Затоа имаше опции оф пик време (до 15-16 ч) а не е ни до корина ни ништо, се работи за организација, што не се спроведува.
Во теретанава дневно минуваат еден куп вежбачи, ама никогаш не сум видел гужва како во мкд, и тоа имам отидено и во најголем шпиц
Имаш 10 клупи кај еднорачните тегови, 2 рамни бенчови, 2 коси бенчови, контра кос, 6-7 преси за гради и за развлекување, 4 преси за рамо, 4 кафези за чучањ + 2 смит машини каде исто може да правиш нозе, 2 скотови прегиби за бицепс, еден куп шипки со предефинирани тежини, справи посебни за трицепс, справи за нозе и за грб имаш по 2-3 за секој мускул со подесувања од секој можен агол, 6 сајли за трицепс од кои 2 се комбинирани со лат машини за грб + едната е специјална за гради со подесување по висина, боксерски вреќи, крос фит справи rowing, weight sled и 20тина метри специјализирана патека за влечење, посебен дел за кросфитерски вежби за да фрлаш шипки и да се џиткаш на вратила, гимнастичарски кафези, вратила со помош за тие што не можат да се дигнат....теретанава работи 24/7/365 денови, и може да влегуваш и излегуваш колку пати сакаш со картицата, има огромен простор и се можно од опрема, квалитетно и професионално изработени справи (сите се подесуваат по висина/агли/отпор), продавница за суплементи на горен кат доколку сакаш да земеш нешто и плус даваат промоции за членовите (на старт ми дадоа 50 долари попуст на прво купување, плус има и 50 долари ако препорачаш другар да се упише тука).
Ова задоволство кошта 76 долари месечно (околу 3000 мкд денари, и плус ги плаќаш на неделна база, на денот кога си зачленет (преку сметка самото си повлекува за периодот што имаш уплатено, пример 8 недели, битно е само да имаш 19 долари на сметката кога ќе треба да повлече самиот систем). Инаку тие 76 долари тука се еднакви на 2-3 работни часови нето кај минимална или просечна плата. Инженери, доктори, адвокати, економисти имаш кои заработуваат и по многу повеќе од ова, што практично би значело дека со 1 или помалку од 1 саат работа ја плаќаат месечната теретана.
Облека за во теретана (dri-fit), ако не сакаш да купуваш брендирана (најк, адидас и сл), имаш маркети каде се продаваат шорцеви/маици за по 5-20 долари парче (210-800 денари) и патики за вежбање 15-30 долари. Буквално имаш есап да менуваш нова гардероба на многу кратки рокови, и старата да ја фрлиш во канта. Не сум видел човек да доаѓа како кај нас со некои рандом маици што му ги дале во наградна игра, или што ги износил за нови, па ајде во теретана олуштени како да се најдени на ѓубре.
Големи пешкири 2-4 долари парче, нема човек што не носи пешкир (задолжителен е, без ова имаат право да те вратат согласно договорот што го потпишуваш на старт), смешна цена се како да купиш мастики.
и едно кратко видео
Download 0-02-07-bde421997b63b4d8ea09d3d976a3ef87e1dca0520ca1ca3aaa9a1700c5eefa47_260b40779323c6c5.mp4 for free from ufile.io instantly, no signup required and no popup ads
ufile.io