Secret Movie Santa 2.0

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
It's the most wonderful time of the year!




А ние се враќаме на почетоците.
Декември е магичен месец, и ние ќе се погрижиме да ја рашириме магијата и во ова симпатично катче што го нарекуваме Филм и Тв. Темата е идентична со онаа со која што стартувавме. Даваме поклонче во форма на филмска честитка по слободен избор и ја шириме радоста.

Одиме набрзина со правилата и роковите:

Правилата:

На секој член (Дедо Мраз) што учествува ќе му се додели друг член (Дете Мраз) на кој што ќе треба да му даде некаков персонализиран предлог за филм.

Откако ќе го изгледа филмот, Дете Мраз ќе напише збор-два во темава дали му се допаднал и кои му се впечатоците од предлогот.




Тајмтејбл:

11.12.

Сите заинтересирани членови се пријавуваат во темава до 11ти декември.

12.12.
На 12ти декември со помош на генератор се избираат дедомразовците и истиот ден се известуваат кој ќе биде нивниот детемраз.

18.12.
Дедомразовците имаат рок до 18ти декември нивниот предлог-филм да го испратат во мојот инбокс, кој потоа експресно ќе биде препратен кај соодветниот детемраз, доколку сакате може да оставите и некој коментар/порака до вашето детемраз зошто баш тој филм сте го избрале.

*Мојот филм ако сакате може да го пратите кај @grande-juve за да останете анонимни.

08.01.
На 8ми јануари сите треба да го имаат изгледано филмот и да имаат напишано впечатоци за предлогот во темава. Откривањето на дедомразот е по лично убедување, и никој предложувач нема да биде откриен доколку самиот не одлучи да го направи тоа.

*Го оставив рокот до 8ми за да оваа тема ги фати и божиќните празници меѓу другото, но и за да има повеќе време за гледање на предлозите, сепак се нема многу време во доцен декември. Доколку членството одлучи овој проект да продолжи, јануарска тема ќе си почне на 1ви јануари регуларно со тоа што двете теми ќе се поклопат во извесна временска рамка, и бонус правило што ќе важи исклучиво за јануарската тема е: членовите немаат право на учество на јануарската тема се додека не го изгледаат декемврискиот предлог.


Sprinkle the joy!
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.713
Поени од реакции
33.356
@Corvus , било каков филм може, или мора да е Christmas themed? Ако е првото, I'm out од истите причини како и минатиот предизвик: премногу неизгледани филмови и од Клубот и од Филмовизијата, и од предизвициве, па да фатам чекор. Ако е второто - I'm in, because it is the most wonderful time of the year! :love:
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
Искрено, не беше идејата да е Christmas themed, пошо пишав во воведот дека е идентична темава со оригиналната тема од лани, а таа не беше Christmas themed.

Ако сакаш направи анкета па ќе гласаме. Јас во секој случај ќе дадам Christmas movie па мене исто ми се фаќа.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.713
Поени од реакции
33.356
Искрено, не беше идејата да е Christmas themed, пошо пишав во воведот дека е идентична темава со оригиналната тема од лани, а таа не беше Christmas themed.

Ако сакаш направи анкета па ќе гласаме. Јас во секој случај ќе дадам Christmas movie па мене исто ми се фаќа.
OK, тогаш I'm in само ако предложуваачот ми предложи Christmas themed movie. Инаку не му гарантирам дека ќе го гледам. :P
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.598
Поени од реакции
18.018
И јас се пријавувам, само ако не се ограничуваме на крисмас. Лани беше по слободен избор и ОК беше.
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.476
Поени од реакции
7.283
Ја па бев убеден дека лани беше со божиќна тема... Толку памтам... Ама кој и да ми се падне веројатно божиќен ќе му дадам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom