Збор два за ова коло:
Напишав уште кога беше ждрепката дека моето непопуларно мислење го оставам кај Интер, и дека нема саглам човек што би се ложел на овој тим на Барса. Тоа добро се виде по реакциите после натпреварот каде еруптираше цела канализација со гомна на чело со куроглавиот. Од друга страна, колку и да ми беше важен и мил за скудетото што го освоивме, Кеси од лидер на натпреварите против Интер, одлучи дека за неговата кариера подобро е да влегува од клупа 5-10 минути. Сигурен сум дека ќе добива поголема минутажа во наредната сезона, но после таква ефективна сезона во Милан, ова му е downgrade.
За синоќа - Челзи сосема коректно и поштено си даде 3 гола и лабаво си го гледаше натпреварот последните 30 минути. Ние се распаднавме после вториот гол, иако дотогаш имав впечаток дека можеме некако да се вратиме на „жими мајка“. Дно на натпреварот беше Дест, кој мислеше дека е досуден фаул и ја фати топката со рака за да изведе удар.
Добро е, од друга страна, што реваншот е за 5 дена, така што ете им шанса да се извадат од овој блам од синоќа.