- Член од
- 3 март 2020
- Мислења
- 2.413
- Поени од реакции
- 5.067
И менеНека ми каже некој азербејџански филм достапен на торент да го симнам.

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
И менеНека ми каже некој азербејџански филм достапен на торент да го симнам.
Па овие филмови ни самите азербејџанци ги немаат гледано, по 2-300 души ги рејтингувале филмовите на имдб, ама на торенти не постојат.
Нека ми каже некој азербејџански филм достапен на торент да го симнам. Неам намера сите филмови да ги пишувам на сите торент сајтови што ги знам.
Ете, чекајте го мојот прв филм.И мене![]()
Овоштарник со калинки (Nar Bağı) е азербејџански, веројатно со него си се смешал. Овој беше кандидат за Оскар на Азербејџан за 2017, а истата година беше меѓу 50-тината кандидати за Европската филмска награда. Јас кога почнав да пребарувам филм од Азербејџан овој ми беше прв избор зашто само за него (и за уште еден кој и не е баш Азербејџански, туку копродукција, но ќе го гледам и ќе постирам тука за него) знаев од претходно. Pomegranate Orchard всушност го има на Youtube цел, ама нема никаков превод. Знам дека е адаптација на „Вишновата градина“ од Чехов, баш и за тоа сакав да го гледам, ама ништо, за жал. Ако евентуално некој го најде, нека кажува.Кога прочитав вчера Азербејџан се израдував зашто мислев ете можност да го изгледам Бојата на калинките од Парајанов, кога тој да ти бил ерменски.
Многу сличен! Претпоставувам до толку колку македонскиот со српскиот. Јас имам А2 сертификат по турски, иако не знам да зборувам, барем разбирам некои 50% од тоа што се зборува, а азербејџанскиов звучи прилично исто. Некако само како да менуваат по некоја самогласка, наместо а -> е, на пример, ама се разбираат зборовите. Еве и имињава: Nar Bağı на турски е Nar Bahçesi. Овој кој јас го гледав: Axınla Aşağı на турски е Akışta Aşağı. Е сега за тоа:јазикот им е доста сличен на турскиот (бар за мене кој не знае ни 5 збора на турски)
Не, не, за Бојата на калинките мислев, овој со Овоштарникот прв пат го видов кога пребарував.Овоштарник со калинки (Nar Bağı) е азербејџански, веројатно со него си се смешал. Овој беше кандидат за Оскар на Азербејџан за 2017, а истата година беше меѓу 50-тината кандидати за Европската филмска награда. Јас кога почнав да пребарувам филм од Азербејџан овој ми беше прв избор зашто само за него (и за уште еден кој и не е баш Азербејџански, туку копродукција, но ќе го гледам и ќе постирам тука за него) знаев од претходно. Pomegranate Orchard всушност го има на Youtube цел, ама нема никаков превод. Знам дека е адаптација на „Вишновата градина“ од Чехов, баш и за тоа сакав да го гледам, ама ништо, за жал. Ако евентуално некој го најде, нека кажува.
И јас сакав да го гледам Овоштарникот, ама не најдв снимка со превод. И оној Qala ми се виде интересен според реченицата со која е претставен на Летербокс, и него го нема.Ако евентуално некој го најде, нека кажува.
Хахахаха, од кај ти текна бе споредбава. Овој беше посериозен гад, немаше реплики во стил: „маче, сакаш да те напунам ко гласачка кутија“.Многу потсеќа на "Самоуништување", само главниов лик не е толкав гад колку Кумплунг.
Еве англиски превод за овоштарникот, пасува на снимката на јутуб.Pomegranate Orchard всушност го има на Youtube цел, ама нема никаков превод. Знам дека е адаптација на „Вишновата градина“ од Чехов, баш и за тоа сакав да го гледам, ама ништо, за жал. Ако евентуално некој го најде, нека кажува.
Го симнав еднаш, ваљда пред 3 години, зашто делуваше интересно. Кога видов дека е нем, го избришав.The Bra (2018)
Најти... и полјубить
![]()
После такво отварање со Норвешка, на каков стоп знак наидов.Нема врска, добро е малце да се одморам. Јасно е дека ќе има и вакви земји каде активноста ќе опадне ама па во тоа е интересното на предизвикот. Не е проблем толку земјата колку што е достапноста на филмовите онлајн. Филм како филм, секаде можеш да најдеш добар. Најдов јас 3-4 со интересна тема ама не постојат на интернетот, има некои и на јутуб со англиски превод ама ваљда ќе немам време за тие, а и рака на срце не е фората само нешто да се изгледа па макар и со сила. Нејќам така.
The Brа е прилично нов филм и го има на торенти. Германски филм односно германска продукција и режисер, главен актер србин. Нит ќе познаеш дека е германски филмот нит па дека глумецот е србин.
Мики Манојловиќ е главен актер, ако можете да го препознаете на сликава. И јас се зачудив кога видов, си викам каде бе Мики на стари години у азербејџански филм. Да, се води како азербејџански пошто е снимен во Баку односно во некоја вукојебина околу Баку.
Ова е иначе нем филм, затоа реков дека по ништо нема да приметиш дека германец и србин се главни. Мислам дека се важи изборов, Злате рече за помалите земји доволно е филмот било како да е поврзан со земјата. Мада, посакував да слушнам како зборат азербејџанците и би рекол дека ова не е најдобриот избор од азербејџанската кинематографија.
Приказната како што спомнав е сместена во некоја сиромаштија во Баку каде луѓето живеат во беда, ми дава дојам на некое гето од Индија па би рекол и некои наши населби како Топана, Шутка и слично. Воз им поминува пред двор буквално, улицата им е пруга. Мики Манојловиќ (Нурлан се вика, мада никој нит го нарече така нит па он се претстави, имдб така вика, така ви го пренесувам и јас) е машиновозач кој поминува низ оваа делница а едно бездомно дете редовно трча пред возот и со свирче ги алармира жителите да се тргаат од пругата. Возот нон стоп собира по некој предмет од куќите а Нурлан секогаш на пат накај дома им ги враќа на луѓето. Се додека не собере еден прслук. Чиј сопственик не може да го најде, односно сопственичка, да не се налути понежниот пол, односно рамноправниот пол. хехе. Се пушта во авантура и потрага по тие гради кои одговараат на величината на прслукот.
Филмов е нем а воопшто не фали разговор, таман е вака и се е на место, музиката е прекрасна, звуците истотака. Многу убаво уживање и лабавење низ сиромашниот дел од Баку. Стварно морбидна атмосфера некако, језива, многу сиромашно, ме потсети на некоја атмосфера од нашиве краишта во 80-90те години, бедотија. Ко Џипси Меџик. Од прееска кружам да објаснувам за да не спомнам цигани, приметувате нели?
Ама сепак некако е светло и режисерот и кинематографот се погрижиле што е можно повеќе да ја развеселат глетката.
Мислам дека би им се свиѓал на повеќето членови и затоа го препорачувам, стварно. Темава е врв и искрено се надевам дека ќе откривам што е можно повеќе вакви предлози од сиромашни земји и земји од кои никогаш не би одбрал филм онака рандом.
Оценката нека биде 3.5, буквално неам ниту една замерка за филмов. Неам ни некоја претерана пофалба, ама ете сметам дека 7ца е сосема ок рејтинг за Прслукот.