Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
ХБО и Нетфликс да ги спореди човек во фудбалски жаргон се како прва и втора италијанска лига. Се закачив на ХБО деновиве и најдов еден куп стари филмови, денес го гледав In the Heat of the Night (1968), добитник на Оскар за најдобар филм, Златен Глобус за најдобра драма и ред други награди. Утре ќе се почестам со некоја друга класика, ако остане време.

Шо пари е у АУС?
Јас немам пристап до HBO тука а не знам дали и со впн би успеал. Еднаш кога се претплатив на еден впн ми бараше америчка картица. Не знам дали има некоја фора за тоа да се заобиколи.
 
За АУС прашај го kano :)
Единствен начин да се заобиколи е некој во САД да ти плати со негова картица, а ти после да користиш VPN за да гледаш, и праќај пари во САД со пејпал или кусури се на друг начин. Можеш да го излажеш ХБО со добар VPN ама не можеш да го заобиколиш платежниот систем. Во принцип ќе се чувствуваш вака:

takemymoney.jpg

Ама пак ќе ти кажат не. Не сакаат пари луѓето, ни капитализмот не е тоа што беше. Јас сакам да си платам и да гледам исто како и Нетфликс, ама не можам, па позајмувам туѓ акаунт.
 
За АУС прашај го kano

Ти не беше АУС? Грешка сум нешто?

Ама пак ќе ти кажат не. Не сакаат пари луѓето, ни капитализмот не е тоа што беше. Јас сакам да си платам и да гледам исто како и Нетфликс, ама не можам, па позајмувам туѓ акаунт.

Мислам повеќе им е страв заради авторски права отколку што не сакаат пари. Да беше сето ова пред десетина години ќе прифатеа се и сешто. Сега некако ми се чини дека успешно се справуваат со авторски права и остали глупости. Еве ПЛ и ЛШ веќе тешко е и стрим да најдеш на интернет. На Твитер африканците што споделуваат ги гасат на секои 5 минути.
Минатата година се претплатив на тоа Curiosity Stream и они рекламираа на YouTube доста добри документарци, отварам апликацијата ништо од тоа не беше достапно. Ок, откажи претплата. Многу ме нервира кога ми рекламираат нешто што не можеш да го купиш/гледаш.
Си гледам периодов на Stremio, и освен чат-пат што знае да засецка на некои не толку познати филмови, бомба е апликацијата.
Додека на малтежаниве не им текне да казнуваат за пиратерија, ќе си фурам со Stremio и Netflix иако би платил за HBO доколку го имам достапно.
 
Можеби погрешно ве сфаќам, ама ХБО од скоро е достапен worldwide. Дсва содржина според локација, исто како Нетфликс. Нема потреба од пејпал или ВПН.
 
ХБО и Нетфликс да ги спореди човек во фудбалски жаргон се како прва и втора италијанска лига. Се закачив на ХБО деновиве и најдов еден куп стари филмови, денес го гледав In the Heat of the Night (1968), добитник на Оскар за најдобар филм, Златен Глобус за најдобра драма и ред други награди. Утре ќе се почестам со некоја друга класика, ако остане време.
Еден од најубавите добитници на Оскар во историјата, според мене, а филмот е толку underrated што е дури штета. Не знаев дека го имало на HBO, може да се репризира.
 
Можеби погрешно ве сфаќам, ама ХБО од скоро е достапен worldwide. Дсва содржина според локација, исто како Нетфликс. Нема потреба од пејпал или ВПН.
Не е достапен секаде. На пример јас можам да се претплатам ама правата ги има откупено некоја кабловска телевизија па блокиран е на нет, само со претплата на ТВ може да се гледа. Плус што ќе ти е лимитирана содржина, ти треба VPN за да гледаш тоа што гледаат америте, без рестрикции.
Автоматски споено мислење:

Еден од најубавите добитници на Оскар во историјата, според мене, а филмот е толку underrated што е дури штета. Не знаев дека го имало на HBO, може да се репризира.
Го има во САД, инаку не знам.
 
Тоа е тоа, без VPN нема добри филмови, а и не знам на пример ако плаќаш од МК дали VPN воопшто ќе помине. Јас користам Private Internet Access затоа што ми овозможува да се закачам на МТВ (наивно верував дека ќе пренесуваат фудбал некогаш), ХБО ми работи со тоа, Американски Нетфликс нејќе. Ама тоа може да е од причина што Нетфликсот го плаќам локално, а ХБО-то го плаќа друг во САД, а не поради самиот VPN.
 
Не е достапен секаде. На пример јас можам да се претплатам ама правата ги има откупено некоја кабловска телевизија па блокиран е на нет, само со претплата на ТВ може да се гледа. Плус што ќе ти е лимитирана содржина, ти треба VPN за да гледаш тоа што гледаат америте, без рестрикции.
Автоматски споено мислење:

Го има во САД, инаку не знам.

се претплатуваш кај нас, и после пушташ ус впн и го добиваш ова, комита сака да ти каже не ти треба хбо макс ус претплата.

1649269539074.png
Автоматски споено мислење:

Тоа е тоа, без VPN нема добри филмови, а и не знам на пример ако плаќаш од МК дали VPN воопшто ќе помине. Јас користам Private Internet Access затоа што ми овозможува да се закачам на МТВ (наивно верував дека ќе пренесуваат фудбал некогаш), ХБО ми работи со тоа, Американски Нетфликс нејќе. Ама тоа може да е од причина што Нетфликсот го плаќам локално, а ХБО-то го плаќа друг во САД, а не поради самиот VPN.

проблем ти е ВПН што не можеш да се закачиш на ус нетфликс
 
Eпа?
Зашто заебанции со американски банкарски акаунти, ви-пи-ен и сл.?
Ама содржините кои ги има во САД ги нема сите тука. Еве пример - In the Heat of the Night кај нас го нема ни на Max ни на OD, а @Io Sono Interista кажа дека во САД го имало. Обратно - кај нас има еден куп Disney содржини кои не верувам дека ги има во САД, зашто таму нели е достапен Disney+, а кај нас доаѓа дури летово. Значи не се истите содржини секаде.

А инаку, ако прашуваше тоа: скриншотот на @SK-92 не е од кај нас, не знам кај живее он. Кај нас во Македонија е достапен HBO GO одамна, уште пред Netflix, од пред еден месец го ребрендираа во HBO Max.
Автоматски споено мислење:

Не се во Македонија
И да - и двајцата не се во Македонија. :D
 
Ти не беше АУС? Грешка сум нешто?
Не си грешка, таман си. Ама он глуми интернет анонимен суперстар („hhh vidisi go nikot“), не смее ништо да се знае за него, ќути, не прашувај. Почитувај ја неговата приватност, аман.
 
Eпа?
Зашто заебанции со американски банкарски акаунти, ви-пи-ен и сл.?

Заради ова погоре. HBO Max не е достапен секаде.
Автоматски споено мислење:

кај нас има еден куп Disney содржини кои не верувам дека ги има во САД, зашто таму нели е достапен Disney+, а кај нас доаѓа дури летово. Значи не се истите содржини секаде.
Да, нема Дизни. Различни содржини се секаде, со тоа што преку САД имаш најголем избор.

Инаку, има TCM (Turner Classic Movies), мал дел од TCM содржината може да се гледа преку ХБО. Дали некој знае вебсајт на кој може да се гледаат само вакви филмови? Порано фаќавме TCM канал во МК, кога цветаше пиратеријата, 24h на ден пуштаа стари филмови. Би се претплатил на таков вебсајт. www.tcm.com постои ама пак оди преку некои провајдери, не може да се пристапи директно.
 
Последно уредено:
Дали некој знае вебсајт на кој може да се гледаат само вакви филмови? Порано фаќавме TCM канал во МК, кога цветаше пиратеријата, 24h на ден пуштаа стари филмови. Би се претплатил на таков вебсајт. www.tcm.com постои ама пак оди преку некои провајдери, не може да се пристапи директно
Criterion channel
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom