Secret Movie Writer

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.673
Поени од реакции
35.352
Дечки, дали има ентузијазам да продолжуваме и следниот месец со дедомразиве или да паузираме до септември?
Јас сум за продолжување :pipi:
Филмот што го добив го преплакав. Предложувачот ми должи марамчиња. Ќе го рецензирам утре.
Автоматски споено мислење:

Али има напредок вчера скинав 40 мин од тие 4 саата.
Што филм ќе беше 4 часа, да не си добил некоја индиска серија :icon_mrgr:
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.057
Поени од реакции
6.715
Што филм ќе беше 4 часа, да не си добил некоја индиска серија :icon_mrgr:
Ја сум си крив овој пат, сум ставил у watchlist љубовен 4 саата филм.


А писателот мој поарно да не се кажува, на следно вакво ако ми се падне пуштам боливуд 4 саата. jk jk
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Дечки, дали има ентузијазам да продолжуваме и следниот месец со дедомразиве или да паузираме до септември?
Ако имате теми за сите месеци, може. :D

Со мала измена за времето за пријавување на играчите, нека биде 2-3 дена макс за да има повеќе време за добивање/давање предлози и гледање на истите.

Да речеме од 1-3ти пријавување, од 3-10ти давање предлози и од 10-31 гледање и пишување.
Ја и времето за давање предлози би го скратил исто на 2-3 дена пошто добиваш лик и му наоѓаш филм за максимум пола саат.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Ако имате теми за сите месеци, може. :D

Со мала измена за времето за пријавување на играчите, нека биде 2-3 дена макс за да има повеќе време за добивање/давање предлози и гледање на истите.

Да речеме од 1-3ти пријавување, од 3-10ти давање предлози и од 10-31 гледање и пишување.
Ја и времето за давање предлози би го скратил исто на 2-3 дена пошто добиваш лик и му наоѓаш филм за максимум пола саат.
Обично ги штимам некако да завршуваат фазите у недела, а да почнуваат у понеделник, тоа не сум јас тоа е моето ОЦД. Повеќе време оставав за пријавување за да се пријават повеќе луѓе демек, да има време да ја видат темата и што ти јас знам да не испадне ко декемврискиот кога имаше некои што се пријавија после рокот па имаше мини лотарија за нив само.

Во секој случај, тоа оставам на @Zlatikevichius да одлучи дали сам, дали во консултација со вас, бидејќи јас следниот месец нема да бидам во можност да организирам (само ќе учествувам), па како ќе се договорите со него, така.

Инаку теми има(ме) во изобилие, и секогаш е отворена опцијата и вие да предложувате теми, како во март што go-to тема ни беше да е во знакот на жената, ама соер предложи подобра и ја искористивме неговата.

Злате е вашиот човек за јуни месец, сите поплаки кај него ќе ве молам :D
 
Член од
2 март 2022
Мислења
97
Поени од реакции
457
Дечки, дали има ентузијазам да продолжуваме и следниот месец со дедомразиве или да паузираме до септември?
Не би било лошо да продолжи, сепак се работи за еден филм да се изгледа за период од еден месец. Не би претставувало проблем според мене, колку и да е топло времето и нема расположение за седење пред монитор, сепак ќе се најдат два часа месечно.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.673
Поени од реакции
35.352
Читачот за мене го спремил филмот
The Reader

Снимен според истоимениот роман на Бернхард Шлинк, преведен на повеќе од 50 јазици.

Започнува како необична љубовна приказна помеѓу Мајкл Берг (Давид Крос) и двојно постарата Хана Шмиц (Кејт Винслет). Страстната врска нагло се прекинува кога Хана исчезнува од животот на Мајкл.
8 години подоцна, сега веќе младиот студент по право повторно се сретнува со Хана, но овој пат во судница. Хана седи на обвинителна клупа, како припадник на нацистичкиот режим, обвинета за извршување на нацистички злосторства против човештвото.
Главниот акцент во филмов е ставен на тајната на Хана. Мајкл ја дознава нејзината тајна и има можност јавно да проговори, но во одлучувачкиот момент тој решава да молчи и само да гледа како судот ја осудува на доживотен затвор. Таа своја одлука го прогонува во текот на целиот живот.
Возрасниот Мајкл (Ралф Фајнс) животот го поминува снимајќи касети за Хана и се обидува да сфати како е воопшто возможно така да се сака некој, кој можеби бил монструм.
Не станува збор за само една љубовна приказна, туку совршено се прикажува една тажна, крајно емотивна, слоевита и доста комплексна животна приказна, за човечката природа. На што се се спремни луѓето да направат, само за да го прикријат она од кое се срамат.
„Arbeit macht frei - Работата ослободува“, НЕ сите луѓе кои носеле фашистичка униформа, биле фашисти. Нивниот ментален склоп е нивната максимална посветеност, преданост и одговорност во завршувањето на дадените обврски, без да бидат воопшто свесни што всушност прават.

Сценографија, костимографија, фотографија одлични. Музиката преубаво надополнување и вклопување, тажна, меланхолична. Кејт Винслет добива Оскар за најдобра главна женска улога, одлична глума и прекрасно донесен ликот на Хана (иако не спаѓа во редот на моите омилени актерки). Давид Крос (ист @Dumbledore) одлична глума, емоција, далеку подобар од Фајнс.
Филмов ми остави навистина голем впечаток. Сум го посетила Аушвиц и повторно ми се вратија сликите од спомен собите со детските играчки и сите тие чевли:(

Читачу, ти благодарам на предлогов, навистина ми се допадна. Го исплакав.
Благодарение на филмов следна книга за читање ќе ми биде „Читачот“ од Шлинк. Чисто за споредба и затоа што сум поборник на тезата дека книгата е СЕКОГАШ поубава од филмот:pipi:
 
Последно уредено:
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.165
Поени од реакции
10.130
Му се спремам на филмот одамна, а со книгата немаш утка. Одлична е, Дарклејди. :)
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.673
Поени од реакции
35.352
Му се спремам на филмот одамна, а со книгата немаш утка. Одлична е, Дарклејди. :)
Филмот навистина ми се допадна, а штом филмот ми се допадна, знам дека книгата ќе ми се допадне уште повеќе. Веќе ја нарачав :vozbud:

Заборавив да напоменам мислам дека @wot беше предложувачот :cautious:
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.653
Поени од реакции
34.080
Филмот навистина ми се допадна, а штом филмот ми се допадна, знам дека книгата ќе ми се допадне уште повеќе. Веќе ја нарачав :vozbud:

Заборавив да напоменам мислам дека @wot беше предложувачот :cautious:
Yep, jas ti go predloziv. Knigata ja procitav u edna nokj, prilicno solidna. Milo mi e sto ti se dopadnal.

Ne mozam periodot da go izgledam mojot predlog, se izvinuvam, no do 5ti juni definitivno ke go. <3

Sto se 5 dena kasnenje? Nisto. :D
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.462
Поени од реакции
3.601
Zatoichi

Дејството се случува во феудална Јапонија, каде има град контролиран од банда која е пали-гаси и собира данок кога ќе им текне. Претходната банда биле поумерени, ама овие го малтретираат народот. Тука на сцена настапува слепиот самурај Затоичи. Малку апсурдно и одбивно, ама реков нема врска филмов изгледа дека ќе е добар, па ќе преминам преку тоа. Слепиов ги убива сите, кој како му се курчи го сече, strong silent type. Во градот има уште еден самурај што исто парче ги прави, кој ќе се вработи кај бандата. Во градот исто дојдени за одмазда се две гејши едната женско, другата лејдибој, кои подоцна се здружуваат со слепиот. Како што реков на почетокот заради добрата снимка и одличен звук, изгледа како да ќе биде добар филм, ама не е и е полн со нелогичности, бетер од Чеки Џен тип на филм. Слепиов се коцка и стално добива, многу глупо и нелогично, ја убива приказната со ова. Ајде тоа нема врска, ама слепиов им ебава матер десет души ги расекува од еднаш, праење парче. После ќе го бараат да го тепаат и ќе му се прикрадуваат, ама овој сите ги расекува, а се шета сам секаде. Е сега доаѓа моментот кога ќе ги испорасече милион души, ќе го убие и тој најјакиот што е, па стига до шефот во бандата и клошарот му вади ПИШТОЛ. Тука сфаќаш дека филмов е ептен за никаде, па за кој кур му се прикрадувавте со мечеви, кога можело некој само да го упука од далеку во тоа шумите... Се на се срање во боја. За пофалба е добрата снимка (и покрај намерно лошото цги) и звукот беше феноменален. Композициите се надоврзуваат на звучните ефекти, секоја чест, добро сработено и единствена причина зашто давам малку повисока оценка.

5/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.910
Поени од реакции
37.039
Ne mozam periodot da go izgledam mojot predlog, se izvinuvam, no do 5ti juni definitivno ke go. <3
Same. Нека не се лути мојот предложувач, ама навистина немам ни еден слободен ден до крај на месец.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.462
Поени од реакции
3.601
Благодарение на филмов следна книга за читање ќе ми биде „Читачот“ од Шлинк. Чисто за споредба и затоа што сум поборник на тезата дека книгата е СЕКОГАШ поубава од филмот:pipi:
Во книгата ја нема Кејт Винслет гола, што значи ти паѓа во вода тезава :D
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.673
Поени од реакции
35.352
Во книгата ја нема Кејт Винслет гола, што значи ти паѓа во вода тезава :D
Да ти кажам право, па гола Кејт Винслет ништо посебно. :toe:
Ете јас да сум машко, ако ми се дигне на Кејт, си го сечам. Сепак вкусови се во прашање :icon_mrgr:
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Get Carter (1971)

Не знам што да пишам за филмов. Не ми се свиѓаше, не ме привлече приказната и воопшто не ме заинтересира што се десило со брат му на Картер.
Многу ликови, многу испреплетена приказна, глумциве ко сите исти да ми беа. Глумата обична, школска, ништо посебно.
Мех филм.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom