Secret Movie Santa 2.0

Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Го гледав Трол скоро, ако сакаш да ти го раскажам, па божем си го гледал и ти. :D :D :D
Абе ќе го пуштам ќе го гледам, само не е тоа поентата.
Ме трола цел форум. :D

Ниеден добар филм не добив од темиве, а сум еден од најактивните.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Ах, можда добрите филмови што биле предложени си ги изгледал веќе. Ете зошто не чини Летербокс некогаш :D
Абе кој и да е, не може да ми предложува ваков филм.
Какви епски класици немам гладено, ова ми го даваат.

Ме тролаат од почетокот на темиве, осеќам. :D

Aма не се предавам, јак е Џонтра, мадафакер е за филмови, ќе ве издржи сите!!!!!!!!!!!!!
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Абе кој и да е, не може да ми предложува ваков филм.
Какви епски класици немам гладено, ова ми го даваат.

Ме тролаат од почетокот на темиве, осеќам. :D

Aма не се предавам, јак е Џонтра, мадафакер е за филмови, ќе ве издржи сите!!!!!!!!!!!!!
Зарем мислиш дека ќе дозволам да те тролаат гомно едно неблагодарно?
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Зарем мислиш дека ќе дозволам да те тролаат гомно едно неблагодарно?
Нејќам да верувам дека ти ми го заби ножот у грб!!! Не не не ненене не не.
ООООООООООООООООООООООООООО НЕЕЕЕЕЕЕЕ
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Me on my way да ви ебам матер на сите што ја злоупотребувате слободата и флексибилноста што ви ја давам во темава:


Од јануари да знаете друга песна ќе се пее.
 
Член од
29 ноември 2014
Мислења
1.014
Поени од реакции
4.074
October Sky (1999)

Филм со Џејк Џиленхол, топ 3 мои омилени актери, но за жал, тешко дека на филмов ќе му дојдеше редот набрзо за гледање да не беше челенџов.
Летербокс вика дека му имам гледано 31 % од филмовите, или 19 од 60. Океј. Нот грејт, нот терибл.


Се работи за Хомер Хикам, млад тинејџер инспириран од Спутник сателитот, решава да направи и лансира ракета заедно со уште тројца свои другари.

Дејството се одвива во мало рударско градче во Западна Вирџинија по име Coalwood, каде единствениот извор на приходи е работа во рудникот и таму работат скоро сите мажи. Судбината на секое дете/секој тинејџер му е предодредена и 99,9 % од децата завршуваат како нивните татковци, каде што ги чека дишење прашина и јаглен до крајот на својот живот, која евентуално на крај би се завршила со пнеумокониоза...
Или што би рекол Bruce Springsteen: "They bring you up to do, Like your daddy done."

Бегството од ова градче и промена на животната средина е скоро невозможна, единствен излез на младите тинејџери им е преку стипендија од локалниот рагби тим или баш како во случајот со нашите херои. Иако шансите им беа еден спрема милион, иако многумина би се откажале на нивно место, ова не важи за Хомер Хикам и тројцата други херои.
Соочени со притисоци од сите страни, без никакви ресурси, без подршка од родителите, посебно од таткото на Хомер Хикам, кој беше главниот противник на своето дете и не му дозволуваше макар да проба да си ги оствари соништата, за наша среќа на крајот приказната се завршува со хепи енд.

Поучна и мотивирачка приказна, која ни покажува јасно дека никогаш не треба да се откажеме дури и кога сите шанси се против нас. Нормално филмот беше зачинет малку со холивудско претерување ама ништо претерано, океј беше.

Ми се свиѓаше режијата, музиката беше исто предобра, Џејк Џиленхол искина буквално, би рекол дека ова ми е втора омилена улога после Nightcrawler, уз дожно поштовање за Donnie Darko.
Одлична рола и од Chris Cooper - таткото на Хомер Хикам, а одлична рола и од Miss Riley (Laura Dern) - професорката на Хомер, на сите нас во животот ни треба една Miss Riley...


Одлично филмче, одлична вожња, летнаа буквално скоро два часа од неделната вечер, во еден здив се гледа филмот. Големо благодарам до предложувачот, кој и да е.

8/10
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.910
Поени од реакции
37.039
How the Grinch Stole Christmas (2000)

1671651386430.png


Мојот Дедо Мраз ми го даде Гринч. :D Со Џим Кери. Не знам зошто не ми беше гледан филмов, поим немам и кој ми е Дедо Мразот. Приказната веќе позната, но филмот за нијанса ми беше дури и послаб од анимираниот од 2018. Џим Кери не беше смешен како Гринч, иако премногу се трудеше, а целиот сетинг ми беше до таа мера хаотичен што дури ми ствараше нервоза. Инаку приказната е навистина убава, една од најубавите Божиќни, шири позитива, го носи божиќниот дух со себе... Па сепак фала на мојот Дедо Мраз. Овие стихови ми беа многу позитивни:

It came without ribbons. It came without tags. It came without packages, boxes, or bags. And he puzzled and puzzled til his puzzler was sore. Then the Grinch thought of something he hadn't before. Maybe Christmas, he thought, doesn't come from a store. Maybe Christmas... perhaps... means a little bit more.

Среќни празници на сите! Хо, хо, хо!
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.917
Поени од реакции
25.320
Абе ќе го пуштам ќе го гледам, само не е тоа поентата.
Ме трола цел форум. :D

Ниеден добар филм не добив од темиве, а сум еден од најактивните.
Може бијонс ти е сикрет Санта.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom