Саем на книгата

  • Креатор на темата Креатор на темата Emma
  • Време на започнување Време на започнување
Букленд имаат попуст од 25% на сите изданија, па може да се испазари нешто поевтино, ако некој намерачил изданија од Литература, Магор и сличните што држат цена.

Љубов во време на колера мислам редовна цена од 500 денари беше во Литература, во Букленд за 375 ќе ја купите.

Или Поаро романите што ги продаваат по 380, во Букленд ќе ги пазарите по 285 ден.
 
Сега да се мудри и да направат на Саем ако отидеш книгите да се по 25% поефтини од што биле преку цела година, а преку веб продавниците 10% до 15% - да можеме да не мора да се туркаме по Саем и да си купиме поевтини книги и ние кои не сме многу меѓу луѓето :)

P.S. Има веќе намалувања и „во“ онлајн книжариниците, не сум видел :)
 
Последно уредено:
Работно време како е?
 
И уште ако може од литература линк за понуди ако можете да ми дадете супер!
 
Бев во Матица, имаат убав попуст. Ако некој го води натаму патот, нека си ја земе "Патот" за 60 ден! :noze:
 
Некој некаде има објавено список на учесници на годинешниов саем?
Саемов нема официјален веб, а тој на организаторот не е ажуриран од лани.
 
Отидов без да имам однапред испланирано барем една книга, не гледав многу ни каталози. А бидејќи знам што е издадено, не ни очекував некое изненадување, повеќе отидов да испочитувам традиција.

Кај Полица имаше дел со евтини ѕвезди/нобеловци од каде ја земав Улиште од Камило Села. И така имав во план да ја барам во нареден период, па ептен сум задоволен како ги потрошив тие 100 денари.

Од Три ги земав двата тома Човек без својства од Роберт Музил, попустот преку 40% изгледа беше. И на нив им се спремам некој период, но мислев да ги земам од едицијата "ѕвезди...", но и така ги гледав само во мек повез, а фонтот знаел да ме мачи од таа едиција, па решив овие да ги земам. Можеби нешто и поивтени се во ова издание.

Се вртев два пати околу Бегемот и Или-Или да земам нешто. Но имам доста од тоа што ми е интересно, а плус не е мал број на книгите што уште не се прочитани од кај нив, па решив да не купувам на сила. Го земав само Конрад од Бегемот.

И за крај, Процес од Антолог. Го имам читано како средношколец и тоа на српски, па викам нека стои во библиотеката македонско издание, има шанси да го препрочитам.

Кај Книгоманија гледав да не ми фали нешто од Табернакул, но изгледа веќе сум собрал од магацинот на Блага, се што сум сакал од нив.
 
Последно уредено:
Се подновив и јас. Нешто за мене, нешто за подарок.
1. Тајниот говор - Том Роб Смит
2. Бестрашните пилотки - Ноел Салазар
3. Светски поредок - Хенри Кисинџер
4. Човекот од високиот замок - Филип К. Дик
5. Миленик - Кирсти Блом
6. Соња - Игнаци Карпович
7. Дворјанско гнездо - Иван Тургенев
 
