95 американски филмски награди (Оскари 2022)

Кој филм е твој фаворит за Оскар за најдобар филм од 2022


  • Вкупно гласачи
    28
  • Гласањето е завршено на .
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.992
Поени од реакции
37.274
Сезоната започнува, дами и господа! Традиционално, по 11 пат, некаде на крајот на ноември ја отворам темата за Оскарите. Од година во година се помалку интерес има за манифестацијата, ама темава останува во аналите, и верувам дека ќе помогне на оние кои сакаат да пробаат да најдат „квалитетен“ нов филм (доколку воопшто постои такво нешто). Оскарите доживуваат толкав дебакл (особено тука), што јас сум убеден дека повеќе од половина од членовите на форумов не знаат кој е минатогодишниот освојувач на Оскар за најдобар филм (без да гуглаат). :D

95 доделување на златните статуетки се враќа во стариот формат и ќе биде во конкуренција на филмови кои имале премиера во САД во периодот од 01 јануари 2022 до 31 декември 2022 (заради ковидот, се сеќавате, лани тој период беше скратен за неколку месеци, за што може да прочитате во воведното мислење од ланската тема). Оскарите ќе бидат доделени во Dolby Theatre во Холивуд, на 12 март 2023. По трет пат водител (откако 2 години немаше) ќе биде Џими Кимел, што можеби е знак дека ќе гледаме поинтересно шоу.

Почесните Оскари и хуманитарниот Оскар се веќе доделени. Годинава ги добија: Euzhan Palcy (режисерка, сценарист и продуцент), Дајан Ворен (композитор и изведувач) и Питер Вир (поранешен австралиски режисер (Dead Poets Society, The Truman Show...)). Хуманитарниот Оскар е доделен на Мајкл Џи Фокс.

Реков, ова е ваква 11 (моја) тема по ред, значи ја почнуваме втората Оскаровска деценија на Кајгана! За тие кои не знаат што всушност е сето ова, може да ги ѕирнат старите теми:

2012
2013
2014
2015
2016
2017
2018
2019
2020/21
2021

Е сега, новата деценија ја почнувам со една огромна промена: мојот систем кој повеќе или помалку функционираше изминатите 10 години, време е да го пензионирам. За тие што сакаат да знаат повеќе: ги земав предвидувањата на 5 или 10 сајта за филмска уметност, и ги бодував филмовите според нивните предвидувања правејќи една моја листа на филмови. Но мислам дека сето тоа е ем премногу работа за мене (а веќе се чувствувам стар за такви анализи), ем е тотално непотребна, зашто еден од сајтовите кој го консултирав, The Gold Derby, стандардно, веќе со години своето предвидување го прави на сличен начин: ги зема предвидувањата на филмските експерти, на членовите на сајтот, на уредниците на истиот, на највисоко рангираните корисници и ги комбинира истите правејќи една листа која од сега па натаму ќе ви ја презентирам тука. Па, еве ги годинешните (рани) фаворити, според Gold Derby, во некои од главните категории:

______________________________________________________________
ФИЛМ (ранг-листа)
(со кликање на името или постерот, одите до Letterboxd страницата за филмот)

1.
THE FABELMANS - Steven Spielberg
1669146221198.png

2. EVERYTHING EVERYWHERE ALL AT ONCE - Daniel Scheinert, Daniel Kwan
1669146352859.png

3. THE BANSHEES OF INISHERIN - Martin McDonagh
1669146797969.png

4. WOMEN TALKING - Sarah Polley
1669146646178.png

5. TOP GUN: MAVERICK - Joseph Kosinski
1669146878759.png

6. TÁR - Todd Field
1669146979702.png

7. BABYLON - Damien Chazelle
1669147061093.png

8. THE WHALE - Darren Aronofsky
1669147201408.png

9. AVATAR: THE WAY OF WATER - James Cameron
1669147293632.png

10. SHE SAID - Maria Schrader
1669147528605.png

11. ELVIS - Baz Luhrmann
1669147667746.png

12. THE WOMAN KING - Gina Prince-Bythewood
1669147826329.png

13. TRIANGLE OF SADNESS - Ruben Östlund
1669147936682.png

14. GLASS ONION: A KNIVES OUT MYSTERY - Rian Johnson
1669148102370.png

15. ALL QUIET ON THE WESTERN FRONT - Edward Berger
1669148182704.png

16. BLACK PANTHER: WAKANDA FOREVER - Ryan Coogler
1669148272310.png

17. PINOCCHIO - Guillermo del Toro, Mark Gustafson
1669148373834.png

18. EMPIRE OF LIGHT - Sam Mendes
1669148449210.png

19. THE SON - Florian Zeller
1669148520268.png

20. TILL - Chinonye Chukwu
1669148587537.png

to be continued...
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
Ах, имам да изгледам уште многу од овие за да имам мислење кој би можел да победи :)
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
На Ињариту ќе тепа и Вил Смит ќе земе Оскар за најдобра машка улога.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.168
Поени од реакции
10.136
Мораше ли да го избаксузираш Ињариту?! Ццц.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
26.003
Поени од реакции
42.720
Лаганица Вил Смит, роб е увек добитна комбинација.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.992
Поени од реакции
37.274
Тешко за Вил Смит, не е ни меѓу првите 5 кандидати. Брендан Фрејзер веројатно освојува за The Whale на Аронофски, а единствени двајца кои би можеле да го спречат Фрејзер се Колин Фарел за ирскиот на Мартин Мекдона и Остин Батлер како Елвис Пристли во Elvis на Баз Лурман. Плус Вил Смит не смее да присуствува на церемонијата 10 години, ако не сум грешка (иако не дека тоа нешто многу значи, на пример на Академијата не им сметаше низ годините да му даваат награди на Роман Полански).
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.992
Поени од реакции
37.274
Абе чекај, како уопште е кандидат, нели има бан од Академија или нешто слично?
Исклучен е од Академијата, значи не смее да гласа, и има забрана да присуствува на церемонијата на доделувањето - 10 години мислам. Ама никој не може да ги спречи другите да гласаат за него. Не може да не е кандидат штом снимил филм. Пак ќе го спомнам Полански - човекот не смее да се врати во Америка, па сепак и го номинираа и дури му даваа Оскари, а не па ова - една шлаканица = мачкина кашлица.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
Брендон Фрејзер зема Оскар сто посто. Преголем хајп има околу улогата. Плус во денешно време и во подем на woke културата улогата е печена за Оскар. Ради лошите работи што му се случија на Фрејзер приватно моментално има голема фан база па ако не земе Оскар ќе има мавање со дрва и камења по Академијата од сите страни.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.992
Поени од реакции
37.274
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
Разбарувам да изгледам од филмовите за кои некој смета оти може да добијат Оскар, и се изненадив што барем 4 од нив уште не се излезени. Како може да се во списокот на можни кандидати?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom