UEFA Champions League - Season 2021/22

Кој ќе биде шампион на Европа за 2021/2022?


  • Вкупно гласачи
    208
  • Гласањето е завршено на .

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.203
Поени од реакции
25.393
За Сити, Баерн и Ливерпул се согласувам, и тоа баш во овој редослед. ПСЖ и Реал би ги рангирал пред Челзи. Јувентус и Јунајтед пред Ајакс. Интер место Атлетико во топ 10.
Мислам дека кога се правени коефициентиве земени се во предвид дуелите во 1/8 финале.

Нормално е Челзи да биде пред ПСЖ и Реал кога за противник го имаат Лил, додека Реал и ПСЖ играат меѓу себе.

Исто и со Интер и Атлетико Мадрид, вториве имаат многу поголеми шанси да го поминат Јунајтед отколку првите Ливерпул.

Како и да е, фудбал е и на крајот на денот се ова може да пропадне во вода.
Не треба да се зема здраво за готово.
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
4.126
Поени од реакции
10.045
Нормално е Челзи да биде пред ПСЖ и Реал кога за противник го имаат Лил, додека Реал и ПСЖ играат меѓу себе.
Па и не е тоа нормално, не се ова коефициенти за пролаз у 1/4 финале, туку за титула.
А до таму Челзи нема да игра само со боранија екипи пример.
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.203
Поени од реакции
25.393
Па и не е тоа нормално, не се ова коефициенти за пролаз у 1/4 финале, туку за титула.
А до таму Челзи нема да игра само со боранија екипи пример.
Да, затоа реков дека го земале предвид и ова, а не дека ова бил одлучувачкиот фактор.

Нормално е да дадеш помала квота за освојување на Челзи, во оваа фаза од натпреварувањето, против противник како Лил, отколку на Интер.

Пред четврт финалните дуели букмејкерите други квоти ќе дадат за освојување.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Нормално е актуелниот европски и светски првак да е најмалку во топ три фаворити за освојување. Дали се викал Челзи, Манчестер Јунајтед или Карабаг. А не е.

Муабетиве дека Реал и ПСЖ вака на хартија имаат повеќе шанси ми се надвор од памет, со сета почит кон Реал Мадрид. Па демек тоа треба под дифолт да е. Пих, Челзи пред ПСЖ, пих. Како е можно.

Ливерпул и Сити се моќни тимови и таму им е местото. Додека пак Баерн е секогаш трет или при врвот на жими мајка, на реноме. Без разлика колку и дали е квалитетен во дадениот момент.
Еве не знам со што Баерн заслужува да е пред Реал во некакво рангирање. Сериозно прашање.

Само, секако е ирелевантно. ЛШ и затоа е такво натпреварување, поради факторот на неизвесноста
Малку па малку, ќе освои некоја мала екипа. Де Порто, де Борусија, де Челзи...се наоѓа по нешто.
 

placeb

place_b
Член од
21 јуни 2016
Мислења
3.380
Поени од реакции
3.179
*ПСЖ на старт се секогаш добри, финишот им е за никаде...така да очекувам вечер блага победа од 3:0....
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.409
Поени од реакции
38.930
Псж има иницијатива и посед али далеку дека покажа нешто конкретно, 1 шут на гол имаат. 80 % одат преку Мбапе и чекат овој да издрибла и да нафрли или да влезе во 16. Меси не постои.
 
Член од
4 ноември 2013
Мислења
943
Поени од реакции
1.482
Ке ги видиме Сити кога ке им падне Ливерпул или Челзи.
Баерн за жал мислам дека макс 1/2 финале , ако сум фан , ама позади се лудница и екипи ко Сити Ливерпул и Ајакс ке ги издишат
А Баерн напред се број1 , позади нив Сити па Ливерпул.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom