FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562
Од нигде никаде крена суќнаа и од нога почна да моча... ахахаха
Порано жените по селата така мочале :) само не знам што беше целта тоа го покаже, освен уште една изнудена непријатност за гледање.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.741
Поени од реакции
27.733
The Painted Bird

I failed to see a deeper point во овој филм освен „видете го мизерниов живот на детево и се што се случува околу него и бидете шокирани“.
Значи исполнет со многу гадни работи чија цел е секако да те шокираат.
Вадење на очи, бесење, убивање, закопување дете у земја ишишано војнички и го клукаат и раскрвуваат 15 гаврани... очигледно не беше доволно да и бутаат шише на жената во нејзината вагина, туку тоа требаше да биде ШУТНАТО внатре.
Дете има нешо као секс со една млада мома а таа потоа симулира секс со коза и дете како дете што ќе направи?
Секако дека ќе ја обеси козата, ќе ја пресече главата, и ќе отиде и ќе и ја фрли низ прозор на женава.
Пошо е љубоморен, ви текнуе. Од се што се случуваше околу него, тоа беше најлогичното нешто што треба да го направи.

Филмов уствари беше као на некој измислен јазик, измешани повеќе словенски?
Некогаш разбирав 90%, некогаш 30%...

Кој го предложи филмов?

Морам да ја пофалам кинематографијата, тоа беше нешто најдобро во филмов. Предобри кадри.

6.5/10
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.634
Поени од реакции
31.843
Е кој го предложи филмов де...........:свиркам:

Тогаш кога го гледав знам дека се фацинирав. Ми имаше некој Come and See Бела Тар шмек.
Воопшто не ми сметаа гадостите туку напротив, ми беа ок.
Го гледав во атмосфера како Џонтра, тишина, некаде 20 часот (темница) и воопшто како да не беа 2 часа и 45 минути дали (така нешто) туку ми летна времето побрзо.

За мене лично последниве 2 години во топ 3 работи што сум гледал од филмови, а ми оставиле лично силен впечаток. Сите тие бизарности низ гротеска ми беа големо освежување во европската кинематографија (која како да се подизгуби во тој дел) после насочување на Херцог и екипата кон Америка.

Не знам дали е споменат податокот, ама мислам дека некаде прочитав оти филмот бил сниман некаде 8 години (не сум сигурен за ова). Од друга страна малото детенце да, веќе потпораснува и се гледа тоа.

Најголем впечаток ми остави сцената со птицата и со коњот. Мислам дека (пошто гледан ми е тогаш кога излезе по некој месец) тука првпат детето нешто зборна во целиот филм. АМа џабе, појде јабана коњчето (n)
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Најголем впечаток ми остави сцената со птицата и со коњот. Мислам дека (пошто гледан ми е тогаш кога излезе по некој месец) тука првпат детето нешто зборна во целиот филм. АМа џабе, појде јабана коњчето
Детето во филмот изговори точно ова:
-Да тетко.
Коа таа тетка му го караше пошто децата го истепаа и му го запалија зајчето. Уште на почетокот.

И со коњот.
-Не се секирај коњче, јас ќе те чувам.

Толку збореше.

Не знам зошто толку ме повредува коа гледам смрт на коњи во филмови.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562
Не знам дали е споменат податокот, ама мислам дека некаде прочитав оти филмот бил сниман некаде 8 години (не сум сигурен за ова). Од друга страна малото детенце да, веќе потпораснува и се гледа тоа.
Детето е потпораснато кон крајот на филмот, ама не осум години, најмногу 2-3 години.


Сцената со гавраните не беше уверлива, затоа што детето воопшто не пружи отпор, можеше да вика како првиот пат и да мафта со главата. А гавраните одат на очите, не на главата. Хичкок уште пред повеќе од 60 години покажа како се прават такви сцени.
А додека стигнавме до коњот, веќе ми беше сеедно и за детето и за коњот.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
The Painted Bird

Првиот час од филмот ми беше ужасен. Имам впечаток дека филмот е сместен во некој постапокалиптичен Форест Гамп и филмот ми го скрши штуката која прелета за кратко. Но филмот доби на динамичност и ми стана поинтересен кога те трансформираше во партизански.

Приказот на нештата, очигледно, го гледаме од различни алги. Генерално сите се фокусирани на личниот пекол на детето, ама во дел од приказните тој беше пасивен набљудувач на страдањето на луѓето околу него. Имаше и лично страдање, секако, кое резултираше со фиксиран мртов поглед и насилство, а кулмираше со убиство. И тука имаше своевидна градација.

И не беа баш сите сцени невини и несвирепи, започнувајќи од палењето на зајчето па се до птицата. Повеќето, да, беа позадински ефекти и беа оставени на имагинацијата на гледачот.

Не е изоставена ни храната, супата од пилешко, чорбата од моркови и онаа овесната каша од која се добива запек! Тука имаат голем плус.

Татко му имал намера да го спаси од сигурен хорор, па дури и од смрт. Како го пронајде, претпоставувам по опис затоа што до тој момент речиси и не зборуваше и никој не знаеше како се вика. Друга идеја немам. Сѐ на сѐ, детето, имаше пар реплики. Немата глума говореше сѐ.

Имаше и македонски зборчиња т.е. зборови кои и ние ги користиме како: курво и свињо, секако во локатив, како поинаку би ги користеле!

Интересна инкорпорација на традиционализмот, суеверието, гротескоста, менталниот склоп, суровоста на човекот и доловувањето на сликата од војната.

Дури и ми разбудија стари спомени од приказни кои ми ги раскажуваше прабаба ми за втората светска војна.

Глумата ми се допадна, 10/10, но филмот и не баш.

5/10
 
Член од
18 март 2019
Мислења
445
Поени од реакции
2.045
Nabarvené ptáče / The Painted Bird

Го пуштив вчера со мајндсет колку да го изгледам ради реда, пошо според тоа што го читав очекував да биде очобол од филм. Башка три сати. Се деси сосема спротивното и лабаво го изгледав и тие неколку саати ми летнаа одма. Мислам дека тоа се должеше на кратките сцени кои се менуваа веднаш една по друга, па цело време бев во исчекување што ќе биде следно.

Реално тежок и гаден филм, ама јас не сум човек што се гади многу лесно. Повеќе ми се гадеше од тоа то се дешаваше и бев во WTF елемент, отколку од визуелните слики. Едино малку ми се понаткрена ко зеде да се моча тоа бабиштето, плус бев и прејаден, па си повлече. :rolleyes:

Една работа што ме замисли уште од првите неколку сцени беше, што ќе биде со детево покрај сите трауми што ги истрпи и кога ќе пукне, па кога тогаш и ќе ги испотепа сите. :ROFLMAO:

Инаку fun fact, некако лично се поврзав со филмот, бидејќи дедо ми бил сирак и баш кога бил генерација од детево била втората светска војна. Живеел во слични услови како него, бил маткан те ваму те таму, а и ми има раскажувано гадни работи што се случувале за време на војната низ селото. Бил малтретиран од постарите вујковци, не го оставале да оди во школо и го терале да работи на поле. На неколку пати заедно со браќата биле малтретирани од бугарите, па на крај и завршиле во планина со партизани. Облеката која ја носат во филмот е апсолутно иста на стари слики од неговата страна на фамилијата по дома, а и во старата куќа во село кваките од вратите, прозорите, распоредот, тие шпоретите се тука. Слободно сцени од филмов можат да се снимаат во таа куќа. Затоа и мене лично многу ми се допадна филмот, па и малку субјективно му давам 8/10.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.536
Поени од реакции
29.100

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.484
Поени од реакции
7.307
The Painted Bird

Повеќето од "грозните" сцени како да беа само колку да те згрозат, делуваа исфорсирано. А на пример, делот кога оној го силуваше детето, имаше затворена врата и плач и беше со многу поголем ефект ако може така да кажам него ли експлицитните сцени.
Не успеа да предизвика поголемо поврзување со детето. Не дека немаше ама не до тој степен за максимално да се грижиш за него и да те трогне филмот. Детето делуваше како лесно да ги поминува сите тешки ситуации. Не се споредува со детето од Come and See, кој филм впрочем е ремек дело и овој филм може да му парира единствено со кинематографијата. Сепак бев доволно заинтересиран да видам што ќе испадне на крај со него.
Во последната третина веќе почна да ја губи и таа динамика што ја имаше поради репетитивноста...

Најсилен беше филмов кај преубавата црно бела кинематографија, многу слаб сум на тоа.
Ми се допадна и самиот крај, кога сфаќа дека татко му бил во логор и дека не е единствениот кој поминал низ пекол поради војната и го пишува неговото име на прозорот. Мада детево пеколот го помина најголем дел кај локалното население, ама па таму беше пак ради војната зашто неговите го пратија ко за побезбедно.
Доста добра глума од пропратниве ликови, правеа интересни сцени и без никакво зборење, благорадение пак и на камерата.

Сѐ кога ќе соберам сепак ќе биде позитивна оцена, генерално ми се свиѓаше ама на граница, климава 7ца
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
1.506
Поени од реакции
990
The Painted Bird
Уметничко ратн филм со меланхолична атмосфера и трагочни моменти ,како децата ја доживуваат воњите и како остава траг на психата ,нов филм ама црно бела чудна техника со релативно висок буџет сакале да го направат нешто како живото е убав ,или малку накај авангара и претерале со хиперреализамот ,селски мотиви ,зенска која е љубопитна , во војната имало многу и силување споре статистики од секоја стана ,воња страдање неможи да биди добро и поука за чување на мирот и живеење среќно детство без војни. оцена 5.5 никој не сака трагични филмови
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.634
Поени од реакции
31.843
The Painted Bird
Уметничко ратн филм со меланхолична атмосфера и трагочни моменти ,како децата ја доживуваат воњите и како остава траг на психата ,нов филм ама црно бела чудна техника со релативно висок буџет сакале да го направат нешто како живото е убав ,или малку накај авангара и претерале со хиперреализамот ,селски мотиви ,зенска која е љубопитна , во војната имало многу и силување споре статистики од секоја стана ,воња страдање неможи да биди добро и поука за чување на мирот и живеење среќно детство без војни. оцена 5.5 никој не сака трагични филмови
Ама зошто?:cautious:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom