- Член од
- 10 октомври 2011
- Мислења
- 6.342
- Поени од реакции
- 10.556
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Прегледај го приврзокот 345540
"Илузија" на Светозар Ристоски на Нетфликс Хрватска. Во Македонија за жал не е достапен.
Ако некој знае како се рипнува од Нетфликс, нека повели.![]()
Ова е пратено до медиумите денес:Ќе погаѓаме на кој велики фестивал ќе има премиера?
Ја типувам на ‘великите’ Рејнденс и Рим. Трета среќа Сао Пауло.
Мала помош: годинава што е излезено наше долгометражно? Снежана на крајот умира прв имаше премиера, уште зимоска. После Мими, Најсреќниот човек на светот и сега Кајмак. Имам нешто испуштено или тоа е се? М на Вардан Тозија, Денот на жената на Гоце Цветановски, Лена и Владимир на Игор Алексов, Преекспонирано на Венинова и тој независниот Te Dua, жими мене уште ги нема, или јас сум испуштил да ги видам?Кајмак премиерно во Токио.
По трејлер делува многу лошо.
'Исчезнатиот' (Арбен Тачи) од лани е по фестивали, годинава го даваа на Златна рамка (нема уште кино проекции).Мала помош: годинава што е излезено наше долгометражно? Снежана на крајот умира прв имаше премиера, уште зимоска. После Мими, Најсреќниот човек на светот и сега Кајмак. Имам нешто испуштено или тоа е се? М на Вардан Тозија, Денот на жената на Гоце Цветановски, Лена и Владимир на Игор Алексов, Преекспонирано на Венинова и тој независниот Te Dua, жими мене уште ги нема, или јас сум испуштил да ги видам?
Тој е од 2021, беше во конкуренција со Сестри лани, единствен. Прашањето ми е баш заради кандидатурата за Оскар.'Исчезнатиот' (Арбен Тачи) од лани е по фестивали, годинава го даваа на Златна рамка (нема уште кино проекции).
Да, него го заборавив. Знам за него, многу сакам да го гледам, ептен интересно звучеше идејата, се надевам не го утнале.'Сокриениот' (Арсим Фазлија) имаше проекција на Златна Рамка и на фестивалот Ода во Тетово, препорака за филмов кога ќе почне со кино проекции.
Исчезнатиот може пак да биде во конкуренција зашто немал кино проекции, Те дуа е независен па не бил бил во конкуренција, а по циркусот на Милчо со агенцијата за филм и Кајмак би го отпишал од конкуренција.Тој е од 2021, беше во конкуренција со Сестри лани, единствен. Прашањето ми е баш заради кандидатурата за Оскар.
Да, него го заборавив. Знам за него, многу сакам да го гледам, ептен интересно звучеше идејата, се надевам не го утнале.
Ама Друштвото на филмски работници (или професионалци, не знам точно како се вика) - предложува. Знам дека истите луѓе се со врски и во Агенцијата за филм, ама сепак, мислам дека може да е и Кајмак. Инаку, ако гледаш така, само Снежана е eligible, зашто освен кино премиера, треба да има нели и кино проекции во неколку последователни денови во државата која го селектира, а ако не грешам, никој од останатите нема. Ама тоа се средува набрзина: го селектираат, и одма следната недела го пуштаат на кино, сме имале такви случаи и претходно. Е сега, нормално, нели, не може да одберат филм кој самата продукција или режисерот не го пријавиле за да го бираат, па затоа можеме само да нагаѓаме.Исчезнатиот може пак да биде во конкуренција зашто немал кино проекции, Те дуа е независен па не бил бил во конкуренција, а по циркусот на Милчо со агенцијата за филм и Кајмак би го отпишал од конкуренција.
Би рекол 90% е сигурно дека Теона ќе биде селектирана, ама ајде да видиме.
Досега 55 земји избраа филмови, Македонија е единствена од Балканот што нема избрано.