Се си погодил, што си напишал.
Средината ептен извисува, не толку во организирање на нападот колку во дефанзивните задачи и вршењето на пресинг.
Верувај, Реал во пресингот делува некоординирано зашто ПСЖ прави така да изгледаат.
Едноставно пребрзи се за Реал, поготово со подршката која ја има средниот ред на ПСЖ од Хакими и Мендеш.
Асенсио е дно дна, тотално неупотреблив натпреваров, дури и во дефанзива никаква помош не му е на Карвахал.
ПСЖ е далеееку подобар противник од Реал двобојов, дури резултат можеше и повеќе да биде во нивна полза.
Има уште едно полувреме, да, ама не ми се верува Реал да успее два гола да даде.
А и примети ги ПСЖ, грото од играчите им се фокусирани на страната на Винисиус, иде дијагонала до Карвахал, ја губи топката и се ствара огромен отворен простор за Мбапе.