Miss.Independent
Me,Myself & I
- Член од
- 26 јуни 2013
- Мислења
- 1.386
- Поени од реакции
- 3.400
Избегнувам филмови со деца и вакви осетливи тематики ама го изгледав успешно до крај.
Една година работев со деца имаше вакви/слични ситуации и групна терапија на цел клас е навистина потребна и е ефективна пред се. Не само за децата туку и за наставниот кадар.
Трејлерот не го ни изгледав само го вклучив филмот без никакви очекувања. Како течеа сцените мислев децава ќе почнат нешто да се допираат да експериментираат затоа што делот со спиењето постојано заедно некако ми алудираше натака ама сум промашила целосно.
Филмов ми ја отсликува денешнава реалност меѓу децава. Нема училиште кај што не се случуваат вакви работи, нема дете што не е кршливо ама има деца што не знаат да покажат, да разговараат туку се затвораат и завршува фатално. Во најмала рака пројавуваат анксиозност и депресија на години во кои не разбираат за што точно станува збор ниту пак можат да разговараат дома што е уште потрагично.
Се стопив.Го стопирав филмов кога се качи мајката на Лео во автобус јер знаев што следи. Си земав една минута па се вратив.
За Реми ненадејната одлука на Лео да се отргне од него е исто како мајка му да му рече јас се селам од утре не се гледаме. Начинот на кој тој се чуствува отфрлен не може да се објасни. Јас би се осеќала ко парче месо некој да ми откине и да ми рече добра си ајде терај даље. Од друга страна Лео, важно му е мислењето на другите и нивното социјално прифаќање.
Премногу детски, премногу наивно што е сфатливо за деца од 13 години.
Јас филмов би го сумирала како лекција за едно големо преживување и исцелување што секој го имал порано или подоцна на овој или оној начин. Тоа го споредувам со сцената кога му го вадат гипсот и го прашуваат дали при движење се уште боли. Исцелувањето боли како скршената коска а може и повеќе. Треба време а треба и сила а се тоа е бавно и болно патување кое на крајот ќе те обликува во сосема поинаква личност како резултат на тагата и вината.
9/10