God's Crooked Lines
Филмов е единствениот што го имам гледано два пати по ред. Единствен филм кој после завршувањето сум го пуштил пак од почеток да го гледам и сум го изгледал до крај. Пет саати ги убив. Алал нека им е.
Сепак, на крајот одлучувам дека Алисија е онаму каде припаѓа, односно во психијатриска болница.
Писмото на почетокот (знам, ќе кажете може она го пишала за да го истражува наводното убиство) е добар вовед за цел филм.
Во писмото е напишан нејзиниот карактер: "Супер интелигентна личност која ќе ве измами со своите лаги. Нормално за неа е да има оправдание за секоја постапка, дури и да е лага за која е многу вешта. Па дури и ако се спротиставува на се што кажала претходно, (или како и да беше формулирана таа реченица) Има оправдување за се, зашто лажела претходно и дека сега ја кажува вистината.
НЕ ЈА ПОТЦЕНУВАЈТЕ. Нејзината интелигенција е таква што наивните луѓе се лесно измамени дури и неискусните психијатри."
И во филмот гледаме дека помалку искусните психијатри се на нејзина страна а оној најискусниот е единствен кој не и верува.
До душа во еден дел од филмот и оној со бркчињата не и веруваше ама на крај застана на нејзина страна.
На почетокот он го чита тоа писмо во која се опишува нејзиниот карактер и баш тој другиот болничар му вика "Ех, неискусни психајтри, среќа не си ти тоа!"
Имам уште многу да кажам ама ова е филм кој треба да се разбистри уз муабет лице в лице. Овде да земам да пишувам нема да се разбереме на ист начин. Ништо, ќе ја терам жена ми да го гледа па со неа ќе си го дискутирам. Сигурен сум она ќе и верува на Алисија.