, pa ako saka neznam kolku nagradi ovoj da ima osvoeno.
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.484
Поени од реакции
7.307
Following (1998)

Одма да речам браво за предлогов, ем класични инди вибрации ем квалитетен.

Се работи за џаболебар кој осаменоста и досадата ја брка со следење луѓе кои му делуваат интересно, арно ама меѓу нив е еден што ќе предизвика заплет во приказната.
Ми се свиѓаше како нелинеарно се одвиваше дејствието. Не дека е уникатно ама во некои филмови не успева.. тука Нолан во дебитантскиот негов филм удира хоумран.
"Мало" трилерче ама со големи амбиции, ми се свиѓаа твистовите, двајцата главни ликови со нивните дијалози ме потсетуваа малку на Хичкок што е секогаш плус. Саундтракот исто е прилично добар.

8че од мене и поздрав до предложувачот.

И мала паралела со Инсепшн кој го репризирав на почеток на годинава после долго време. Ликот Коб од Фолоуинг очигледно е инспирација за Коб од Инсепшн,
го имаат истиот талент за засадување идеи :).
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
The usual suspects

Уште еден филмски класик за мене. Никогаш не сум помислил дека е инди филм, а е снимен со само 6 милиони долари буџет и одлична актерска екипа. Не ме импресионираше ко првиот пат кога го гледав пред едно 25 - 26 години и некако кратко ми траеше во споредба со LA Confidential да речеме. Ама е добар филм, со добра и оригинална приказна и добар плот твист. Одлична глума и реплики кажани типично за филм од 90 ти, со секој втор збор пцовка и секој кадар со цигара у уста кај ликовите. Кевин Спејси беше посебно одличен, јес да најмалку партиципира во култната лајнап сцена кај што Бенисио Дел Торо ги изговара легендарните give me the keys you cocksucker wtf на неразбирлив англиски. Глупо е да ја зборам приказната за еден филмски класик, ако случајно не сте го гледале, глејте го.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
јес да најмалку партиципира во култната лајнап сцена кај што Бенисио Дел Торо ги изговара легендарните give me the keys you cocksucker wtf на неразбирлив англиски
Епска сцена. Не е ни планирана оваа у сценарио, т.е планирана е ама не ваква со смеење и глупирање, едноставно не можеле да се сконцентрираат и после 450 обиди се откажале и ја остаиле ваква каква што е. :D
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.203
Поени од реакции
8.296
Јас го добив Ex Machina претпоставувам од corvus е филмов,фала ти сонце за предлогов.

Овој муфлусов го доби тоа што го буташе секаде носето, добра завршница имаше, ја обожавам оваа Викандер 4/5 од мене
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom