93 американски филмски награди (Оскари 2020/21)

Член од
17 октомври 2011
Мислења
8.871
Поени од реакции
19.789
Да беше ова нормална филмска година, веќе длабоко ќе бевме навлезени во предоскаровската сезона, купишта награди веќе ќе беа доделени, 80% од филмовите ќе беа излезени, на месец и пол пред истекот на рокот за филмовите кои ќе можат да се тркаат во трката за Оскарите. Но 2020 по многу нешта не е нормална, па така COVID-19 пандемијата ја зафати и филмската индустрија. Така, оваа оскаровска сезона е најдолга до сега, затоа што 93 американски филмски награди се закажани дури за 25 април 2021, а за истите ќе можат да се квалификуваат филмови чија премиера (и неколку последователни проекции, како што налагаат правилата) ќе биде најдоцна до 28 февруари 2021. Така, веројатно многу од номинираните филмови ќе имаат своја премиера дури во 2021.

Затоа, по критериумите на една нормална филмска година, сега не сме средина на ноември, туку средина на септември, и нормално, сме далеку од некои предвидувања за тоа кој би можел да ги освои Оскарите. Нормално, темава ја отварав (8 пати до сега!) на крајот од октомври или почетокот на ноември, но по „правилата“ на чуднава 2020, би требало да ја отворам дури таму, некаде, пред или по Нова година. Само што некако периодов секогаш бил полн со филмската магија, па така, не можев да одолеам и да чекам до крајот на декември. Така, овие предвидувања кои сега ќе ги објавам земете ги со голема резерва - многу од филмските сајтови не ни имаат објавено свои предвидувања, а тие кои имаат објавено се разликуваат премногу еден од друг. Дополнително, некои од нив не ги имаат рангирано филмовите кои сѐ уште немаат закажано премиера, а ги има многу. Затоа, листава нека послужи само како некоја основа - да имате предвид што да очекувате и ако некои од филмовите на неа се излезени, да ги ѕирнете. Но, таму некаде пред или по Нова година, ветувам дека ќе направам update на листата со таа која ќе биде далеку поиздржана.

За тие кои не знаат што всушност е сето ова, може да ги ѕирнат старите теми:
2012
2013
2014
2015
2016
2017
2018
2019

За тие кои не знаат како функционира мојот систем: ги земам во предвид предвидувањата на 10 сајта кои се ориентирани кон филмот, и преку систем на бодување на филмовите од нивните предвидувања, добивам ранг листа на филмовите кои веројатно најдобро ќе поминат на доделувањето на Оскарите, и ја презентирам тука. Иако голем дел од овие филмови сѐ уште немале ни премиера по кино салите во Америка (поточно, во Лос Анџелес), овие предвидувања се прават на основ на нивните проекции и прием од публиката на филмските фестивали и секако, по скринерите доставени до членовите на Академијата и новинарите (иако сѐ уште е рано за кулминацијата на сезоната на скринерите, кои обично се најбројни пред Нова година)
Сега за сега, само 7 од 10 сајта имаат објавено свои предвидувања и тие ги имам сумирано тука: Indiewire, The Playlist, Awards Watch, Entertainment Weekly, Gold Derby, Variety и Observer. Hollywood Reporter и Collider сѐ уште немаат објавено ништо, а Award Circuit се има споено со Variety, т.е. повеќе не постои. Овие 2 + уште некој нов ќе ги додадам на конечната листа, во декември.

Стандардно, до објавувањето на номинациите (и пред тоа, до конечната листа со моето предвидување) пишувајте ги тука вашите желби и прогнози, како и анализи за престојните милион разни доделувања на награди во САД и Европа кои секако дека ќе влијаат на конечното формирање на номинациите. По објавувањето на номинациите следува задолжителната анкета за најдобар филм според членовите на Кајгана форум.

Еве ги годинешните (рани) фаворити во некои од главните категории:
______________________________________________
ФИЛМ (ранг-листа)
(во заградите до името на филмот и режисерот е моменталниот IMDB рејтинг. со кликање на името или постерот, одите до IMDB страницата за филмот)

1.
MANK - David Fincher (8.9)
Netflix
MANK.jpg

2. THE TRIAL OF THE CHICAGO 7 - Aaron Sorkin (7.9)
Netflix
THE TRIAL OF THE CHICAGO 7.jpg

3. DA 5 BLOODS - Spike Lee (6.5)
Netflix
DA 5 BLOODS.jpg

4. NOMADLAND - Chloé Zhao (7.8)
Searchlight Pictures
NOMADLAND.jpg

5. ONE NIGHT IN MIAMI - Regina King (6.5)
Amazon Studios
ONE NIGHT IN MIAMI.jpg

6. THE FATHER - Florian Zeller (7.4)
Sony Pictures Classics
THE FATHER.jpg

7. NEWS OF THE WORLD - Paul Greengrass (N/A)
Universal Pictures
NEWS OF THE WORLD.jpg

8. MINARI - Lee Isaac Chung (7.4)
A24
MINARI.jpg

9. MA RAINEY'S BLACK BOTTOM - George C. Wolfe (N/A)
Netflix
MA RAINEY'S BLACK BOTTOM.jpg

10. THE UNITED STATES VS. BILLIE HOLIDAY - Lee Daniels (N/A)
Paramount Pictures
UNITED STATES VS. BILLIE HOLIDAY.jpg

11. JUDAS AND THE BLACK MESSIAH - Shaka King (N/A)
Warner Bros.
Judas and the Black Messiah.jpg

12. AMMONITE - Francis Lee (6.5)
Neon
Ammonite.jpg

13. ON THE ROCKS - Sofia Coppola (6.5)
A24/Apple Plus
ON THE ROCKS.jpg

14. SOUL - Pete Docter, Kemp Powers (8.3)
Pixar
SOUL.jpg

15. TENET - Christopher Nolan (7.8)
Warner Bros.
TENET.jpg

16. PROMISING YOUNG WOMAN - Emerald Fennell (6.0)
Focus Features
PROMISING YOUNG WOMAN.jpg

17. CHERRY - Anthony Russo, Joe Russo (N/A)
Apple TV Plus
Cherry.jpg

18. HILLBILLY ELEGY - Ron Howard (6.0)
Netflix
Hillbilly Elegy.jpg

19. NEVER RARELY SOMETIMES ALWAYS - Eliza Hittman (7.3)
Focus Features
NEVER RARELY.jpg

20. MULAN - Niki Caro (5.4)
Disney Plus
MULAN.jpg
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
3.579
Поени од реакции
4.149
За пола од филмовиве немам слушнато. :D

Минари го најавуваа ко кандидат за Оскар уште кога победи на Санденс.

Nomadland победи во Венеција, имаше добри критики.

Never, rarely, sometimes, always, ако не грешам го гледав по торенти, доби добри критики од Сунчица, треба да се ѕирне.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
8.871
Поени од реакции
19.789
За пола од филмовиве немам слушнато. :D

Минари го најавуваа ко кандидат за Оскар уште кога победи на Санденс.

Nomadland победи во Венеција, имаше добри критики.

Never, rarely, sometimes, always, ако не грешам го гледав по торенти, доби добри критики од Сунчица, треба да се ѕирне.
Јас ги имам гледано само The Trial of the Chicago 7, и многу ми се допадна, убеден сум дека тој ќе остане во трката за Оскар и по излегувањето на повеќето кандидати, и Da 5 Bloods што е срање у боја. Од Nomadland имам високи очекувања, не само заради наградата од Венеција, туку и зашто претходниот филм на Клои Жао, The Rider, беше одличен и навистина ми се допадна. Овој Soul на Pixar уште не е излезен, ама по реакциите од некои од сајтовите, може да се очекува да стане четвртиот анимиран филм во историјата номиниран за Оскар за надобар филм (последен таков беше Up пред 100 години). И, како што реков - голем дел од филмовите на листата, а и еден куп други уште немаат ни release date, за некои не се ни знае дали ќе излезат до крајот на февруари 2021, затоа, има уште неколку месеци чекање додека да дознаеме повеќе детали.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
24.979
Поени од реакции
39.250
Секоја чест на Злате за темава, но за мене минатогодишните Оскари ја прелеаја чашата и планирам да ја прескокнам целата манифестација како воопшто да не постои. Ќе гледам Глобуси ако се осмелат да го поканат Рики, ако не и тоа ќе го пуштам низвода.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
39.803
Поени од реакции
78.154
Конечно, можам оваа година да кажам..

Злате рано си бе...

:D
Автоматски споено мислење:

Секоја чест на Злате за темава, но за мене минатогодишните Оскари ја прелеаја чашата и планирам да ја прескокнам целата манифестација како воопшто да не постои. Ќе гледам Глобуси ако се осмелат да го поканат Рики, ако не и тоа ќе го пуштам низвода.
На Рики лани му беше последна година на Глобусите

...освен ако не мислеше РикиЛФЦ од форумов, што не знам, можеби има поголема шанса од Gervais да го викнат :/
Автоматски споено мислење:

Иначе..

СОНИК 2021!
MAKE AMERICA FAST AGAIN!
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
8.871
Поени од реакции
19.789
Абе тоа и нашиот Ема може да биде сабмитед, ама за номинација - мало морген.
Автоматски споено мислење:

Злате рано си бе...
И јас можам да потврдам - рано сум! :D
 

Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
32.791
Поени од реакции
48.619
мулан и он д рокс се за оскар?

ги гледале тие што мислат така?

за што би бил мулан номиниран?
за воукнес?
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
3.579
Поени од реакции
4.149
мулан и он д рокс се за оскар?

ги гледале тие што мислат така?

за што би бил мулан номиниран?
за воукнес?
За костими, шминка, кинематографија, музика (мејби).
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
39.803
Поени од реакции
78.154
мулан и он д рокс се за оскар?

ги гледале тие што мислат така?

за што би бил мулан номиниран?
за воукнес?
Не се, Злате (ноу офенс :D) прати глупави сајтови и секоја година става вакви филмови што немаат врска, да немаше Корона ќе имаше листа од 50+ филмови и меѓу нив пола немаа ни да бидат помирисани за Оскар, а камо ли за било што друго :D

Он д рокс..хмм..Софија Копола не е така далечна на Академијата, во ваква мртва година..не би се изненадил...

Ма да..Мулан..во година каде што нема ептен филмови..можда за костимографија? Шо знам..

Иначе...Злате како одат работиве бе?
Еве пример само филмови од оваа година ќе се номинирани? Чинам сменија и филмови од старт на 2021 да се номинирани?

Еве друг пример...

Новиот Џејмс Бонд.
Песната излезе лани.
Филмот ќе излезе догодина.
Песната ќе биде eligible? Или битно е кога ќе излезе филмот?

Ептен е хаос годинава, кој знае што ќе се деси следно ко што тргнале работиве..
Автоматски споено мислење:

Иначе џоукс асајд..Кјутис има најголем (анти)маркетинг од сите филмови што се во категорија за странски..
Башка не освои тој филм нешто од Фестиваливе???
Не би се изненадил искрено да биде номиниран за најдобар странски ако сакаат рејтинзи да бркаат, сепак ете и престижна награда има зад себе (мислам)
 
На врв Bottom