Secret Movie Writer

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.738
Поени од реакции
27.731
Мене ми се падна And Then There Were None 1945

Од книга на Агата Кристи, нормално, разоткривање на убиство/убиства. Во случајов, 10 луѓе се повикани од извесен Mr Owen на еден остров во една куќа каде што треба демек да вечераат. Сфаќаат дека никој во суштина не го знае Mr Owen а Mr Owen наводно и нема да дојде. Почнуваат да се дешаваат убиства според песничакта Ten Little Indians.

Copy paste ми се филмовиве базирани на книги од Агата и секогаш ми се така средни, просечни, на моменти добри на моменти мех. Со оглед на тоа што филмот е од 1945, добро е изведен.
7/10
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
The NeverEnding story (1984)

Првиот предложен филм веќе ми беше гледан, во втората шанса добив детско филмче! Филмче кое ме врати во детството, каде ако сакавме да гледаме одреден филм, ќе моравме да го изнајмиме од видеотека. Ако беше издаден, ќе чекавме да го вратат. Така мислам дека и овој ми е гледан, но се сеќавам само низ магла на поедини сцени.

Авантурите за спасување на Фантазија и хероизмот на едно обично дете-воин, испреплетени со пораки за моќта на имагинацијата, негубењето надеж и неоткажувањето од соништата се убаво склопени во ова детско филмче.

Но ова е и филмче за пасијата, за посесивното голтање на страниците, за поистоветување со ликовите, внесување во приказната и наративот и станување едно со книгата. Приказна во приказна во приказна.

За тие неполни 2 часа бев во своевиден временски вртлог каде отпатував во моето детство и повторно бев дете.

А и знам која ми го предложи филмов! :love:
 

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.517
Поени од реакции
13.805
Interview with the Vampire (1994)

Нема што да раскажувам сите го знаете.
Малку лош старт, некако детски беше. После почна да станува интересно и ми се допадна.
Добра глума на Тооооом Круз. Тоа е, фала.

4/5
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Дечки ве молам ако не сте добиле филм да ми пишете во порака
 
Член од
30 мај 2009
Мислења
10.155
Поени од реакции
23.299
Room

Не знам шо да кажам за ова освен дека е подобро од предлогот на @wot во минатата тема :kuracc:

Одлично одглумено, али ова не е тип на филм шо обожавам да го гледам.

Фала до writer-oт....шо не си њот.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.165
Поени од реакции
10.130
The Batman (2022)

Од време на време знаеме со @123456 да промуабетиме кој што гледа и дали ни е гледан некој филм, па кога он го изгледал Бетменот ме праша дали ми е гледан.

Реков нешто у стил не планирам у скоро време и пошто ме извлекол мене, го убрза гледањето на филмов што може и никогаш да не го изгледав. :D

Што да кажам за филмов, технички пристоен, ама глумечкиов кадар ко од Шутка од тезгаџиите да бирале глумци.

Роберт Патинсон ништо не изигра, цело време некоја фаца имаше ко констипација/опстипација да го фатила.

Не сфаќам на која будала му текнало Зое Кравиц да ја глуми CatWoman. За таа улога треба харизма и сексапил. Ќерчево на Лени има среќа што татко и' е познат, нека е жив и здрав. Кој смета дека е секси Кравиц сместа нека зема упат за очно. Ме нервираше и во Big Little Lies и тука исто.
Џон Тортуро е смешка ко негативец. Лазар Бараков подобро ќе изглумеше.

Оној Пол Дено (Дејно уатевр) и немаше некој screen time, освен сцената во барот и во лудницата кај што ништо не покажа.
Поголем психопат беше во Prisoners, кај што глумеше ретардиран, отколку тука кај што требаше да изглуми психопат.

Не ги читам стриповите и не ми е гајле колку ги следи или не, ама приказната беше убер досадна и до наредна недела ќе заборавам дека сум го гледал.

Оцена 5/10.
 
Член од
2 март 2022
Мислења
97
Поени од реакции
457
American Psycho (2000)

Мислам дека нема некој штонема слушнато за филмов, сепак после толку memes и култниот статус не е ни возможно да не се знае за неговото постоење.
Јас активно го имам одбегнувано филмов за да не го гледам, но еве судбината сакала да ми биде предложен и да "морам" да го изгледам. Ја немам прочитано книгата а не ни знаев што се случува детално во филмот освен тоа дека Christian Bale е психопат и глуми одлично, што сепак испадна дека е така. Не ми се допадна филмот и не би знаел со што да го оценам, има некои позитивни технички аспекти ама недоволни за да го пофалам како филм.
Благодарност до предложувачот што конечно можам да се пофалам in social circles дека ми е гледан American Psycho.
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.757
Поени од реакции
5.031
Legends of the fall - 1994


Филм за тројца браќа и една женска која ќе им растури фамилија одприлика. Грубо кажано.Браќата не го научиле она bros before hoes.

Од подобри нешта има ок емотивен саундтрак да те носи со случувањата,убава кименатографија,пресврти еден куп..
Знае да има чудно темпо каде некои сцени се развлечени а други со години у моменти натупкани како слајд шоу.Се глеа дека претерале да направат епик драма сцени и да се искористи младоста на Бред Пит како еден вид ренесансен казанова човек.

Оценка 7.5 на имдб е префорсирана исто како и филмот.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.203
Поени од реакции
8.296
Го добив ја најопасниот филм некогаш снимен
Batman vs. Teenage Mutant Ninja Turtles


Овој Робин како бебе сигурно го заборавиле во инкубатор, плус цело животинско царство го бутнале у 87минутниов филм.


фала за предложувачот, утре одам во краш да си земам албум и да си лепам сликички, као некада
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
The Road (2009)

Постапокалиптична приказна во која татко и син се обидуваат да преживеат и патуваат на југ во потрага по нешто ново, притоа избегнувајќи опасности кои ги демнат на секој чекор. Причината поради која настанала апокалипсата во светот не ја дознаваме, но не е ни важна бидејќи филмот понуди многу повеќе од обична приказна.

Таткото цврсто веруваше дека живеејќи по принципот every man for himself ќе успее да се снајде во тој суров свет, но детската душа постојано прашуваше are we the good guys? Детето имаше емпатија кон секое човечко суштество што им наиде на патот и ја поседуваше онаа чиста добрина.

Многу депресивна атмосфера владее речиси цело време, бидејќи ситуацијата е безизлезна и нема надеж дека ќе се подобри. Исто така начнаа и некои библиски теми и мотиви. Отсуството (откажувањето) на мајката и подготвеноста на таткото да го убие сопствениот син, верувајќи дека само така ќе му олесни, играа огромна улога во емотивниот набој на филмот.

И како што велеше Достоевски - Убавината (добрината) ќе го спаси светот, крајот иако е bittersweet ја долови токму оваа поента.

Му благодарам на предложувачот, навистина силен и важен филм за човештвото. Би сакала да ја прочитам и книгата.
 
Член од
9 мај 2019
Мислења
170
Поени од реакции
776
The Wages of Fear / Le Salaire de la peur (1953)
thewagesoffear.jpg
The Wages of Fear почнува како мешавина од различни култури, табиети и многу сиромаштија. Додека локалците наоѓаат по некоја ситна работа, деновите на неколкумина Европејци се исполнети од денгубење зашто не им останува ништо друго. За да побегат од таквото окружување им се потребни пари кои ги немаат и затоа неколкумина од нив ја грабаат шансата што им се пружа. На нафтено поле беснее пожар во кој умираат неколку работници. Единствен начин да се локализира пожарот е да се однесе и додаде нитроглицерин, а патот до таму е небезбеден и целата комбинација може да биде кобна за тој што го превезува. За да избегнат бунт од локалното население, Американците умешно го решаваат проблемот така што ангажираат неколкумина дојденци.
Мислите дека го раскажав пола филм? Во суштина да, бидејќи ова е првиот саат, но тој служи само за гледачот да се запознае со ликовите. Вистинското дејство започнува во втората половина на филмот, а за него не откривам ништо. Да, првите шеесет минути се малку развлечени, но ако му ги простите ќе изгледате еден од најдобрите филмови снимени досега. Не, не претерувам. Има и некои грешки, но со оглед на тоа што е снимен пред скоро 70 години, мислам дека се занемарливи. Одлична студија на карактери и последиците кои се директно поврзани со очајот во кој е фрлен човек. Како прогресираше, така чувствував тензија и напнатост какви што не сум почувстувала, на пример, кај Хичкок. Да не речам „ми обеле косата“.
Се израдував кога го добив во порака бидејќи ем е од ‘53та, ем е француски, ем стварно не очекував вакво нешто. Првата сцена ме заинтригира ама како почна во типичен мексикански стил, осетив Хоселито вајбс и почнав да се премислувам. Среќа што скептицизмот не ме надвладеа и продолжив со чист ум. Знаејќи дека сите одлепуваат на нафта (There will be blood<3), знаев и дека не постојат шанси филмот да е чиста пропаст. Проблемот со мене е што на филмови, освен на оние филм-поезија, секогаш се водам од претпоставки. Си го расипувам ќеифот ама посилно е од мене. Тука и покрај сите сомнежи, што погодени, што не, уживав во крај. За мене ова беше уникатно искуство и ептен му благодарам на писателот. (не)Намерно, ме погоди в центар! :love: Веќе го додадов и Diabolique на листа.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Дечки, дали има ентузијазам да продолжуваме и следниот месец со дедомразиве или да паузираме до септември?
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.057
Поени од реакции
6.715
Дечки, дали има ентузијазам да продолжуваме и следниот месец со дедомразиве или да паузираме до септември?
Филмот за мене што е, ќе го гледам до септември, така да ми одговара.



Али има напредок вчера скинав 40 мин од тие 4 саата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom