Читачот за мене го спремил филмот
The Reader
Снимен според истоимениот роман на Бернхард Шлинк, преведен на повеќе од 50 јазици.
Започнува како необична љубовна приказна помеѓу Мајкл Берг (Давид Крос) и двојно постарата Хана Шмиц (Кејт Винслет). Страстната врска нагло се прекинува кога Хана исчезнува од животот на Мајкл.
8 години подоцна, сега веќе младиот студент по право повторно се сретнува со Хана, но овој пат во судница. Хана седи на обвинителна клупа, како припадник на нацистичкиот режим, обвинета за извршување на нацистички злосторства против човештвото.
Главниот акцент во филмов е ставен на тајната на Хана. Мајкл ја дознава нејзината тајна и има можност јавно да проговори, но во одлучувачкиот момент тој решава да молчи и само да гледа како судот ја осудува на доживотен затвор. Таа своја одлука го прогонува во текот на целиот живот.
Возрасниот Мајкл (Ралф Фајнс) животот го поминува снимајќи касети за Хана и се обидува да сфати како е воопшто возможно така да се сака некој, кој можеби бил монструм.
Не станува збор за само една љубовна приказна, туку совршено се прикажува една тажна, крајно емотивна, слоевита и доста комплексна животна приказна, за човечката природа. На што се се спремни луѓето да направат, само за да го прикријат она од кое се срамат.
„Arbeit macht frei - Работата ослободува“, НЕ сите луѓе кои носеле фашистичка униформа, биле фашисти. Нивниот ментален склоп е нивната максимална посветеност, преданост и одговорност во завршувањето на дадените обврски, без да бидат воопшто свесни што всушност прават.
Сценографија, костимографија, фотографија одлични. Музиката преубаво надополнување и вклопување, тажна, меланхолична. Кејт Винслет добива Оскар за најдобра главна женска улога, одлична глума и прекрасно донесен ликот на Хана (иако не спаѓа во редот на моите омилени актерки). Давид Крос (ист
@Dumbledore) одлична глума, емоција, далеку подобар од Фајнс.
Филмов ми остави навистина голем впечаток. Сум го посетила Аушвиц и повторно ми се вратија сликите од спомен собите со детските играчки и сите тие чевли
Читачу, ти благодарам на предлогов, навистина ми се допадна. Го исплакав.
Благодарение на филмов следна книга за читање ќе ми биде „Читачот“ од Шлинк. Чисто за споредба и затоа што сум поборник на тезата дека книгата е СЕКОГАШ поубава од филмот