DUNE: PART TWO (2024) - Тема за тие што гo гледале филмот! (SPOILERS!)

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.297
Поени од реакции
57.699
Темата е отворена за слободна дискусија за актуелни филмови (строго оние кои се наведени во насловот) без употреба на спојлери, т.е. прикривање на содржината.

Темата е за оние кои го изгледале филмот и сакаат слободно да дискутираат за истиот. Сите останати треба да знаат веднаш дека ќе прочитаат повеќе отколку што треба а ќе си бидат виновни самите.

Забрането е пишување текстови и спојлери за филм кој не е наведен во насловот. Тоа ќе се свати како намерно расипување на филмот за останатите членови и ќе се санкционира најстрого.

Актуелен филм е INTO THE WILD (2007). Кога ќе се исцрпи дискусијата, ќе биде сменет насловот на темата со нов филм.

Мислам дека се е јасно.

Едитирано од @Zlatikevichius (14.12.2022). До сега дискутирани филмови:
1. Into the wild
2. 127 hours
3. Fight Club
4. 2001: A Space Odyssey
5. Mulholland Drive
6. Donnie Darko
7. Eyes Wide Shut
8. Rubber
9. K-Pax
10. The Man From Earth
11. American Psycho
12. V For Vendetta
13. The Truman Show
14. Lost Highway
15. Seven
16. The Tree of life
17. Primer
18. Melancholia
19. Dogville
20. High Fidelity
21. Falling Down
22. A Clockwork Orange
23. Barton Fink
24. Silver Linings Playbook
25. The Words
26. The Place Beyond the Pines
27. Gravity
28. Twelve Years Slav
29. Noah
30. Interstellar
31. Boyhood
32. Whiplash
33. Love
34. Arrival
35. mother!
36. Killing of a Sacred Deer
37. Three Billboards Outside Ebbing, Missouri
38. Annihilation
39. A Star is Born
40. Once Upon a Time... in Hollywood
41. Tenet
42. Dune (2021)
43. The Power of the Dog
44. Don't Look Up
45. You Won't be Alone
46. God's Crooked Lines
47. Dune: Part Two
 
I

Intex

Гостин
Да ги преместиш мислењата од генералната, м?
Сте пишале на големо гледам, ќе израмниме сметки утре.:pos:

Едит: од 2007-ма е Into the wild.:smir:
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.297
Поени од реакции
57.699
Да ги преместиш мислењата од генералната, м?
Сте пишале на големо гледам, ќе израмниме сметки утре.:pos:

Едит: од 2007-ма е Into the wild.:smir:
Не можам, со спојлери се тие а ако ги преместам ќе дојдат над првиот пост. Утре одново. Тоа викав пред малку: со спојлериве е како да се тепаме со ракавици. Сега ќе биде вистински Fight Club! :)
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Е ова ќе биде интересно! Нека почнат игрите!

Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.554
Поени од реакции
17.925
Into the Wild (2007)
Прегледај го приврзокот 39164

Две страни се борат во мене околу овој филм, ѓоа Едвард Нортон во primal Fear, Рој или Арон, Арон или Рој, го менувам моето мислење секоја минута околу тоа, на кој начин да го гледам овој филм, зошто едното гледиште ќе помине, а другото не. Имав големи примедби во однос на приказната која не ме убеди, а бидејќи е биографска, побарав некои податоци и на мое големо разочарување, it's Hollywood again, Холивуд и неговите епски херојски приказни, и таму кај што ги има, а особено таму кај што ги нема.

Па така, ако се обидам да го тргнам на страна фактот дека ова е биографска приказна, филмот ќе помине. Кога не би бил биографски, би рекол дека филмот е над просекот. Почнувајќи од Emile Hirsch, кој одглуми добро, соодветно на улогата, па до убавите пејсажи од дивината, неколкуте добри споредни улоги и потргагата на еден човек по некаква сопствена слобода и мир... Ќе пројдеше сето тоа, иако ќе имав замерки на должината на филмот, а ќе имав и некои замерки кои секако ги имам без разлика на гледиштето, а ќе бидат спомнати во другиот дел од текстот. И се разбира, крајот, ваков каков што е, ќе ја задоволеше мојата потреба за избегнување на уште еден холивуски булшит крај и ќе бев среќен. Ќе му дадев нешто измеѓу 7 и 8 и ќе го препорачав на оние кои сакаат побавни филмови, драми и пореални авантури. И ако вие можете да го занемарите фактот дека се работи за биографска приказна, оваа рецензија можете да ја прекинете овде.

Проблемот е, мене не ми штимаше нешто, па побарав некои факти по интернет, но ќе се навратам на тоа подоцна, а прво ќе пишам за работите кои филмот ги погодил. Се разбира, знам дека секој биографски филм е неточен, приказните се надувани, спектаклите се поголеми спектакли... Тоа е нормално, ама за настани кои се случиле многу поодамна и за кои постои нецелосна документација итн... Ова што се случуваше во филмот е нешто друго: глорификација на лик за кој во најмала рака е дискутабилно дали го заслужува тоа, ете да не го отфрламе комплетно. Кого ние славиме во филмов и ако нашиов лик е херој, во што се состои неговиот хероизам?

Не го гледам делото, а причините се неиздржани. Тоа ми е онаа замерка која ја спомнав, без разлика дали е биографиски или е фикција. Крис имал проблеми со родителите додека растел. Многу се карале. Покрај тоа имал и еден „голем“ проблем, технички гледано, испаднало дека тој и сестра му се вонбрачни деца. Тоа е тоа во суштина. Покрај овие лоши работи, родителите на Крис му обезбедиле финансиски добар живот и образование. По дипломирањето, Крис ги дава заштедените пари во добротворни цели и тргнува да живее во дивината, читај: да биде храна за мечки и остали животињи.

Сега да се разбереме, има милиони деца што ги имале маките на Крис со родителите, а многу е мал бројот на тие деца кои ги имале придобивките на Крис. Причината за бунтовност е во ред, но ни отприлика блиску до ваков чекор, кој сам по себе е глупав, необмислен, и не решава ништо.

Да не зборувам дека во неговите скоро две години отсуство од дома, со кое решава на некој начин да ги казни родителите, не наоѓа за потреба ниту еднаш да ја побара својата сестра која го сака најмногу на светот. Бидејќи и јас имам сестра која ме сака најмногу на светов, знам колку е ова идиотски, и треба навистина да се наоѓаш во некаква чудна состојба на умот за цели две години да не испратиш порака.

Понатаму тешки спојлери:

И не само тоа: Крис не знае ништо за дивината, за да има било каква шанса да преживее, дури и дивината да е онака пристојна како во филмот. А според дијалозите и дневникот, не знае многу ни за општеството кое го мачи, како и повеќето од нас. Единствено што кажа беше во стилот: знаеш, долу лошо, лицемери, родители, политичари, горе добро... Тоа и онаа сцената кога со пријателот викаа: Општествооо, општествооо... многу длабока сцена...

Ваквиот наш јунак немаше проблем да им дели совети на многу повозрасни од него кои беа среќни што некој конечно ги просветлил. Умира во напуштен минибус, според филмот, од затруеност, по што нема сили да си најде храна или да продолжи понатаму. Според лекарските наоди, колку што прочитав, немало никакво труење, и докторот имаше дадено изјава дека ако ги имал при рака истите капини од кои јадел Крис, без проблем ќе ги изедел. Официјално, Крис починал од глад. Трагично, најблиското место било оддалечено околу 30 километри и ако во недостаток на храна на време тргнел, без поголеми проблеми ќе преживеел. По неговата смрт, околу 200 луѓе (од оние кои пријавиле) го посетиле местото, кампувале по 1-2 недели и сите без проблем го нашле патот за да си заминат.

Искрено, жал ми е за човекот. Да загинеш без никаква потреба во таков самоубиствен поход е навистина жално. Но филмот требало да се фокусира на состојбата во која навистина се наоѓал човекот кога се нафатил на тоа, а не да го величи како херојски акт и да му оддава почит.

Ете толку за ова. Сега ако ме извините, имам за гледање уште една биографска приказна за алпинист и уште на старт имам проблем: ги мразам будалите, его-манијаци кои мислат дека се нешто посебно затоа што се качиле повисоко од другите. Се надевам дека ќе ме изненади, не му давам никакви попусти.
Ја дефинитивно не се слагам со ова. Зошто мора постојано да се детализира и да се бараат херои, а уште повеќе некои скриени значења, филмот воопшто не е таков, а тоа дали главниот лик ќе се перцепира ко херој или не останува на гледачот, а на крај краева не е ни толку битно. Битен е впечатокот кој што филмот ќе го остави на крај, а дали тоа што го правел дечкото е правилно или не, реално или нереално, возможно или невозможно, дали е вистинска приказна или не нема никаква врска во однос на тоа дали филмот е добар. Филмот ми е гледан од пред неколку години така што на деталите не баш добро се сеќавам, али прилично добро се сеќавам на пораката која што ја испрати - "Среќа е кога ќе поделиш", така да останува на тебе да ги протолкуваш овие зборови. И не знам зошто мотивите на Крис би требало да се споредуваат со милиони други кои ги имале истите проблеми али не направиле такво нешто, овде правиме муабет за индивидуа со свои ставови и сваќања кои не мора да бидат прифатени од генералната публика ниту пак некој им налага да ги прифатат. Луѓето често пати се предводени од некои свои лични убедувања, сваќања или емоции кои се несватливи за другите и нема ништо чудно во тоа, ко што читав пред некое време за некој човек кој сосема се откажал од користење на пари и решил да биде сосема независен од општеството. И без оглед на тоа што му е многу потешко и без оглед на тоа што бил менаџер во некоја фирма, тој се откажал од сите тие благодети се со цел да си чекори по патот кој што си го замислил. Луѓето на различни начини го наоѓаат својот мир, во нашиов случај Крис го најде својот мир во природата, неговата единствена грешка е тоа што својот мир и среќа не ги сподели со друг кога имаше шанса, поради тоа и така гласи пораката на филмот.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.717
Поени од реакции
18.448
Без да навлагам во најситни детали би рекол дека Iosono малце повеќе го анализирал филмов, според мене не се работи за филм кој треба да потпадне на детални анализи. Јас го гледав по опуштен и пред се ми се допадна идеологијата и емоцијата што ја доловува кај гледачот, многу лесно се врзуваш со Крис и со неговата ситуација. На многу сцени останав со зината уста, што од прекрасните кадри, што од она cool indie/hippie влијание што се истакнуваше, низ целиот тек од филмот..со многу стил и осет! и пред се подигањето на авантуристичкиот дух и безкомпромисната одлука како и самата истрајност да се издржи до крај во истата. Во моите очи овој филм е прекрасен, ме опи, трогна, воодушеви, инспирираше, замисли, ми разбуди спомени од минатото....и пред се ме остави со мисла да се запрашам за своите постапки и запоставувањето на природата како ултимативно задоволство и начин човек да се опушти на правиот начин :)
 
Член од
31 октомври 2010
Мислења
338
Поени од реакции
58
Дадено ни е да живееме како Крис, а ние ја измисливме цивиизацијата за се да уништиме.

Некои луѓе излегуваат од матрицата и кога се враќаат во неа тие се „наградените“.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.297
Поени од реакции
57.699
@wannabe happy, филмот е биографски и се однесува на една личност. Тој е нашиот јунак во филмот, тој е јунакот во книгата која е напишана за него. Како таков, мора да направил нешто од пошироко значење за да заслужи да се сними филм по него. Во филмот тој ни е претставен како бунтовник против општеството и вредностите, незадоволен од нив и револтиран од родителите тргнува во авантура да живее во дивината и да докаже дека може да се преживее без материјални добра, како што некогаш било предвидено за човекот. Тоа е прилично херојски акт, така е претставен во филмот. Не сум измислил топла вода тука.

Јас се согласувам дека ако се гледа како филм, на страна ова, ќе му дојде како некоја врста убава репортажа. Реков дека така ќе помине. Јас имам проблем да верувам дека имало причини за таков акт, дека нашиот бунтовник нешто покажал и докажал, освен дека е глупоста е неограничена.

Првата порака која е многу јасна е следнава: Ако нешто не е во ред, БЕГАЈ!

Понатаму, многу е очигледно дека или Крис немал појма, или сценаристите немале појма како да ги прикажат проблемите на модерното општество што го натерале Крис да побегне од цивилизацијата. Викање во бар: Општество, општествооооо.... една од најглупавите сцени кои сум ги видел на филм.

Понатаму, Крис ги донира сите пари во доброволни цели за да оди во дивината и да докаже дека може да се живее без пари, за потоа да мора да работи и заработи за да преживее. Докажал ништо, дупка во водата. Секој од нас што размислува за ова општество се бунтува и повеќето од нас го мразат системот, но факт е дека не можеш да преживееш без пари. Дури и оние кои се борат за уривање на монетарниот систем и замена со некој нов, мораат да продадат книга или двд или да примат донација, за да функционираат. Затоа што сеуште живееме во монетарен систем. Некој го знае тоа, а некој е глупав, како Крис.

Крис отиде во дивината каде што убиваше животни за да преживее, со својата пушка, на која кога-тогаш ќе и снема муниција, и што после? Ќе најде град? Ќе работи за да заработи за муниција? Или ќе направи стрела? Неговите постапки се ограничени на размислување недела дена напред, само луд човек оди да преживее во дивина без никакво искуство во неа и тотално непознавање на работите.

Ќе скратам тука за да оставам за понатамошни дискусии. Значи накратко: Крис е морон, за кој е снимен филм, во кој Крис е авантурист, бунтовник и паметен дечко. Тоа ми смета, со оглед на тоа што се работи за биографски филм. И реков, според мене, за да направиш ваков филм, треба да собереш доволно податоци за самиот лик и да го претставиш онака како што е. Ако е луд, тогаш е луд, ако е глуп, тогаш е глуп, но ако е претставен каков што е, филмот ќе беше полн погодок. Пејсажите ќе си останеа, не бегаат никаде.
 
Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181
Донекаде Иосоно има право ама само донекаде.Знаи и јас како што кажа псисајд мислам дека филмот не е филм кој што треба да се анализира детално,но сепак плус некој детал кој ке ја зачини приказната немаше да биде лош .Забелешката на Иосоно за сестра му е во ред но кога подразмислиш филмот ке добиеше тотално друга насока доколку беше вметнат тој момент.Во целина филмот ми се бендиса но повторно се вракам на рецензијата на Иосоно каде што ке си дозволам да го цитирам "Причината за бунтовност е во ред, но ни отприлика блиску до ваков чекор, кој сам по себе е глупав, необмислен, и не решава ништо" .Значи ако навлегуваме во детална анализа да има многу маани но се поминале и филмови со многу повеке маани,парадокси и грешки.Сепак сите различно ја интерпретираме идеата за филмот не знам кој член беше напишал убава реченица во својата рецензија каде што филмот го опиша и дејството го претстави како стега на општеството и примерот за дозволата да ја помине раката.Сепак ако се поврземе преку филмот со секојдневието излгува доста солиден филм.
 
I

Intex

Гостин
@wannabe happy, филмот е биографски и се однесува на една личност. Тој е нашиот јунак во филмот, тој е јунакот во книгата која е напишана за него. Како таков, мора да направил нешто од пошироко значење за да заслужи да се сними филм по него. Во филмот тој ни е претставен како бунтовник против општеството и вредностите, незадоволен од нив и револтиран од родителите тргнува во авантура да живее во дивината и да докаже дека може да се преживее без материјални добра, како што некогаш било предвидено за човекот. Тоа е прилично херојски акт, така е претставен во филмот. Не сум измислил топла вода тука.
Не направил доволно со тоа што се одделил од општество, и отишол да живее у планине? Бир Грилс не е главна ѕверка на Дискавери? Не го снимаат и него?

Јас се согласувам дека ако се гледа како филм, на страна ова, ќе му дојде како некоја врста убава репортажа. Реков дека така ќе помине. Јас имам проблем да верувам дека имало причини за таков акт, дека нашиот бунтовник нешто покажал и докажал, освен дека е глупоста е неограничена.
Нашиот херој сфатил колку е општеството болно, му пукнал филмот и заминал. Сите ние сфаќаме колку е болно, ама филмот тешко ни пукнува.
Првата порака која е многу јасна е следнава: Ако нешто не е во ред, БЕГАЈ!
Се мисли во семејството нешто ако не е во ред? Него семејството не го избегнува, дури и нова кола сакаат да му купат, ама ... он е забеган доволно за да одбие се.:)
Понатаму, многу е очигледно дека или Крис немал појма, или сценаристите немале појма како да ги прикажат проблемите на модерното општество што го натерале Крис да побегне од цивилизацијата. Викање во бар: Општество, општествооооо.... една од најглупавите сцени кои сум ги видел на филм.
Дозвола да чека до мојот роденден у 2003-та, бездомници на секој чекор, 16 годишна му се нуди, дедо кој бега од општеството поради трагедија. Мислам дека се доволно проблеми на општеството.
Е од друга страна имаме хипици, девојка која нема проблем да се соблече гола пред непознат, што покажуваат на слободно размислување.
Понатаму, Крис ги донира сите пари во доброволни цели за да оди во дивината и да докаже дека може да се живее без пари, за потоа да мора да работи и заработи за да преживее. Докажал ништо, дупка во водата. Секој од нас што размислува за ова општество се бунтува и повеќето од нас го мразат системот, но факт е дека не можеш да преживееш без пари. Дури и оние кои се борат за уривање на монетарниот систем и замена со некој нов, мораат да продадат книга или двд или да примат донација, за да функционираат. Затоа што сеуште живееме во монетарен систем. Некој го знае тоа, а некој е глупав, како Крис.
Вистинскиот Крис не ги дава сите пари, свесен е дека ќе му требаат. Сепак, и нашиот херој не купува со тие пари нова облека, портејбл ДВД плеер, или такви ствари, туку само тоа што му е потребно.
Крис отиде во дивината каде што убиваше животни за да преживее, со својата пушка, на која кога-тогаш ќе и снема муниција, и што после? Ќе најде град? Ќе работи за да заработи за муниција? Или ќе направи стрела? Неговите постапки се ограничени на размислување недела дена напред, само луд човек оди да преживее во дивина без никакво искуство во неа и тотално непознавање на работите.
Забелешката со муницијата ја имав и јас. Ете за едно нешто се согласуваме. Јонзе ќе најде решение и за тоа, само да види.:pos:
Ќе скратам тука за да оставам за понатамошни дискусии. Значи накратко: Крис е морон, за кој е снимен филм, во кој Крис е авантурист, бунтовник и паметен дечко. Тоа ми смета, со оглед на тоа што се работи за биографски филм. И реков, според мене, за да направиш ваков филм, треба да собереш доволно податоци за самиот лик и да го претставиш онака како што е. Ако е луд, тогаш е луд, ако е глуп, тогаш е глуп, но ако е претставен каков што е, филмот ќе беше полн погодок. Пејсажите ќе си останеа, не бегаат никаде.
Дали нормален човек би бегал од нешто? - Не, значи не е исклучена можноста Крис да е шизоф или му пукнал филмот, од таму и храброста да избега, да се спаси.

И матер му ебеш, исто пропаѓираат и Фајт Клаб и овој, па никој не го критикуваше Фајт Клаб. Не ви смета голиот кур на крајот? Не ви е малку нереално дека Нортон сам се тепаше? Не ви пречи што се упуца во грлото, па пак преживеа?
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
@Dark King за сликата со спојлери кривично ќе одговараш :pos:

Иначе што се тиче прашањето за шизофренијата, јас се согласувам дека Крис е здраво право момче со на прв поглед луда идеја.

А за Fight Club, само нека се отвори дискусија, е тоа ќе биде дебата. Башка филмот е култен тоа и заслужува..:)
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.297
Поени од реакции
57.699
Пак ќе ти речам, не мешај фикција трилери како Фајт Клуб со биографски приказни, и нема ни Ш од Шизофренија во филмов, нити треба да има. Не е шизофреничар, само е глуп и малку луд.

1. Не направи ништо. Цело време беше во истото општество и систем, заработуваше, се снаоѓаше. Кога се одвои во минибусот, умре.
2. Ценам луѓе кои се борат да го подобрат или сменат или јбт уништат системот, не кукавици кои бегаат од него. И не сакам кога некој го портретира кукавичлукот како херојски акт. Каква е таа „храброст да избега“?
3. Семејството не е никаква причина за ова, дечкото заврши колеџ, а јасно е дека барем таму штом завршиш колеџ си самостоен и си бркаш работа. Тој цел живот не се спротиставил на проблемите сега ќе ги решел со тоа што ќе земе пушка и ќе оди во планина. Морон.
 
Ама Крис бега од нешто, избега од хипиците без поздрав, за малку ќе избегаше и од дедото кој го посвои. Аман, не сугерира тоа дека има нешто шизофско во него?

1. Он умре бидејќи не беше доволно обучен, не е исто од книга да читаш, и да гледаш во пракса (на Дискавери пример:pos:). Има случај на човек кој преживеал 30 години во планините, како човек, не оставен како бебе, па поживотинен.:D
2. Додека неразумниот го променува општеството, разумниот се променува себеси кон потребите на општеството. Од професорот по фискултура (ама филинг е да кажеш фискултура:pos2:): Држава - најлесниот начин да ги контролираш малоумните. Фразата вришти, и сосема е во право. Сме создале цивилизација пред неколку илјади години, касно е сега да избегаме од неа.
3. До тогаш го немал правото да избега, иако можел, дека нему не му требаше нити колеџ, нити работа, а ако избегаше, пак немаше да зависи од нив.

Има уште некој друг освен мене и Рокенрола што се за Фајт Клаб дискусија?
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Ама Крис бега од нешто, избега од хипиците без поздрав, за малку ќе избегаше и од дедото кој го посвои. Аман, не сугерира тоа дека има нешто шизофско во него?
Според мене ова не сугерира ништо шизофско..:)))
Момчето нејќеше емотивно да се врзува за никого. Тоа беше се.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.297
Поени од реакции
57.699
Ама Крис бега од нешто, избега од хипиците без поздрав, за малку ќе избегаше и од дедото кој го посвои. Аман, не сугерира тоа дека има нешто шизофско во него?

Има уште некој друг освен мене и Рокенрола што се за Фајт Клаб дискусија?
Знаеш ли што е шизофренија? :)

Ќе почекате за Fight Club, после овој на ред е 127 hours, чекаме да го изгледаат доволно луѓе. Стари филмови ќе уфрламе кога нема да има ништо актуелно.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom