Респект за Адеми.
Знам има милион други работи тука и не е така едноставно, ама после минатото СП и настапот на ова СП, не може а да не се запраша човек како му е во моментов. Сигурно ќе беше дел од Хрватската репрезентација, дефинитивно го има квалитетот за тоа. Ако не за први 11, никој не може да ми каже дека немаше да биде на клупа барем.
И човекот вака-така некако заврши во Македонија, се повредува на секој трет натпревар и буквално гине на терен и дава 100% секоја утакмица за држава што не е негова.
Не знам, можеби он у моментов си го пцуе животов, ама ја во моментов навистина сум му благодарен за се што има направено за репрезентацијава.
Кога и да ќе се спомнуваат најдобри играчи во историјата на македонската репрезентација - дефинитивно мора да има место за Адеми.