20220503_201605.jpg

Еве го мојот плен од Саем. Знам дека звучи како клише веќе, зашто секоја година го кажуваме истото, ама овојпат навистина беше најлош Саем во историјата на саемите! Не само Матица, Просветно Дело, Македонија Литера, Блесок, Слово и други кои веќе со години ги нема, сега ја немаше и една Икона! Штандовите преголеми, понудата прештура, цените превисоки. Во однос на попустите, морам да ги пофалам само Антолог, Бегемот и ПНВ Публикации (иако годинава не купив ништо од последните две) кои навистина имаа големи намаленија на цените. Бидејќи не сакав да давам по 200+ денари за книги кои ќе ми седат и собираат прашина, одлучив скоро се што купувам за мене, да биде за да пополнам дупки во Или Или колекцијата, па така повеќето од парите ги потрошив таму (голем дел се тоа последни изданија од по 100 денари). The Game од Барико одамна ја чекав со поголем попуст, и конечно ја дочекав, за 200. И не достојав на зборот дека ќе ги бојкотирам Арс Ламина, ама само заради таа големата „Бајки од Македонија“. Инаку и нејзе ја меркам одамна, лани едно време и во книжарница кај нив беше намалена од 1500 на 1000 денари, и многу ми беше мака што не ја купив, зашто навистина вреди за сите пари. Сега кога ја видов дека е пак 1000, одлучив дека не смеам да ги бојкотирам, сепак. Плус имаа и дополнителен попуст од 10% на каса за купени мин. 5 книги, па си ја зедов и Истанбул од Памук и 3 од новите лектири за основно: Кифличката Мирна, Капетанот Торнадо и Збунети години. Така Бајки од Македонија за цела година ми испадна со попуст од 1500 на 900 денари и сум пресреќен што ја зедов (и да, пред да влезам, проверив на сајтот на Букленд, поскапа е таму ;) ). Од Антолог плус зедов уште 2 лектири за основно: Сакам книга и Природо љубов моја. За штрумфовиве дома, нормално неизбежните последно издадени сликовници од Светот на Биби и Боби (Жирафата Жижи е буквално денешно издание), боенки и балончиња. А за мој мерак, зашто ме утепа носталгија кога ја видов: „Бушавата азбука“ за петстотче од Чудна шума.

И уште нешто: од такт ме вадат издавачки куќи кои се прават паметни: „Градот и градот“ од Чајна Миевил на Бата Прес до пред некој ден им беше на попуст од 250 денари, а не ја купив зашто мислев дека на Саем ќе биде поевтина, сега на Саем ја продаваат 300. Ги запишав на листата на најомразени издавачи. Имаше интересни и евтини наслови во Арс Студио, ама и од тааму не зедов ништо, не знам кој спомна тука дека им биле лоши преводите. Другите: Полица, Три, Феникс - изгор скапи! Култура, Ѓурѓа, Топер, Книгоманија, секташките штандови, албанските и турските, како и МПЦ ОА, МАНУ, Институт за македонски јазик - ги заобиколив и не ни застанав таму. Академска книга со нивниот нормален до 20% попуст. Арс Ламина сепак и не изпаднаа така лоши. На други не ми текнува. Ако се сетам, ќе додадам подолу.
 
Бев во Матица, имаат убав попуст. Ако некој го води натаму патот, нека си ја земе "Патот" за 60 ден! :noze:
Матица само вреди ради нивните постари изданија. Под постари, мислам на +15 години уназад. Се што е после тоа е скоро на ниво на ѓурѓа. Така да и денар не би им дал за тазе шкакљиво преведена литература. Мораат да се консултираат сами со себе за која целна група ќе настапуваат, инаку ќе станат тешки книгохоличари во иднина. (pun intended)

279404092_10160188319524266_2108157800776978539_n.jpg

Бев и јас со ниет само онаа у центар да ја земам, ради пуста носталгија. Па завршив со уште 12 книги. Како и @Zlatikevichius и јас во или-или влегов пред се од колекционерска природа (имаат ниска цена на постарите изданија), тркнав до Артконект за Американа (по препорака), па оти сум у некој поаро филм влезен деновиве, зедов 2 книги од Агата и една нејзина автобиографија (скапички но верувам дека вредат)... и заборавив кога влегов у халата прво што ми падна во очи беа Арс либрис за стручнна литератута (пошо нели Слово го нема нигде) и си испазарив две од таму, на слепо. Какви се, ќе видиме понатака.
Се на се, скромен саем, ми остануваат уште една третина од издавачките куќи да ги свртам (Антолог, Пнв публикации, Бегемот, Три) и ваљда уште еднаш би пошол ако се има воља.
 
Дечки, порано на старата локација пред саем имаше продавачи на стари книги. Од кога се префрли саемот во салата ги нема или јас не ги забележувам?
 
Дечки, порано на старата локација пред саем имаше продавачи на стари книги. Од кога се префрли саемот во салата ги нема или јас не ги забележувам?
Ги нема, за жал. Последниот Саем на саем од кај нив најдов многу убави книги.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom