Комита Ултрас
Модератор
За АУС прашај го kano
Единствен начин да се заобиколи е некој во САД да ти плати со негова картица, а ти после да користиш VPN за да гледаш, и праќај пари во САД со пејпал или кусури се на друг начин. Можеш да го излажеш ХБО со добар VPN ама не можеш да го заобиколиш платежниот систем. Во принцип ќе се чувствуваш вака:
![]()
Ама пак ќе ти кажат не. Не сакаат пари луѓето, ни капитализмот не е тоа што беше. Јас сакам да си платам и да гледам исто како и Нетфликс, ама не можам, па позајмувам туѓ акаунт.
Можеби погрешно ве сфаќам, ама ХБО од скоро е достапен worldwide. Дсва содржина според локација, исто како Нетфликс. Нема потреба од пејпал или ВПН.Ти не беше АУС? Грешка сум нешто?
Мислам повеќе им е страв заради авторски права отколку што не сакаат пари. Да беше сето ова пред десетина години ќе прифатеа се и сешто. Сега некако ми се чини дека успешно се справуваат со авторски права и остали глупости. Еве ПЛ и ЛШ веќе тешко е и стрим да најдеш на интернет. На Твитер африканците што споделуваат ги гасат на секои 5 минути.
Минатата година се претплатив на тоа Curiosity Stream и они рекламираа на YouTube доста добри документарци, отварам апликацијата ништо од тоа не беше достапно. Ок, откажи претплата. Многу ме нервира кога ми рекламираат нешто што не можеш да го купиш/гледаш.
Си гледам периодов на Stremio, и освен чат-пат што знае да засецка на некои не толку познати филмови, бомба е апликацијата.
Додека на малтежаниве не им текне да казнуваат за пиратерија, ќе си фурам со Stremio и Netflix иако би платил за HBO доколку го имам достапно.






















