- Член од
- 10 октомври 2011
- Мислења
- 6.185
- Поени од реакции
- 10.192
Малу си грешка.Како е можно постариве филмови како Фросина, Волчја Ноќ, Мис Стон, Солунски Атентатори можеш да ги најдеш во убава HD слика, а пример Збогум на 20от век секогаш е во некоја излижана, изџвакана 100 пати преснимувана VHS снимка?
Фросина е реставриран, па би требало да може да се најде во HD, ама другиве 3 што ги наброја не се и иако можеби ќе најдеш некаде да пишува HD сепак само од SD се префрлени во HD резолуција од некоја телевизија, ама квалитетот не е HD сигурно. Особено Мис Стон е со лоша слика.
Друга работа е што првиве 3 филма се од времето на екс-Ју, па често ги вртат по српскиве филмски канали пошто ги сметаат за домачи и имаат извадено Србите некој HD TV rip, Збогум на 20 век освен можда на FilmKlub не верувам дека е даван на друга телевизија, а FilmKlub, ако не грешам нема HD фреквенција.
Инаку има и понови филмови што се со доста лош квалитет. "Како лош сон" од 2003 е достапен само со катастрофален ДВДрип или Превртено од 2006/2007 со доста слаба резолуција.
Подобар квалитет може да се најде само ако Кинотека се одлучи да ги реставрира што се надевам им е во прв план, наместо да се занимаваат со етнолошки филмови.
Автоматски споено мислење:
ЧЕТИРИ ДОЛГОМЕТРАЖНИ И ТРИ КРАТКОМЕТРАЖНИ ФИЛМОВИ ЌЕ СЕ
ПРИКАЖАТ ЗА ВРЕМЕ НА ДЕНОВИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА КУЛТУРА ВО ПРАГА
Во рамки на тридневните активности, а во организација на Агенцијата за филм, во киносалата „Edison Filmhub“ ќе се одржи ревија на македонски филмови од најновата
филмска продукција и тоа четири долгометражни филмови:
„Хомо“ во режија на Игор Иванов
„Господ постои, името ѝ е Петрунија„ во режија на Теона С. Митевска
„Врба“ во режија на Милчо Манчевски
„Сестри„ во режија на Дина Дума
и три краткометражни филмови:
„Налепница“ во режија на Георги Унковски
„Змија“ во режија на Андреј И. Волкашин
„Северен пол“ во режија на Марија Апчевска
@Комита Ултрас
Последно уредено: