- Член од
- 17 октомври 2011
- Мислења
- 14.992
- Поени од реакции
- 37.278
Сезоната започнува, дами и господа! Традиционално, по 11 пат, некаде на крајот на ноември ја отворам темата за Оскарите. Од година во година се помалку интерес има за манифестацијата, ама темава останува во аналите, и верувам дека ќе помогне на оние кои сакаат да пробаат да најдат „квалитетен“ нов филм (доколку воопшто постои такво нешто). Оскарите доживуваат толкав дебакл (особено тука), што јас сум убеден дека повеќе од половина од членовите на форумов не знаат кој е минатогодишниот освојувач на Оскар за најдобар филм (без да гуглаат).
95 доделување на златните статуетки се враќа во стариот формат и ќе биде во конкуренција на филмови кои имале премиера во САД во периодот од 01 јануари 2022 до 31 декември 2022 (заради ковидот, се сеќавате, лани тој период беше скратен за неколку месеци, за што може да прочитате во воведното мислење од ланската тема). Оскарите ќе бидат доделени во Dolby Theatre во Холивуд, на 12 март 2023. По трет пат водител (откако 2 години немаше) ќе биде Џими Кимел, што можеби е знак дека ќе гледаме поинтересно шоу.
Почесните Оскари и хуманитарниот Оскар се веќе доделени. Годинава ги добија: Euzhan Palcy (режисерка, сценарист и продуцент), Дајан Ворен (композитор и изведувач) и Питер Вир (поранешен австралиски режисер (Dead Poets Society, The Truman Show...)). Хуманитарниот Оскар е доделен на Мајкл Џи Фокс.
Реков, ова е ваква 11 (моја) тема по ред, значи ја почнуваме втората Оскаровска деценија на Кајгана! За тие кои не знаат што всушност е сето ова, може да ги ѕирнат старите теми:
2012
2013
2014
2015
2016
2017
2018
2019
2020/21
2021
Е сега, новата деценија ја почнувам со една огромна промена: мојот систем кој повеќе или помалку функционираше изминатите 10 години, време е да го пензионирам. За тие што сакаат да знаат повеќе: ги земав предвидувањата на 5 или 10 сајта за филмска уметност, и ги бодував филмовите според нивните предвидувања правејќи една моја листа на филмови. Но мислам дека сето тоа е ем премногу работа за мене (а веќе се чувствувам стар за такви анализи), ем е тотално непотребна, зашто еден од сајтовите кој го консултирав, The Gold Derby, стандардно, веќе со години своето предвидување го прави на сличен начин: ги зема предвидувањата на филмските експерти, на членовите на сајтот, на уредниците на истиот, на највисоко рангираните корисници и ги комбинира истите правејќи една листа која од сега па натаму ќе ви ја презентирам тука. Па, еве ги годинешните (рани) фаворити, според Gold Derby, во некои од главните категории:
______________________________________________________________
ФИЛМ (ранг-листа)
(со кликање на името или постерот, одите до Letterboxd страницата за филмот)
1. THE FABELMANS - Steven Spielberg
2. EVERYTHING EVERYWHERE ALL AT ONCE - Daniel Scheinert, Daniel Kwan
3. THE BANSHEES OF INISHERIN - Martin McDonagh
4. WOMEN TALKING - Sarah Polley
5. TOP GUN: MAVERICK - Joseph Kosinski
6. TÁR - Todd Field
7. BABYLON - Damien Chazelle
8. THE WHALE - Darren Aronofsky
9. AVATAR: THE WAY OF WATER - James Cameron
10. SHE SAID - Maria Schrader
11. ELVIS - Baz Luhrmann
12. THE WOMAN KING - Gina Prince-Bythewood
13. TRIANGLE OF SADNESS - Ruben Östlund
14. GLASS ONION: A KNIVES OUT MYSTERY - Rian Johnson
15. ALL QUIET ON THE WESTERN FRONT - Edward Berger
16. BLACK PANTHER: WAKANDA FOREVER - Ryan Coogler
17. PINOCCHIO - Guillermo del Toro, Mark Gustafson
18. EMPIRE OF LIGHT - Sam Mendes
19. THE SON - Florian Zeller
20. TILL - Chinonye Chukwu
to be continued...