Саем на книгата

Член од
21 јануари 2022
Мислења
397
Поени од реакции
2.134
Патем, во повеќето книжарници нема саемски попусти, веројатно е така договорено за Саемот на книгата да биде попосетен. Мислам дека првпат е вака.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.272
Поени од реакции
8.659
Бев и јас, некако најслабо оваа година откако памтам. И со понуда и со посетеност. Купив само една книга, Кокаински хроники. Тапа ми беше некако, ни пари не можеш да се натераш да потрошиш...

Се мислам уште еднаш да отидам за стрипот Маус да го купам.
 
D

dobramuzika

Гостин

I da otidesh, nema da zazhalish, samo mnogu e tezhok za chitanje (barem mene mi beshe), ednash go prochitav i tolku, ne mozham vtor pat, ne deka e losh, tuku takov mu e stilot na pishuvanje i crtanje na avtorot.
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.477
Поени од реакции
3.287
Некако многу нагло најавија дека саемот оваа година ќе се враќа во редовниот пролетен термин, требаше многу порано да дадат известување, сигурен сум дека сите издавачки куќи ќе имаа повеќе време да се спремат. Јас лично бев затечен и успех е што успеав една мала книгичка да спремам, ама многу беше кнап со време.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.163
Поени од реакции
10.128
20220505_140521.jpg

Скапичко или како минуваат годините се ускржавив и многу-многу не ми се даваат пари за книги.

Македонските ми беа во план, Памук не, ама долго ја сакав оваа од него и дај шта даш. 1000че за 3 книги - саемски "попусти".

Ја најдов и Балкановавилонци од добитниците на Роман на годината, али 525 денари не ми се дава за таа книга, па мајка Јана нека е. Ај Памук го превеле, плаќале преведувач, па да разберам до некаде цена од 500 денари, ама Луан Старова да не го печателе на златна хартија случајно?! И тоа книга од пред скоро 10 години да ја држат таа цена... :(
 
Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.649
Поени од реакции
35.227
Ја почнав „Денот на црвот“. Вели дека „со чуда треба да се внимава“. Треба да се случи вистинско чудо за да книгава го заслужи признанието „Роман на годината“ во однос на Старова и на Урошевиќ.

Орхан Памук вреди за сите пари :love: Со нетрпение го очекувам Кундера да ми пристигне
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.837
Поени од реакции
36.874
39F045DE-8013-494F-B4AF-A84CB426D86F.jpeg

Госпоѓа Бовари ја земав после постот на форумџијата за книгата во темата “Што читате сега”. Кај Темплум отидов да ја земам Али и Нино по препорака на Сусаро али ја немаа во моментот таму па ќе ја земам некој друг ден. Прашај ја правта од Фанте ми ја препорачаа а од Газданов уште оваа ми остана. Црвец морав да ја земам пред да биде распродадена и 300 денари за Алијас Грејс не можев да испуштам. Убиство во Ориент Експрес ќе ми биде прва прочитана книга од Агата Кристи:нинџ:
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.163
Поени од реакции
10.128
Прегледај го приврзокот 331400

За мене и најдобрата нејзина, од тие 4-5 што ги имам прочитано. Не дека другите се лоши, Агата е кралица на мистеријата, ама самиот пресврт на крајот, при откривањето на убиецот, најмногу ме бендиса.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.706
Поени од реакции
13.378
Прегледај го приврзокот 331400

Госпоѓа Бовари ја земав после постот на форумџијата за книгата во темата “Што читате сега”. Кај Темплум отидов да ја земам Али и Нино по препорака на Сусаро али ја немаа во моментот таму па ќе ја земам некој друг ден. Прашај ја правта од Фанте ми ја препорачаа а од Газданов уште оваа ми остана. Црвец морав да ја земам пред да биде распродадена и 300 денари за Алијас Грејс не можев да испуштам. Убиство во Ориент Експрес ќе ми биде прва прочитана книга од Агата Кристи:нинџ:
Прашај ја правта од Џон Фанте е од оние случајни откритија кои те тераат да експериментираш со вкусот по малце. Ја зедов онака чисто од кур-ташак (без препораки, истражувања тиреков-мирече) и испадна една од поомилените икад прочитани, заедно со Тунел од Сабато.
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.226
Поени од реакции
14.523

И мене овие две книги ми се меѓу најомилените. Да сум дете, книги во споменар што би ги напишал. :D

Тоа чувство кога ќе налеташ на книга, со која не брзаш да стигнеш до крај, да завршиш, туку уживаш во читање, некогаш не си свесен дека си престанал некоја минута со читање, не ни размислуваш нешто особено, само те пореметила малку книгата. Кога ќе завршиш ја превртуваш во раце и си велиш што беше ова?!

Можеби има "поквалитетени" книги, понадарени писатели, поголеми мајстори, но не успеале така да допрат до мене.

Прво такво искуство ми беше Странецот, некаде на 14-15 години (од тогаш ја немам пак читано), па Фанте некаде на 20 г., па во следните години Хамсун со Кругот се затвора, па Патување до крајот на ноќта на Селин и на крај Тунел.

Не знам каков впечаток би имал и дали толку би ми се допаднале ако сега земам да ги препрочитувам (иако некои сум ги читал по два пати, но не сакам многу да препрочитувам книги) или да сум ги читал во друг период од мојот живот.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.272
Поени од реакции
8.659
Ако некој сѐ уште се мисли што да купува, моја сугестија се Басни и Ѓаволовиот речник на Бирс, на двете издавачката куќа е Темплум. Во Ѓаволовиот речник има некои места каде е послабо преведувањето, ама се тера некако. Басните се без грешка.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom