FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
А Christmas Carol
Црно-бел, ама добро, одамна е филмот. Јас не сум ја читала приказната на Чарлс Дикенс, па содржината не ми беше позната. Стварно премногу пати кажуваат Merry Christmas, и можеби тоа е атмосферата.
А духовите, минато, сегашност и иднина, пренесуваат поучни пораки до богатиот а скржав гувернер, па волшебно се смени на денот на Божиќ.
6/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.992
Поени од реакции
37.274
Јас не сум ја читала приказната на Чарлс Дикенс
И јас не сум ја читал книгата, ама од вкупно 145 филмски адаптации на истата имам гледано дури 8. Овој ќе ми биде деветти Carol. :P
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.992
Поени од реакции
37.274
Има змијата нозе? Не знаеме, ги крие. Има @grande-juve роденден? Исто - не знаеме. Среќа видов торта на story, што веројатно не е задоцнет подарок, а? Како и да е, и да е забаено - да не е забораено: среќен роденден @grande-juve , најсреќен да си. Само убавини ти посакувам! И уште милиони филмови! :love:
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562
A Christmas Carol (1938)

Можеби една од најекранизираните книги воопшто е токму „Божиќната песна“, не толку заради филмичноста на делото, туку заради тематиката. Исто како што божиќните песни се највртени.
Филмот не губи време и веднаш не запознава со сите ликови и нивните карактери и односи. Без многу вртење наоколу започнуваат и посетите на божиќните духови, кои на стариот скржавец му ја прикажуваат убавината на неговиот живот, како и влијанието на неговото (не)постапување врз животите не неговите блиски. Нема да е Божиќ ако тоа не е влијае врз него и веќе следниот ден започнува да ја спроведува божиќната идеја безусловно да се помага на тие што им е потребна помош и да се биде подобар човек.
Сосема солидна продукција, ме изненадија тие воздушните кадри од летањето, не знам дали е тоа вообичаено за времето кога е снимен филмов или е отстапка. Филмот е гледлив и после осум децении, секако дека тука помага и времетраењето. Не можам да кажам дека ми разбуди некои празнични чувства.

7/10

a-christmas-carol.jpg

Среќна Нова Година на сите, многу здравје и добри филмови.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.992
Поени од реакции
37.274
163. A Christmas Carol (1938)

1672143309285.png

Како што реков погоре, ова е мојот деветти Christmas Carol и воедно еден од најдобрите. Кај нас е малку позната новелата на Чарлс Дикенс, освен по адаптациите кои секој Божиќ се незаобиколен дел на програмите на нашите телевизии (всушност, така сум ги гледал и повеќето од филмовите, инаку никогаш не би ми текнало да го пуштам на пример овој ужас: Christmas Carol: The Movie (2001)). Но верувам дека тоа ќе се смени, зашто БРО во 2019 ја направи „Божиќна песна“ (како што е преведена новелата на македонски), една од изборните лектири за 6 одделение, па мислам дека идните генерации ќе бидат позапознаени со истата од нас. Од филмовите кои сум ги гледал, веројатно најпознат е A Christmas Carol (2009) на Роберт Земекис, со Џим Кери како гласот на Скруџ, кој и најмногу луѓе од тука го имаат гледано, но мене тој не ми се допадна многу, зашто наместо да се фокусира на пренесувањето на божиќната атмосфера, повеќе личеше ко goofy комедија vs. borderline horror. Потоа верувам дека некои од тука се сеќаваат и на мјузиклот Scrooge (1970) кој го гледавме како дел од 5X предизвикот пред некоја година, кој беше ОК, но за нијанса полош од овој. Најдобрите 3 Carol-и кои сум ги гледал и кои доколку сакате да изгледате уште некоја верзија на приказната би ви ги препорачал се:

3. Mickey’s Christmas Carol (1983) - Класикот на Дизни со Мики Маус и Пајо Паторот како Скруџ, доколку сакате малку позабавна верзија,
2. A Christmas Carol (1971) - Уште еден класик, stop-motion анимиран филм кој беше најчесто прикажуван на телевизија кај нас додека растевме, и кој бил инспирација на Земекис за неговата верзија,
и дефинитивно најдобриот:
1. The Man Who Invented Christmas (2017) - со неверојатниот Ден Стивенс, биопик за самиот Чарлс Дикенс и како ја напишал новелата Christmas Carol, од каде ја добил инспирацијата и за раѓањето на култот кон божиќните духови кој гледаме трае и денес. Ако не сте го гледале, ова е a must watch за празниците!

Е сега, за сите што гледале се ова и за тие што сакаат нешто поново, неодамна Netfix извади своја адаптација на делото: Scrooge: A Christmas Carol (2022), анимиран филм во кој гласовите ги позајмуваат Лук Еванс, Џеси Бакли и Оливија Колман. Мене ми беше во план тој да го гледам сезонава, зашто последниве години ми прерасна во традиција секоја година да гледам по една адаптација или да репризирам некоја која по стоти пат сум ја гледал на ТВ, но еве, @Dumbledore не изненади со својот предлог и му благодарам за тоа, зашто не верувам дека инаку ќе гледав адаптација од 1938, при постоење на преку 140 други. Јас искрено уживав во предлогот. Не ми се допадна многу Скруџ, зашто требаше да е малце посуров од тоа што беше прикажан тука, и не ми се допадна многу семејството на tiny Tim, зашто требаше да е малку помизерно од тоа тука. Но генерално ми пренесе позитивен вајб, дефинитивно го носи божиќниот дух во себе и уште еднаш потсетува дека треба да споделуваме со другите, во тоа е и смислата на празнувањето на Божиќ.

Ви посакувам среќна Нова година, среќен Божиќ, среќни празници на сите! Имајте прекрасна сезона со исполнети срца со љубов. Ве сака @Zlatikevichius

8/10 за филмот
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.484
Поени од реакции
7.307
A Christmas Carol (1938)

Ако добро приметив мене ми е 7ми Крисмс Керол ова. Сѐ е познато и кажано околу приказната и поентата, која можеби делува наивна ама е преубава и никогаш не престанува да ми буди емоции.
Конкретно во оваа верзија ми се погоди Скруџ и како беше одглумен, убаво беше снимен, краток и јасен, 8че од мене и среќни празници на сите.
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
1.506
Поени од реакции
990
Убаф Филм Старски walt disney mickey mouse vibe пре би некој цртан да гледам сепак традицијата продолзува со години така треба да е или нетреба неебитно ,8/10 воедно Споследен филм за ова гоодина Среќна Нова На Сите се Најубо во новата 2023,Поз
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.992
Поени од реакции
37.274
@Corvus , @Комита Ултрас , @Darklady , @Варвара , @wot - утре е последен ден за A Christmas Carol, а прв ден од Новата 2023. Легендата вели дека ако годината започне со Carol, ќе биде убава!

@devilko , @Setsuko , @Gazpapir , @Anon , @Erich Zann , @__Vita____ , @Shutmanga , @ob1 , @Васил МКД , @Leo Bonnie , @Tyler Durden , @bobipp , @SK-92 , @Imperatorot , @Shawn Spencer , @DaedaIus , @Хефест , @santelli , @џимеј , @Хоуп , @ManUtdChampions , @ElNinho и @dragonsky - еве убава можност и за ваше враќање во Клубот. На први први, со убаво, Божиќно филмче!
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Легендата вели дека ако годината започне со Carol, ќе биде убава!
Злате тоа е фантастично меѓутоа јас веќе ја испратив 2022ра и ја дочекав 2023та со Before Sunrise. Се надевам не ја сфаќате мојата неактивност лично, ве запоставувам во име на најсветото нешто што постои во Универзумот. Ќе издржите без вашата омилена форумџика уште 3 недели па ви се враќам со полна пареа :pipi:

Кога сум веќе тука, ќе искористам прилика на сите клубаџии да ви посакам најсреќна нова година, да имате среќа, здравје, радости и љубов секој ден во 2023та, да газите јако напред и да имате само убавини! :love:

Ве сака вашата Корвус, и што би рекол еден наш драг форумџија, чувајте се <3
 
Член од
2 март 2022
Мислења
97
Поени од реакции
457
Sunrise, sunset... Swiftly fly the years
One season following another, laiden with happiness and tears

Мене ми падна честа да предложам прв филм за новата 2023 година. Прво да ви честитам на сите Среќна Нова Година, да ве следи успех годинава на личен и професионален план.

После некое време размислување се решив да го предложам следниот филм, прво поради тоа што е ремек дело (според мене), две третини филмот е вистинска бајка и е навистина feel good, втората причина е тоа што наближува оскаровска сезона, па овој филм имал голем број на номинации, вклучувајќи го и Best Picture.

Lord who made the lion and the lamb,
You decreed I should be what I am.
Would it spoil some vast eternal plan
If I were a wealthy man?

tevye-dancing.gif

Станува збор за Fiddler on the Roof (1971)
https://letterboxd.com/film/fiddler-on-the-roof/

Се надевам дека наредниве две недели ќе уживате во него за време на празниците, може да се гледа и фамилијарно. Но во случај и да не уживате, добредојдени се вашите коментари и впечатоци. Не замерувам и ако одлучите и да го скокнете поради неговата должина и фактот што е musical. Но знам дека неколкумина сигурно ќе уживаат во него.

P.S. Не би ве советувал да го гледате под зголемено дејство на алкохол, и доколку заспиете на пола филм, подобро не го догледувајте. :D
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.992
Поени од реакции
37.274
A Christmas Carol (1938) го гледаа десетмина, што е речиси двојно повеќе од минатиот филм, и му дадоа средна оценка 7,1. Го испуштија:

@Комита Ултрас , @Варвара и @wot (на сите втор неизгледан, жолт картон)
@Corvus (трет неизгледан, црвен картон).

За почеток на годината, уште еднаш ги повикувам: @devilko , @Setsuko , @Gazpapir , @Anon , @Erich Zann , @__Vita____ , @Shutmanga , @ob1 , @Васил МКД , @Leo Bonnie , @Tyler Durden , @bobipp , @SK-92 , @Imperatorot , @Shawn Spencer , @DaedaIus , @Хефест , @santelli , @џимеј , @Хоуп , @ManUtdChampions , @ElNinho и @dragonsky да ни се вратат во Клубот. Нова година - нови почетоци! Ветуваме одлична забава!

А првиот филм за 2023, или 164 вкупно во Клубот, е предлогот на @The Cooler King , Fiddler on the Roof.

164. Fiddler on the Roof (1971)

1672683584068.png

To Life!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom