UEFA Champions League - Season 2021/22

Кој ќе биде шампион на Европа за 2021/2022?


  • Вкупно гласачи
    208
  • Гласањето е завршено на .

ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.832
Поени од реакции
7.177
Ај многу ќе му дојдеше на Клоп... Премиер лига менаџер на годината и да освои лига на шампиони, што е многу, многу е.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.350
Поени од реакции
5.472
Поголем доказ дека англискиот фудбал е преценет заедно со ланското ЕП финале, здравје.

Поминаа против Бенфика и Виљареал, релативно просечни и мали екипи за кои и 1/4 финале е историја.
Победија против Интер на гости откако беа издоминирани реално, и дома го примија од факинг Лаутаро.

Клоп и Пеп менаџеришта против шесторазредни екипи.
Правиот менаџер е оној што може перфектно да се спреми за таа 1 утакмица против поквалитетен тим на хартија, дали е полуфинале или финале, сеедно.

Континуиран проблем во англискиот фудбал е инфлацијата, медиумска и финансиска. Првата, многу евидентна преку “арогантноста” дека “ќе се одмаздат за финалето во Киев”. Особено за Салах.

Мислам дека он е најголем кривец зошто Ливерпул не освои, заедно со Луиз Диаз и Наби Кеита, секако и капитенот кој “нема да е свесен за успехот се додека не се пензионира”. Пази која ароганција човече, една титула во Лш и една во Пл, 7373726283 финалиња и по некој небитен куп. Колку треба да си самоуверен да го внесеш Луиз Диаз во финале против Карвахал. Колку треба да си нуб, да еден Менди дрво од играч ти изигра за чиста 10ка. Што ли треба да изјават Крос, Модрич и Касемиро?

Како да ви кажам, има еден тон content на интернет од англичани околу нивните клубови и лига. НИ ЕДЕН, ама ни еден не погледнале нешто друго (лига или натпреварување) и немаат поим за истите повеќе од она што им е напишано на лист. Истите фудбалери се хранат на тие изјави, социјални медиуми и подкасти.

Се подсмеваат на сите други лиги, се подсмеваат на Карло со веѓата као “хехе флопна у Евертон” со неговиот broken english и така натаму. Епа ако им е. Заслужуваат да губат финалиња… Доказ дека проблемите не се решаваат и титулите не се освојуваат со “многу/повеќе пари”. Се надевам дека и следна година ќе добијат по газот.

п.с Нај entertaining to watch лига не е исто со најквалитетна.
Која глупост ја изнапиша, едино нешто што ти беше точно е ароганцијата.

Прва работа, не си го гледал Диаз најочигледно, најдобар играч им е од кога го земаа. Он ја направи разликата со Виљареал, Жота да не изиграше подобро случајно, не постои не теренот сезонава.

Втора работа како бе не била најдобра лига или да речеме еве втора најдобра послем Шпанска ( со ова не се согласувам, може пред 3-4 сезони ама со слаба Барса секако не е најдобра лига моментално) кога пак сезонава англиските клубови највеќе гураа и освоија најмногу поени во коефициентите на ФИФА.
Италјанската да не е подобра, со првиот трофеј послем повеќе од 10год во Интерото купот. И вие сте малце арогантни од Сериа А, се ситите на неуспехот на другите лиги и со тоа мислите дека некако италјанската лига е подобра. На почетокот на сезонава се пишуваше како италјанците го поминале квалитетот на шпанците, па како германците се послаби за пак они да завршат со подобар трофеј од вас и за сега да и англиската лига била слаба. АРОГАНЦИЈА.
Фактите и статистиката во последните 10год викаат едно, Реал далеку пред Баерн и англиските клубови кој се менуваат од сезона за сезона, други екипи не постојат во ЛШ. Исто и во ЕЛ, само шпанци и англичани освојуваа во последната декада, така да не знам од каде таа ароганција дека не била најдобра.

Трета работа за парите што ги спомна. Реал во поседните сезони потроши повеќе пари од Ливерпул, дава поголеми плати од Ливерпул, така да не знам што ги мешаш парите, кога пак екипа со пари заврши на тронот.

Четврта работа за Клоп и Пеп. Леле страшно изгубиле од Анчелоти, ко мислиш од Покетино изубил. Човеков има историја колку тие двајца заедно, а ако не ти текнува и Анчелоти има губено титули во финалиња. Така да не е срамно, и двата тренера се млади имаат уште многу пред нив, и не гледам зошто не би го стигнале Анчелоти.
Било кој фан да прашаш кој би го сакал за тренер би одбрале некој од нив двајца или Зидан.
 
D

Deleted member 53418

Гостин
ХАЛА МАДРИД!

Во последните 10 години не знам некоја екипа која имала потежок пат од Реал годинава. Некој вика среќа е, што среќа ќе беше таа 4 меча да те носи. Ме чуди ароганцијата кај навивачиве на англиските клубови ние сме боље од Реал ама не освоивме. Многу едностанво не сте, го кркаше и Сити и Ливерпуљ додуша 2 пати. Салах одмазди ќе праеше...

Chelsea
PSG
City
Liverpool
 

Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.753
Поени од реакции
8.846
Штета што Реал победи,иако беа подобри синките реално....и мило ми е за најдобриот играч во светот и на пат да стани најдобар во историјата..Вини машината.... ајде нека замини од тој вештачки државен проект и нека си дојди во вистински клуб како Интер.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.609
Поени од реакции
88.078
ајде нека замини од тој вештачки државен проект и нека си дојди во вистински клуб како Интер.
Ако дојде во Интер, одма ќе го продадат кинезите ради порамнување на сметки во клубот :icon_lol:
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.580
Поени од реакции
22.294
Му киниса на Крос од ко замина во Реал.
 
Член од
21 април 2017
Мислења
237
Поени од реакции
703
Денес видов коефициенти за освојување ЛШ :

Ливерпул 3.00
Сити 3.00
Баерн 3.50
Псж 7.00
Челзи 7.00
Ајакс 13.00
Реал 14.00

и другите со над 30.

Фан сум на Реал, и можда ќе звучам субјективно - ама кој го гледат Реал годинава ќе ме разберит : Не ми е јасно како мојт да е 5 пати помал фаворит од првите три и дури дупло од Челзи.

Ако некој знајт да освојт ЛШ, то е овој Реал и овој Карло. Многу големо подценување, иако им ојт во прилог да не се под притисок.
Али пак, мислам дека сразмерите и не се нешто многу реални :)
Не сме 2016та година другарче.
Затоа што се 100 пати појаки од Реал, затоа.
Генерално не копам по стари мислења, али во моментот ко го прочитав ова знаев дека требит да се зачуват за ко ќе дојдит моментот. Нека трепкат :)

То шо го напишав во оригиналното мое мислење испадна скроз така - карајте се вие на форумов дали Сити или Ливерпул играт по атомски фудбал, или пак кој е подобар стратег : Пеп или Клоп.
Карло ве гледат од тераса со пура и ушлинот од ЛШ и слатко ви се смејт.

Едини шо мојт да му ја земит Златната Топка на Карим не е Мане - туку Куртоа.
Каква сезона, каков џин мајко мила..
 
Член од
15 ноември 2008
Мислења
5.769
Поени од реакции
11.772

Плачкото плаче. Пред неполни две недели во ФА куп финалето кога Алисон зема МВП се беше во ред. Немало досега во фудбалот поголем плачко и лицемер од коњов.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom