Secret Movie Valentine

Кој член сакате да ви избере филм?


  • Вкупно гласачи
    24
  • Гласањето е завршено на .

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.361
Поени од реакции
30.760

Go dobiv ovoj film. Baziran na istoimenata kniga od Robert James Waller, glavni ulogi Clint Eastwood i Meryl Streep.

Prikaznata pocnuva taka sto bratot i sestrata odat na citanje na testamentot na svojata majka. Doznavaat deka taa ima neobicna zelba kako katolik da bide kremirana i pepelta da i bide rasturena do mostot vo Madison.
Od tuka doagaat do dnevnicite na svojata majka, vo koja pisuva kako pred mnogu godini 4 dena koga bila ostavena sama imala afera so bukvalno prviot covek na kojsto naisla. Mislam, ne e prikazano taka, no taka i e.
Vo princip, toa e prikaznata, se e nekako sporo, na momenti dosadno, aferata nema rizik, 4 dena maz spie vo nejzinata kuka, kolata parkirana, a vo malo mesto nikoj ne muabeti za toa, direktno sporedeno so drug slucaj na domakinka koja bila neverna.
I na kraj oh teskata dilema, dali da go napusti ljubovnikot, ili da ostane so familijata.
Najloso za mene, e sto nejziniot soprug ne bese nekoj nasilnik, ne e nekoj alkoholicar, ili laden covek, ednostavno, farmer chovek, so skromen zivot, i spored prikazanoto dobar tatko.
Ne sum covek sto opravduva neverstvo, kolku i da proba nekoj da go romantizira.
Duri i nekoj da ne go saka toj zivot poveke, i toj covek da go odsaka, ednostavno cesno e da se pobara razvod.

I toa. Ne mi se dopadna, iako go sakam Clint Eastwood. Ke mu dadam skromna 6ka.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513

Филмот го добив прилично брзо, но едвај вчера успеав да најдам време и енергија да го изгледам.
Не ми беше на watch list, многу ретко гледам филмови од неанглиско говорно подрачје (ме мрзи да читам превод :D), но квалитетно изработен, а и добро ми дојде да се потсетам малку на Германскиот јазик :)

Ни со оваа рецензија нема да навлегувам во премногу детали, само на кратко ќе ја нафрлам идејата која е разработена.

Се работи за експертимент во кој Алма (научник вработен во музеј во Берлин) се согласува да учествува во евалуација на хуманоидни роботи, кои би биле прилагодени (хардверски и софтверски) за да ја направат особата среќна (идеалниот партнер). На некој начин таа изгледа како идеален кандидат за учество во ваков експертимент: осамена, зависник од работа, татко со деменција...
Том (Dan Stevens) го игра роботот кој е прилагоден за Алма (Maren Eggert), програмиран да и удоволи на секој можен начин, дури и со спомени за да го прифати што е можно побрзо.

Интересна идеја за перфектен партнер, многу често глорифицирано од општеството, па многу млади чекајќи по совршениот партнер не ретко завршуваат осамени, и единствена радост гледаат во работата.
Гледано од аспект на зависноста кон технологијата (смартфони, интернет, „метаверс“), и колку вакви лица има наоколу, ова би било идеален бизнис, а верувам и остварливо за многу скоро :oops:

7.5/10
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.484
Поени од реакции
7.307
Кај сите пријавени стигна помалку или повеќе романтично филмче, освен кај @Red John , исто како претходниот сикрет санта, неговиот предложувач после пораката дека се пријавува го снемува со активност од форум... Ако не предложи во наредниве денови, преку други канали ќе обезбедиме филмче за Ред Џон
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.680
Поени од реакции
34.166
Кај сите пријавени стигна помалку или повеќе романтично филмче, освен кај @Red John , исто како претходниот сикрет санта, неговиот предложувач после пораката дека се пријавува го снемува со активност од форум... Ако не предложи во наредниве денови, преку други канали ќе обезбедиме филмче за Ред Џон
Red john?

tumblr_mcl7yb4Sgn1qe5ugfo1_500.gifv.gif
 
Член од
23 јули 2019
Мислења
406
Поени од реакции
2.760
Јас го исполнив она што ми го кажа мојот Валентајн и го изгледав без ниту да прочитам што жанр е филмот. Филмот е Victoria (2015).

Германски филм кој ни ја претставува ноќта на една млада девојка од Шпанија која веќе четири години престојува во Берлин. Ноќта, која требаше да биде само уште една од оние поминати играјќи и пиејќи во ноќен клуб во Берлин, се претвори во ноќта која ќе го промени нејзиниот живот засекогаш.

Уште на почетните сцени тензичната музика укажува дека претстојува нешто лошо. И кога ги запозна четирите момци во главава ми се створија милион лоши сценарија што дури си мислев дали е можно мојот Валентајн да ми испратил филм со силување... На крај испадна сосем трето. Девојка која навидум изгледа наивно, слатко и кротко, ни ја покажа својата друга страна. А за таа страна не би сакала да зборувам повеќе за тие што го немаат гледано филмот да го доживеат исто како јас.

Многу ми се допадна камерата во сцената во кафулето со Сони и Викторија. Беше толку блиска, детално прикажувајќи ги оние несвесни тикови што ги правиме додека сме нервозни, што ме правеше да се чувствувам како да сум дел од сцената, како да стојам блудно покрај нив.
Единствено 'чудно' ми беше тоа, што и покрај тоа што девојкава виде дека нешто не е баш во ред со дечките уште на почетокот кога сакаа да ја крадат колата, таа отиде на пиво со нив та дури и се качи на кров. Некако сама свесно си се впушти во целата таа плејада и мислам дека и таа го сфати тоа некаде во средината на филмот и одлучи да ја изигра играта до крај.

Акцентот на филмов не беше во романсата, па затоа можеби не би бил на мојата листа романтични филмови за Валентајн. Но дефинитивно беше одличен и уживав во секоја минута. За тоа му благодарам на мојот Валентајн (кој некако мислам дека е Анон пошто тој викаше дека ќе спровне некој ваков филм :D ).
Кој и да е, you did a good job! (y)
 
Член од
18 март 2019
Мислења
445
Поени од реакции
2.045
Her
Јас го добив Her. Sci-Fi романса, двата жанрови кои најмногу не можам да ги поднесам. Не гледав ништо во врска со филмот туку само прочитав за што се работи пред да го гледам и влегов без никакви очекувања. Од моја гледна точка воопшто не ми се допадна, но тоа не е спорно дека е квалитетен филм. Јбг, за вкусови не се дискутира. :D

Дејството се одвива во "иднината" и е на некој начин реален приказ до каде е стигнато човешвото и на каде може да се движи, што и многу ме плаши ако станеме такви како во филмот. Joaquin Phoenix е во главната улога на осамен поет, кој пишува љубовни писма за клиенти for a living. Wtf, не сакам да живеам во иднина каде што луѓе не знаат да напишат ебано писмо до љубовникот и аутсорснуваат луѓе да ги пишуваат писмата за нив. Купува OS(operating system), кој работи на принцип на сегашните алгоритми и според твоите интереси ти станува пријател со кого можеш да разговараш за секојдневните проблеми, покрај тоа што ти ги чита мејловите, ти нуди промоции и ти пушта музика според мудот во кој се ноѓаш. Е сеа... овие модерини оперативни системи се толку напредни што во филмот успеваат да развијат чувства и тука почнува драмата. Немој да ме јебеш, ликов се заљубува во оперативен систем со женски глас (Scarlett Johansson) и започнуваат врска, која во светот каде што се одвива дејството е сосем нормална работа, и иако редок случај не е прв пат да има емоции меѓу OS и луѓе. За понатаму што се случува во филмот нема да пишувам доколку некој сака да го гледа, туку ќе се осврнам на тоа што ми се допадна.

Глумата беше on point, особено Scarlett Johansson. Иако во филмот се појавува само како гласот на оперативниот систем, маестрално знае да изведе емоција и го доловува целиот момент точно како што треба да изгледа емоција не вистински човек во дадена ситуација. Музиката беше добра, а и филмот беше квалитетно изработен.

Реално едвај го изгледав, и едвај се воздржав да не заспијам. Секако тоа што го гледав вчера вечер после втора смена, па прва на работа со спиени 5 саати измеѓу, но сепак филм што би ми се свиѓал, колку и да бидам уморен ако ми го задржи вниманието ќе го изгледам лабаво.

5/10 моја оцена, но морам да напоменам дека се работи за доста квалитетен филм, и луѓе кои сакаат вакви жанрови морат да го изгледаат.
 

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.661
Поени од реакции
14.278
Јас го исполнив она што ми го кажа мојот Валентајн и го изгледав без ниту да прочитам што жанр е филмот. Филмот е Victoria (2015).

Германски филм кој ни ја претставува ноќта на една млада девојка од Шпанија која веќе четири години престојува во Берлин. Ноќта, која требаше да биде само уште една од оние поминати играјќи и пиејќи во ноќен клуб во Берлин, се претвори во ноќта која ќе го промени нејзиниот живот засекогаш.

Уште на почетните сцени тензичната музика укажува дека претстојува нешто лошо. И кога ги запозна четирите момци во главава ми се створија милион лоши сценарија што дури си мислев дали е можно мојот Валентајн да ми испратил филм со силување... На крај испадна сосем трето. Девојка која навидум изгледа наивно, слатко и кротко, ни ја покажа својата друга страна. А за таа страна не би сакала да зборувам повеќе за тие што го немаат гледано филмот да го доживеат исто како јас.

Многу ми се допадна камерата во сцената во кафулето со Сони и Викторија. Беше толку блиска, детално прикажувајќи ги оние несвесни тикови што ги правиме додека сме нервозни, што ме правеше да се чувствувам како да сум дел од сцената, како да стојам блудно покрај нив.
Единствено 'чудно' ми беше тоа, што и покрај тоа што девојкава виде дека нешто не е баш во ред со дечките уште на почетокот кога сакаа да ја крадат колата, таа отиде на пиво со нив та дури и се качи на кров. Некако сама свесно си се впушти во целата таа плејада и мислам дека и таа го сфати тоа некаде во средината на филмот и одлучи да ја изигра играта до крај.

Акцентот на филмов не беше во романсата, па затоа можеби не би бил на мојата листа романтични филмови за Валентајн. Но дефинитивно беше одличен и уживав во секоја минута. За тоа му благодарам на мојот Валентајн (кој некако мислам дека е Анон пошто тој викаше дека ќе спровне некој ваков филм :D ).
Кој и да е, you did a good job! (y)

Знаеш дека е One Shot, така?
Баш тоа го прави уникатен.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.543
Поени од реакции
29.114
Знаеш дека е One Shot, така?
Баш тоа го прави уникатен.
Плус и фактот што сценариото е само 12 страни, останатиот дел е импровизација од самите актери.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.181
Поени од реакции
10.183
Го добив Wild at heart (1990), режија Линч.

Веќе гледан филм пред неколку години и веќе плукан филм од мене. Купидонот не си ја завршил домашната да најде нешто што не сум гледал. Си мислев може сум бил недоволно подготвен првиот пат, не сум имал доволно филмски багаж зад себе за вакво нешто, ама филмов за мене беше мачење и тогаш и сега.

Филмов почнува со Сејлор (Николас Кејџ) кој е нападнат од платен убиец најмен од мајката на неговата девојка Лулa, под изговор дека сакал да ја силува. И од тука филмов иде дај-не дај, оваа постојано сака да го убие, овој бега со ќерка ѝ, среќава некои безвезни карактери, прават тапа муабет, буквално сморчина од филм.

Глумата е ко во мексичка сапуница. Да не претерам ама во 70% од македонските филмови сум видел боља глума. Сценариото е безврска и не држи внимание, говорот тексашки разлигавен никако не го можам. Дијалози тапа, технички и визуелно ништо посебно.

На интернет ако прочитате, филмот е претставен како црна комедија+романса. Од комедија нема ни к, од романса исто не видов нешто посебно романтично, пар секс сцени, здрвен Николас Кејџ во лицето ко дрвена кукла цел филм и Лора Дерн што демек нешто е заљубена, демек.



И следна сцена го гледаш Скејџов како побеснето животно скока на сите страни со карате удари на концерт. :eek:


Пиштењето додека ја пее Love me tender, аууу, кринџ фест.

Позадоволен ќе бев со клише ром-ком за boy meets a girl кај што не се сакаат, па се заљубуваат, отколку вакви експериментални, нискобуџетни, ванаби јаки филмови без никаква поента. Потсеќа на експерименталните глупости што ги снимале во 90-тите кај нас Ацо Станковски, Картер и другите.
Оцена 1/10.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.406
Поени од реакции
5.969
Intimacy (2001)

Разведен нереализиран музичар запознава жена со која се гледа секоја среда, имаат секс без да знаат ништо еден за друг и без да разговараат (не дознаваме ни како се запознале). Секој сам си се соблекува, акцијата започнува и после секој по дома. Секс сцените во филмот се реални, ама некако сирови и без страст. Емоции не се вклучени. „Проблемите“ започнуваат кога типот ќе почне да ја следи и ќе дознае нешто повеќе за нејзиниот живот. Проблемите се наводници, оти као требаше да ги има ама ги немаше, не добивме ни заплет.

Сижето ми беше all over the place. Машкиот лик беше ко изгубен, физичката потреба му беше задоволена, ама емотивната не. Дури ни кон сопствените деца не покажуваше особени емоции. За жената дознавме дека е актерка во некој треторазреден театар и дека пробува да биде ментор на актери аматери, но тоа не ја задоволува. Тука имаше еден куп небитни сценички. Типот проба да ја замени секс партнерката со една рандом типка што цело време збореше и немаше никаква поента. Никаква емпатија немав кон ликовите, а очигледно и на самиот режисер не му било гајле за нив оти го заврши ко да не е битно што 2 саати гледавме тапкање во место. Освен анималистичко задоволување ништо друго не понуди филмот.

Би рекла дека ова е машки филм, ако воопшто е фер таквата поделба.
Може дека очекував оти ќе гледам нешто кајшто actually има љубов, ова ми беше разочарувачки и едвај го догледав.

Купидоне, better luck next time. :(
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.484
Поени од реакции
7.307
Mood Indigo

1644784488633.png

Јас си добив филмче сместено во еден малку поинаков Париз. Мојот Валентајн лесно си го најдов кој ми е на летер, друг го немаше гледано филмов.

Од режисерот на Eternal Sunshine of the Spotless Mind, со Одри Тоту од Амели, цело време ме потсеќаше на овие плус и на Бразил. Убаво друштво на филмови.

Кога станува збор за прилагодување, односно прифаќањето на филмот што го тера режисерот, без разлика на жанр, стил или што и да е, многу сум флексибилен. Лесно се препуштам во секоја приказна, а после останува на приказната/филмот да се покаже. Со Mood Indigo мислам дека е еден од ретките каде што ми требаше малце повеќе време да се прилагодам и сместам во тој свет.
А светот беше баш уникатен. Од посебен танц со издолжени нозе, внесување/читање книга во вид на апче до количка закачена на кран која те вози насекаде.
"Нормална" приказна во сржта, во случајов за Колин, кој има неколку блиски пријатели, има пари и не работи, се заљубува во девојка и повеќе не би откривал, само што е обвиена во многу слоеви на уникатност, бизарност и посебен стил.
Негде до половина на филмот имав чувство дека и покрај убавото и необично пакување, сепак од внатре ми беше празничко. Сепак во втората половина со развојот на приказната во друг правец и добивање малку поинаков тон, почна повеќе да ме внесува. Тоа менување на тонот беше преставено преку споро менување на боите во филмот и тој дел ме бендиса многу.

Во минусите ми влегува тоа и што му беше и плус, таа уникатност и различност на моменти премногу се форсираше за мој вкус и некои сцени беа само колку да се покаже нешто необично, а без поента или поврзано со приказната.
Морам да спомнам дека имаше еден смален човек во глувчечки костум, одвреме на време се појавуваше во филмот ама максимално ме нервираше и ми кршеше филм, ебате глушецот без поента.

Одри важно слатка и преубава како и секогаш.

Дефинитивно не ми беше на нивото на гореспоменатите филмови, ама пак беше убаво искуство и му благодарам на мојот Вотенлајн, те љубам и јас, а на филмчето му давам 7 срциња.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.103
Поени од реакции
37.565
Intimacy (2001)

Разведен нереализиран музичар запознава жена со која се гледа секоја среда, имаат секс без да знаат ништо еден за друг и без да разговараат (не дознаваме ни како се запознале). Секој сам си се соблекува, акцијата започнува и после секој по дома. Секс сцените во филмот се реални, ама некако сирови и без страст. Емоции не се вклучени. „Проблемите“ започнуваат кога типот ќе почне да ја следи и ќе дознае нешто повеќе за нејзиниот живот. Проблемите се наводници, оти као требаше да ги има ама ги немаше, не добивме ни заплет.

Сижето ми беше all over the place. Машкиот лик беше ко изгубен, физичката потреба му беше задоволена, ама емотивната не. Дури ни кон сопствените деца не покажуваше особени емоции. За жената дознавме дека е актерка во некој треторазреден театар и дека пробува да биде ментор на актери аматери, но тоа не ја задоволува. Тука имаше еден куп небитни сценички. Типот проба да ја замени секс партнерката со една рандом типка што цело време збореше и немаше никаква поента. Никаква емпатија немав кон ликовите, а очигледно и на самиот режисер не му било гајле за нив оти го заврши ко да не е битно што 2 саати гледавме тапкање во место. Освен анималистичко задоволување ништо друго не понуди филмот.

Би рекла дека ова е машки филм, ако воопшто е фер таквата поделба.
Може дека очекував оти ќе гледам нешто кајшто actually има љубов, ова ми беше разочарувачки и едвај го догледав.

Купидоне, better luck next time. :(
Ова е инаку адаптација на романот „Интимност“ од Ханиф Курејши, не знам дали си го прочитала. Јас не бев многу импресиониран ни од романот. Сум читал многу подобри нешта од Курејши. Дури можам да речам дека филмот ми беше подобар за нијанса.

Mood Indigo

Прегледај го приврзокот 322104

Јас си добив филмче сместено во еден малку поинаков Париз. Мојот Валентајн лесно си го најдов кој ми е на летер, друг го немаше гледано филмов.

Од режисерот на Eternal Sunshine of the Spotless Mind, со Одри Тоту од Амели, цело време ме потсеќаше на овие плус и на Бразил. Убаво друштво на филмови.

Кога станува збор за прилагодување, односно прифаќањето на филмот што го тера режисерот, без разлика на жанр, стил или што и да е, многу сум флексибилен. Лесно се препуштам во секоја приказна, а после останува на приказната/филмот да се покаже. Со Mood Indigo мислам дека е еден од ретките каде што ми требаше малце повеќе време да се прилагодам и сместам во тој свет.
А светот беше баш уникатен. Од посебен танц со издолжени нозе, внесување/читање книга во вид на апче до количка закачена на кран која те вози насекаде.
"Нормална" приказна во сржта, во случајов за Колин, кој има неколку блиски пријатели, има пари и не работи, се заљубува во девојка и повеќе не би откривал, само што е обвиена во многу слоеви на уникатност, бизарност и посебен стил.
Негде до половина на филмот имав чувство дека и покрај убавото и необично пакување, сепак од внатре ми беше празничко. Сепак во втората половина со развојот на приказната во друг правец и добивање малку поинаков тон, почна повеќе да ме внесува. Тоа менување на тонот беше преставено преку споро менување на боите во филмот и тој дел ме бендиса многу.

Во минусите ми влегува тоа и што му беше и плус, таа уникатност и различност на моменти премногу се форсираше за мој вкус и некои сцени беа само колку да се покаже нешто необично, а без поента или поврзано со приказната.
Морам да спомнам дека имаше еден смален човек во глувчечки костум, одвреме на време се појавуваше во филмот ама максимално ме нервираше и ми кршеше филм, ебате глушецот без поента.

Одри важно слатка и преубава како и секогаш.

Дефинитивно не ми беше на нивото на гореспоменатите филмови, ама пак беше убаво искуство и му благодарам на мојот Вотенлајн, те љубам и јас, а на филмчето му давам 7 срциња.
И јас знам кој ти го предложил. :love:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom