СП 2022 Катар - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата ob1
  • Време на започнување Време на започнување

Од кој континент ќе биде победникот на СП 2022 во Катар?


  • Вкупно гласачи
    167
  • Гласањето е завршено на .
Од индивидуална моја перспектива, ми изгледа дека квалитетот на фудбалот е страшно паднат. Ветераните со 1/4 од тоа што некогаш биле се сеуште подобри од новите млади играчи.
Зашто мислиш така, баш ме интересира?
Јас не би се сложил со тебе, нормално дека ветераните ќе ја движат репрезентацијата и дека кога е најгусто они ќе треба да бидат тие што ќе истапат и ќе ја однесат репрезентацијата понатаму, зашто се нели ветерани и имаат еден тон вакви утакмици изиграно како за клуб, така и за репрезентација, али не е дека на ова СП немаше младинци што не се истакнаа.

Како за пример во Холандија го имаш Гакпо, во Англија ги имаш Белингам и Сака, во Аргентина Алварез и Енцо Фернандез (овде би го ставил и Лисандро Мартинез иако он не е младинец зашто има 24 години сепак му е прво СП).
Во Франција го имаш Чуамени, меѓутоа Франција имаш смена на генерации пред неколку години и доста млад состав имаат. Во Шпанија Педри и Гави ја држат цела средина, тука би го вметнал и Фати иако не е првотимец. Германија Мусиала, во Бразил го имаш Вини, во Португалија Феликс.
Има уште еден тон млади играчи кои не ги спомнав светсково, зашто се фокусирав само на тие што играат прв тим за репрезентациите.

Е сега не знам како можеш да очекуваш Вини да има поголем придонес од Нејмар, или Алварез од Меси или па Феликс од Бернардо Силва. Иако сите овие што ги набројав до сега имаат некаков придонес до овој дел од СП (голови, асистенции, придонес во играта) зависи од позицијата на која играат. Далеку дека фудбалов е паднат, волкав прилив на талентирани фудбалери од еднаш не знам кога последен пат имало.
 
Лука е испод негово ниво на целото првенство.
Ковачиќ е човекот што ја држи цела средина на Хрватска во моментов, нема сила Модриќ веќе да трча напред назад и да диригира се сам. Он е тука да дае некоја бесна топка или да рокне некоја ракета со надворешна.
Дали е до тренерот или до самите играчи што при густа ситуација односно големи натпревари се вртат и го бараат Модриќ, ама не може бе он да се враќа да ја зима топката од штоперите и да ја носи напред до крилата и напаѓачот а Брозовиќ чија основна задача на теренот е да го прави баш тоа, да лута негде лево десно.
Па прееска у второ од такт ме извади таквата поставеност, земал Модриќ меѓу Ловрен и Јошко застанал а Броз и Ковачиќ еден до друг се шуњаат.

Нормално дека ќе падне, 37 години има, им го држи цел везен ред и превзема одговорност.

Не верувам дека Брозовиќ е таков лигуш да се крие од топка, ова е или тренерска одговорност или Модриќ претерува со превземањето на задачите. Не дека претерува у смисла на гушења на игра и топка ама тоа се задачи на друг играч.
 
Бразил има прелесен пат до полуфинале, а богами и до финале. Не гледам кој би им направил проблем.
 
Утакмицата беше неизвесна се додека судијата не го означи почетокот на натпреварот.
 
Нека стават правило ако погодат статива да го преноват пеналот.
 
Да не освојат следниве репрезентации по овој редослед:

1. Бразил. Ќе ја дрибла, ќе ја дрибла, ќе му ја земат, ќе падне. Одвратни ми биле од секогаш. Полежачи, плачковци и глумци и од жабарите.


Амин.

Колку треба да го мразиш фудбалот за да навиваш за Бразил? Па жими куранот ако изгубат од Швицарска на пример јас ќе изнајмам Голф 3 и ќе летам орли низ Чаир.
 
Бразил доста, доста е..
За греота се, не ги понижувајте. Не заслужиле.
 
Вака се игра фудбал
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom