October Sky (1999)
Филм со Џејк Џиленхол, топ 3 мои омилени актери, но за жал, тешко дека на филмов ќе му дојдеше редот набрзо за гледање да не беше челенџов.
Летербокс вика дека му имам гледано 31 % од филмовите, или 19 од 60. Океј. Нот грејт, нот терибл.
Се работи за Хомер Хикам, млад тинејџер инспириран од Спутник сателитот, решава да направи и лансира ракета заедно со уште тројца свои другари.
Дејството се одвива во мало рударско градче во Западна Вирџинија по име Coalwood, каде единствениот извор на приходи е работа во рудникот и таму работат скоро сите мажи. Судбината на секое дете/секој тинејџер му е предодредена и 99,9 % од децата завршуваат како нивните татковци, каде што ги чека дишење прашина и јаглен до крајот на својот живот, која евентуално на крај би се завршила со пнеумокониоза...
Или што би рекол Bruce Springsteen: "They bring you up to do, Like your daddy done."
Бегството од ова градче и промена на животната средина е скоро невозможна, единствен излез на младите тинејџери им е преку стипендија од локалниот рагби тим или баш како во случајот со нашите херои. Иако шансите им беа еден спрема милион, иако многумина би се откажале на нивно место, ова не важи за Хомер Хикам и тројцата други херои.
Соочени со притисоци од сите страни, без никакви ресурси, без подршка од родителите, посебно од таткото на Хомер Хикам, кој беше главниот противник на своето дете и не му дозволуваше макар да проба да си ги оствари соништата, за наша среќа на крајот приказната се завршува со хепи енд.
Поучна и мотивирачка приказна, која ни покажува јасно дека никогаш не треба да се откажеме дури и кога сите шанси се против нас. Нормално филмот беше зачинет малку со холивудско претерување ама ништо претерано, океј беше.
Ми се свиѓаше режијата, музиката беше исто предобра, Џејк Џиленхол искина буквално, би рекол дека ова ми е втора омилена улога после Nightcrawler, уз дожно поштовање за Donnie Darko.
Одлична рола и од Chris Cooper - таткото на Хомер Хикам, а одлична рола и од Miss Riley (Laura Dern) - професорката на Хомер, на сите нас во животот ни треба една Miss Riley...
Одлично филмче, одлична вожња, летнаа буквално скоро два часа од неделната вечер, во еден здив се гледа филмот. Големо благодарам до предложувачот, кој и да е.
8/10