FILMOVISION CHALLENGE - Запознај ја филмска Европа

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување

Дали сакате нов филмски предизвик и каков?

  • Може да одмориме малце, доволно беа предизвици

    Гласови: 0 0,0%
  • Нешто сосема трето (пишете во коментар)

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    10
  • Гласањето е завршено на .
Па овие филмови ни самите азербејџанци ги немаат гледано, по 2-300 души ги рејтингувале филмовите на имдб, ама на торенти не постојат.
Нека ми каже некој азербејџански филм достапен на торент да го симнам. Неам намера сите филмови да ги пишувам на сите торент сајтови што ги знам.
Ете, чекајте го мојот прв филм.

Или напишете во search на rutraker
Screenshot_20220402-181831_Chrome.jpg
и ќе најдете десетина па и повеќе филмови.
 
На Youtube дава неколку ако пишеш:
azeri movies with english subtitles :)
 
#2 Азербејџан
Кога прочитав вчера Азербејџан се израдував зашто мислев ете можност да го изгледам Бојата на калинките од Парајанов, кога тој да ти бил ерменски.

Од Азербејџан претходно имам слушнато само за The Island Within што лани или полани освои некоја награда на Сараевскиот филмски фестивал, а оваа година им беше кандидат за Оскар. За жал не успеав да најдам торент од него.

Очигледно како што на странците им е тешко да најдат македонски филм со англиски превод, така и нам ни е тешко да најдеме азербејџански со англиски превод. Барајќи најдов реддит тема (кликнете на реддит доколку сакате да најдете предлог) во која има десетина предлози од азербејџански филмови што ги има на Youtube со англиски превод и ова подолу ми фати око - азербејџанска романтична комедија.

1648922931334.png

Оттука и мојот избор на Yoxdu belə söhbət (2017).

Филмов трае само 68 минути и како што погоре е опишано зборува за двајца музичари Камран и Меџнун кои мора да ја поминат Новогодишната ноќ со Сара и нејзината баба.

Не е невидено нешто, али не ми беше ни досаден. Некако ми беше симпатична приказната, имаше неколку места кај што ме насмеа и брзо помина времето. Интересно нешто беше што на неколку пати низ филмов имаше кратки „интервјуа“ каде што случајни минувачи ги прашуваат прашања како: „Дали верувате во љубов на прв поглед?“ или „Дали постојат чуда или тоа се само случајности кои некои луѓе си ги претставуваат ко чуда“. Овој дел малце ме потсети на речникот вo Bad Luck Banging на Раду Јуде.

Видов некои кадри од убавиот Баку, јазикот им е доста сличен на турскиот (бар за мене кој не знае ни 5 збора на турски) и низ филмов имаше и неколку песни на азербејџански што ми звучеа симпатично и доста слично на турската музика.

Сè на сè за мене беше симпатично патување низ Баку и aзербејџанската култура и од мене филмов доби 3/5.
 
Последно уредено:
Азербејџан
Го одбрав филмот Tähminä романтична драма, во желба да ги видам нивните љубовни односи.
Ме шокираа на почетокот уште: љубовта е меѓу слободен дечко и мажена жена. Не очекував таква приказна. Не знам што да кажам друго, љубов како љубов, во случајов забранета и трагична.

5/10
 
Кога прочитав вчера Азербејџан се израдував зашто мислев ете можност да го изгледам Бојата на калинките од Парајанов, кога тој да ти бил ерменски.
Овоштарник со калинки (Nar Bağı) е азербејџански, веројатно со него си се смешал. Овој беше кандидат за Оскар на Азербејџан за 2017, а истата година беше меѓу 50-тината кандидати за Европската филмска награда. Јас кога почнав да пребарувам филм од Азербејџан овој ми беше прв избор зашто само за него (и за уште еден кој и не е баш Азербејџански, туку копродукција, но ќе го гледам и ќе постирам тука за него) знаев од претходно. Pomegranate Orchard всушност го има на Youtube цел, ама нема никаков превод. Знам дека е адаптација на „Вишновата градина“ од Чехов, баш и за тоа сакав да го гледам, ама ништо, за жал. Ако евентуално некој го најде, нека кажува.

јазикот им е доста сличен на турскиот (бар за мене кој не знае ни 5 збора на турски)
Многу сличен! Претпоставувам до толку колку македонскиот со српскиот. Јас имам А2 сертификат по турски, иако не знам да зборувам, барем разбирам некои 50% од тоа што се зборува, а азербејџанскиов звучи прилично исто. Некако само како да менуваат по некоја самогласка, наместо а -> е, на пример, ама се разбираат зборовите. Еве и имињава: Nar Bağı на турски е Nar Bahçesi. Овој кој јас го гледав: Axınla Aşağı на турски е Akışta Aşağı. Е сега за тоа:

07. Axınla Aşağı / Down the River / По течението (2014)

1648929858652.png

Ова е еден од тие кои ги барав по торенти, безуспешно, а го најдов на Youtube, па кој сака да го гледа, со англиски превод - https://www.youtube.com/watch?v=pkT5S4VTxTk

Чудно, обично снимаат по 1 филм на секои 3-4 години, а во оваа 2014 снимиле 2, па така друг филм бил нивни кандидат за Оскар, а не овој. И тој го симнав, го има на Secret Cinema, се надевам ќе најдам време да го гледам и него. Инаку, сосема разбирливо што не го предложиле овој филм, му фали многу! Почна одлично, па затоа очекував многу повеќе. Руслан е веслач во тимот кој го тренира татко му Али. Татко му е многу строг спрема него, веројатно мислејќи дека така ќе го направи посилен и подобар спортист. Но индиректно неговата строгост води кон една лоша случка која засекогаш ќе ги смени животите на сите инволвирани. До тогаш се е ветувачки. Потоа се случува еден пресврт и во тонот на филмот, и во по малку изгубената режија, зашто се гледаше како да не знае на што да се фокусира, па создаде некои ситуации кои делуваа нереално (не отварајте спојлер ако сакате да го гледате):

Мајката го губи синот, а единствена преокупација и е мажот кој очигледно одамна го изгубила. Наместо да тагува, и ништо друго да не ја интересира, како што веројатно би постапила секоја мајка, оваа оди да се конфронтира со швалерката на маж и. Баш ми беше момент за facepalm тоа.

Инаку типот кој го глумеше Али си одглуми прекрасно. Останатите не баш. Младиот Руслан, на пример - ми беше повеќе апатичен отколку лут, исплашен, тажен или каков било, само понормален од тоа што е. Мајка му - пишав во спојлерот... Пак ќе речам: можеше од ова да испадне филмиште, но деби филм на режисерот, па веројатно затоа се беше млако. Плус и крајот за кој сите зборуваат дека бил ефектен:

седат сами во соба и Али и вика на жена му: не знаев дека си толку силна. :tapp: И камерата се крие позади еден ѕид. Може сакал да изгледа artsy, испаднало fartsy.

Ефектно, my ass. Само 6/10 од мене тука. И тоа 6 на климави нозе, само заради глумата на Али и заради првата половина од филмов и убавите кадри од реката.

Инаку, интересно, но филмов освен на азербејџански, имаше многу дијалози на руски. И тоа не само од ликот на русинката, туку од сите. Баш ме заинтересира да пребарам дали навистина во Азербејџан луѓето знаат руски толку добро, од времето на СССР (кога очигледно учеле). Кај нас на пример не е чудно за српскиот или српскохрватскиот, зашто и двата се слични јазици, но ваму едниот е словенски, другиот туркиски, немаат буквално еден НЗС.
 
Не бев тагиран ни поканет, па не ја видов темата.
Но ке си дозволам сам да се приклучам. И без тоа почнав да гледам филмови надвор од Холивуд.

#2 Азербејџан

Тешко беше да се најде филм кој што ке има превод, добра слика и ке биде барем добро оценет.
Најдов неколку, го избрав оној со најдобра слика.

Down the River (2014) /Axınla Aşağı/

Screenshot_1.png

Драма од саат ипол која што не ме грабна ниту за секунда. Прикажан е сегмент од животот на тренер на кајакарски тим во којшто член е и неговиот син. Таткото, тренер, не е задоволен од улогата на синот во тимот па решава да го деградира а подоцна и исфрли од тимот. Истиот ден син му ке исчезне.
Единствено добро беа неколкуте пејсажни кадри и еден пар цицки.
Досаден, плиток филм.
Немам намера да гледам друг филм од оваа држава.

2/5
 
Последно уредено:
Овоштарник со калинки (Nar Bağı) е азербејџански, веројатно со него си се смешал. Овој беше кандидат за Оскар на Азербејџан за 2017, а истата година беше меѓу 50-тината кандидати за Европската филмска награда. Јас кога почнав да пребарувам филм од Азербејџан овој ми беше прв избор зашто само за него (и за уште еден кој и не е баш Азербејџански, туку копродукција, но ќе го гледам и ќе постирам тука за него) знаев од претходно. Pomegranate Orchard всушност го има на Youtube цел, ама нема никаков превод. Знам дека е адаптација на „Вишновата градина“ од Чехов, баш и за тоа сакав да го гледам, ама ништо, за жал. Ако евентуално некој го најде, нека кажува.
Не, не, за Бојата на калинките мислев, овој со Овоштарникот прв пат го видов кога пребарував.

Screenshot_20220402-225906_Chrome.jpg
 
Ако евентуално некој го најде, нека кажува.
И јас сакав да го гледам Овоштарникот, ама не најдв снимка со превод. И оној Qala ми се виде интересен според реченицата со која е претставен на Летербокс, и него го нема.
 
The Worst Person in the World (2021)

Norway.png

Воопшто не ми се допадна филмот. Може и не беше вина на филмот тоа, но едноставно не вајбавме, а имав и високи очекувања сепак, критиките и оценките си го направија своето. Од овој режисер исто така не ми се допаднаа ни Телма, а ниту Осло,31ви август. И од Телма исто така имав високи очекувања што не беа исполнети, а Осло ми беше суперспор и досаден. Не ми се допаѓа нарацијата на режисеров, премногу ми е рамна, и ништо не се случува цел филм, ни кулминација ни заплет ни расплет.

Конкретно за овој филм, не сфатив што му беше поентата, ниту пак пораката. Ако воопшто имаше некаква порака. Пробав да му најдам смисла во коментарите на летербокс, но и таму многу малку се пишува за филмов, многу повеќе потресени (претпоставувам) жени што се пронашле во главниот лик. Тоа ли беше поентата? Да се пронајдеме во Јулија и да си го видиме сопствениот живот на филм? Ако беше тоа поентата тогаш комплетен фејл, воопшто не се пронајдов, всушност и многу ме иритираше. Но, од друга страна зошто некој би снимил филм за пронаоѓање што се вика The Worst Person in the World, зашто Јулија стварно тоа беше. Премногу некако прогресивен и воук за мој вкус, како да сакаше да се поврзам и да сочувствувам со комплетен failure of а human being, не видов ниту една критика во било кој дел од филмот насочен кон неа, така што не разбрав баш која е позицијата на режисеров во врска со Јулија и што сака да ни каже преку ликов.

Од технички аспект ми се допадна, особено камерата.

6/10
 
Down The River (2014)

Азербејџанска трагедија. Многу потсеќа на "Самоуништување", само главниов лик не е толкав гад колку Кумплунг. Класика се вози Лада, сцена со цицките од швалерката, психички ги малтретира синот и сопругата. Ќе прави планови со швалерката да избегаат некаде заедно, се дави син му и од тој момент до крајот на филмот сите сцени се од неговата скислена фаца и тргагична музика во позадина. Глумата онака просечна и во глобала многу безврска филм и безврска држава Азербејџан. Од секогаш ми биле мех. Ме измачи мн, едино што ми вредеше во гледањево на филмов е што ќе иам во резуме Азербејџански филм, кога ќе се ставам на некое маче. :D
4/10
 
Многу потсеќа на "Самоуништување", само главниов лик не е толкав гад колку Кумплунг.
Хахахаха, од кај ти текна бе споредбава. Овој беше посериозен гад, немаше реплики во стил: „маче, сакаш да те напунам ко гласачка кутија“. :pos:
 
Ашик Кериб (1988)

Ашик Кериб или Ел Топо во македонски народни приказни.

Еден музичар (Ашик) сака да ја земе царевата ќерка за жена. Арно ама таткото не ја дава, дека овој сиромав. И така сиромајот трга усвет да фати некоја пара и да стане достоен за таткото на царевата ќерка. И на тоа патешествие се среќава со секакви ликови и ситуации, повеќето од нив надреални или фантазмагорични. Отсуствува класичната нарација, дијалогот минимален, а секоја сцена имаше наслов како од немите филмови.

Немам никакви познавања од азербејџанската култура, уште помалку од нивниот фолклор и традиција, за да евентуално препознаам некој лик, сиже или метафора. Мустаќи имаа дел од ликовите, ама затоа сите беа со гајтан веѓи и мажи и жени.

Визуелно пребогато со природно-рурална сценографија. Неизбежни беа калинките кои не знам дали се заштитен знак на областа или на самиот Параџанов кому ова бил последниот филм. Прекрасна музика која беше присутна цело време, иако одвреме навреме знаеше да запара низ глава некоја жица од тоа инструментот како и да им се вика.
Автоматски споено мислење:

Pomegranate Orchard всушност го има на Youtube цел, ама нема никаков превод. Знам дека е адаптација на „Вишновата градина“ од Чехов, баш и за тоа сакав да го гледам, ама ништо, за жал. Ако евентуално некој го најде, нека кажува.
Еве англиски превод за овоштарникот, пасува на снимката на јутуб.
 
Attachments

Последно уредено:
The Bra (2018)
Најти... и полјубить
the-bra-il-reggipetto-trailer.jpg

После такво отварање со Норвешка, на каков стоп знак наидов. :D Нема врска, добро е малце да се одморам. Јасно е дека ќе има и вакви земји каде активноста ќе опадне ама па во тоа е интересното на предизвикот. Не е проблем толку земјата колку што е достапноста на филмовите онлајн. Филм како филм, секаде можеш да најдеш добар. Најдов јас 3-4 со интересна тема ама не постојат на интернетот, има некои и на јутуб со англиски превод ама ваљда ќе немам време за тие, а и рака на срце не е фората само нешто да се изгледа па макар и со сила. Нејќам така.

The Brа е прилично нов филм и го има на торенти. Германски филм односно германска продукција и режисер, главен актер србин. Нит ќе познаеш дека е германски филмот нит па дека глумецот е србин.
Мики Манојловиќ е главен актер, ако можете да го препознаете на сликава. И јас се зачудив кога видов, си викам каде бе Мики на стари години у азербејџански филм. Да, се води како азербејџански пошто е снимен во Баку односно во некоја вукојебина околу Баку.
Ова е иначе нем филм, затоа реков дека по ништо нема да приметиш дека германец и србин се главни. Мислам дека се важи изборов, Злате рече за помалите земји доволно е филмот било како да е поврзан со земјата. Мада, посакував да слушнам како зборат азербејџанците и би рекол дека ова не е најдобриот избор од азербејџанската кинематографија.

Приказната како што спомнав е сместена во некоја сиромаштија во Баку каде луѓето живеат во беда, ми дава дојам на некое гето од Индија па би рекол и некои наши населби како Топана, Шутка и слично. Воз им поминува пред двор буквално, улицата им е пруга. Мики Манојловиќ (Нурлан се вика, мада никој нит го нарече така нит па он се претстави, имдб така вика, така ви го пренесувам и јас) е машиновозач кој поминува низ оваа делница а едно бездомно дете редовно трча пред возот и со свирче ги алармира жителите да се тргаат од пругата. Возот нон стоп собира по некој предмет од куќите а Нурлан секогаш на пат накај дома им ги враќа на луѓето. Се додека не собере еден прслук. Чиј сопственик не може да го најде, односно сопственичка, да не се налути понежниот пол, односно рамноправниот пол. хехе. Се пушта во авантура и потрага по тие гради кои одговараат на величината на прслукот.

Филмов е нем а воопшто не фали разговор, таман е вака и се е на место, музиката е прекрасна, звуците истотака. Многу убаво уживање и лабавење низ сиромашниот дел од Баку. Стварно морбидна атмосфера некако, језива, многу сиромашно, ме потсети на некоја атмосфера од нашиве краишта во 80-90те години, бедотија. Ко Џипси Меџик. Од прееска кружам да објаснувам за да не спомнам цигани, приметувате нели?
Ама сепак некако е светло и режисерот и кинематографот се погрижиле што е можно повеќе да ја развеселат глетката.

Мислам дека би им се свиѓал на повеќето членови и затоа го препорачувам, стварно. Темава е врв и искрено се надевам дека ќе откривам што е можно повеќе вакви предлози од сиромашни земји и земји од кои никогаш не би одбрал филм онака рандом.

Оценката нека биде 3.5, буквално неам ниту една замерка за филмов. Неам ни некоја претерана пофалба, ама ете сметам дека 7ца е сосема ок рејтинг за Прслукот.
 
Го симнав еднаш, ваљда пред 3 години, зашто делуваше интересно. Кога видов дека е нем, го избришав. :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom