Secret Movie Valentine

  • Креатор на темата Креатор на темата grande-juve
  • Време на започнување Време на започнување

Кој член сакате да ви избере филм?

  • Вкупно гласачи
    24
  • Гласањето е завршено на .
Тоа шо не ви кажаа, а го пишуе со ситни букви, е дека ќе морате да се фатите после со вашиот пар у играва. 4real
небитно кој пол сте и двајцата
 
О, фак ооооф.. Е заради ова не сакам романтични филмови. Ме депресира бе луѓе, ме разочарува од животот..

Го добив Before Sunrise.
Сите од овде го имате изгледано, само ја не. Нема шанси да погодам кој ми е доделувачот.
Ова погоре го напишав затоа што и јас сакам да ми се деси вакво нешто, не дека филмот е лош. Одличен е. Се поврзав со филмот, поточно со ликот на Џеси. Се гледам мене во него. Истиот стил го имам(облека мислам), истиот концепт наа муабет го вртам во друштво. Нема да го раскажувам, како што напишав погоре, сите го имате гледано. Моментално го симнувам Before Sunset, 80минути е па да го плеснам и него. Се надевам нема да ме разочара. Ах тие љубовни филмови, највеке ги мразам. Или ке те погоди или ке умреш од досада и лигавење на главните ликови.
4,5/5 е мојата оценка и благодарност до доделувачот.
До следниот фестивал.
 
Моментално го симнувам Before Sunset, 80минути е па да го плеснам и него.
Само да те дохајпнам: во Before Sunset се среќаваат пак, по 9 години од првата средба. Филмот е снимен точно 9 години по Before Sunrise, што значи дури и актерите се навистина 9 години постари, поискусни... Линклејтер е мајстор за такви приказни!

Има и трет, Before Midnight. ;)
 
Јас го добив Allied (2016).

Полош филм да добијам мислам дека не би можело. Почнувајќи од евтини анимации (SIG шо би рекле) до нискобуџетен филм кој пробува да се пробие ради познатите актери. Не сум знаел дека Бред Пит уште глуми (можеше Mr. And Ms. Smith да ми го пратиш). Насобрал прилично високи оцени за ваков медиокритет. Инаку заспав некаде за време на филмот и не планирам да го догледам.

Доста беше за ова, нема што да се гледа тука народе.
 
Made in Italy (2021)

Не знаев ништо за филмов, ниту пак имав големи очекувања за него. Можам да кажам дека влегов и малку со предрасуди кога ја видов оценката на IMDB и Лиам Нисон, кој не ми е баш омилен актер.

Мислев дека ќе биде некоја лабава романтична комедија, лимонада која едвај ќе ја догледам, и ќе превртувам очи на секое клише кое веќе однапред знам дека ќе го има.

И, така и беше. Донекаде.

Романтична комедија, со некој клише елемент тука и таму, предвидлива.

Но, не беше толку лош филм. Бар, како концептуална замисла изгледаше добро, и можеше подобро да биде изведена приказната, без некои клише елементи, а сепак да е малку по feel good. И овака беше доста feel-good филмче, поготово кога дознав дека Лиам и син му глумат баш татко и син во филмот. Жена му на Лиам, и во вистинскиот живот, како и во филмот има почитано, со што сигурно дава некоја емоционална тежина на него.

Приказна: Нисон џуниор, сликар од Лондон, сака да ја купи галеријата која е на жена му, со која се во бракоразводна постапка, заминува со својот татко, Лиам, во Италија за да ја продадат старата куќа на мајка му, од каде што заминале по нејзината смрт.

Ми се допадна највеќе што акцентот беше ставен на врската помеѓу таткото и синот, а не на романтичниот дел помеѓу младиот Нисон и преубавата Италијанка. Вау беше. :love:

Планирам и Sense 8 поради неа да ја почнам. Ме потсетува ептен на една познаничка во изгледот, која исто го има, "тоа нешто" во себе, тоа "дамско - медитеранското".

Убави беа сцените во Tuscany. Кој не би се заљубил во Италија и животот таму? Покрај езеро, вино, рустикален амбиент, убава храна, убави луѓе, мир, тишина.

Имав можност бар да видам на слики и видеа дел од (соседниот) крај на Италија кој инаку не може да се најде овака на интернет.

Се сеќавам кога во минатото потрошив две вечери поминати во разговор баш за Италија и животот таму. Знам дека заглавивме до изгрејсонце листајќи ги огласнице, гледајќи ги сите тие стари и евтини куќи кои се продаваат, замислувајќи колку би било убаво да се поседува една и живее таму.

Слатки фантазии. :)

6
 
How to steal a Million (1966)

Филмот го ставив само пред неколку дена во вочлист и веројатно со месеци/години ќе стоеше таму ако не го добиев од својот Купидон. :)

Никол е слатка, невина, навидум наивна ќерка на фалсификатор на уметнички дела која една вечер го затекнува во својот дом Сајмон, приватен детектив обучен да ја испитува автентичноста на делата, кој пак се претставува како обичен крадец.

Едноставен филм со одлична актерска екипа. Одлични дијалози со доза на хумор. Хемијата меѓу Одри Хепберн и Питер О'Тул е на највисоко ниво. Ели Валах и Хју Грифит се исто така одлични и му дават дополнителен шмек на филмот.
Фала на изборот Купидоне, кој и да си. :backa:

8/10
 
Благодарност до мојот Купидон за филмскиот предлогот иако не ми се допадна филмот многу бидејќи очекував поинаков романтичен филмски предлог со поинаква тематика а и Тимоте не ми е баш по кеиф.

Го немав гледано филмот а и кога видов дека Тимоте има главна улога немаше ентузијазам во мене но сеоак му дадов шанса.
Филмот почна интересно и имаше кул 80s/90s вајб но некаде од половина стана многу предвидлив и заврши многу досадно за мене со неинтересен крај.
Оценка 6/10
 
Го добив About Time типов мислам дека и дома неговите незнаат дека e глумец

Почна интересно, после тоа почна да оди во надолна линија и не ме интересираше како ке заврши пошто ми беше досаден и тој британскиот акцент ми оди на нерви.

2.5/5
 
За разлика од Сикрет Санта сега добив далеку покоректен и подобар филм. Барем имав мотивација и желба да го пуштам, добра оценка, времетраењето сосема на место со оглед на тоа што малце сум скептик за стари филмови што не се потпишани од Алфред Хичкок.

Brief Encounter (1945)

Brief-Encounter-6-1600x900-c-default.jpg

Двајца рандомци се среќаваат на железничка станица и почнуваат да разговараат и да се дружат. На почетокот тоа изгледа наивно и сосема океј за подоцна да прерасне во нешто поголемо и посериозно.

За семејството на докторот Алек не знаеме ништо освен што има два сина и сопруга, додека пак Фред сопругот на Лаура имавме шанса да го запознаеме. Фред е ладен и бесчувствителен, бар така Лаура го претстави во разговорот со Алек кога објаснуваа како изгледаат нивните партнери. Ова не значи дека тоа е причината поради која Лаура влезе во авантура.

Љубовта помеѓу Лаура и Алек дојде сосема спонтано и неочекувано. Преовладуваше грижата на совест кај жената но истотака и искушението да биде со Алек. Не е ова ништо вулгарно или безобразно од аспект на набивање рогови и терање швалерација иако прељуба е прељуба нели. Без разлика колку сите ние сме против неверство но кога љубовта ќе влезе и ќе почне да преовладува со чувствата, е многу тешко да се запре секое погрешно однесување. Неизбежен момент се лагите, заплеткувањата, грешките и ако не се прекине на време, веќе почнува еден магичен круг каде последиците би биле многу пострашни и посериозни. Тоа во филмов не го видовме, пошто на крај сепак односот заврши на еден многу цивилизиран и разумен начин. Колку и да боли.

Ова во денешно време ќе се реши на друг начин.

Прашање е и воопшто дали е љубов или се само силни симпатии.
Лично мислам дека не постои љубов на прв поглед па колку сака нека звучи тоа магично. Симпатии се во прашање во ваквите односи.

Прво мислев дека нема ништо романтично во неверство, што е точно, но ова не е неверство со намера и цел да се повредат партнерите, ова е многу појако од тоа. Има неверство и неверство, иако неверство е неверство no matter what.

Сума сумарум, добар е филмов, има добра тема за разговор и би бил добар предлог за клубот.

Мојот омилен романтичен филм има слична тема, секако ми беше во план да го репризирам, ова само ми даде додатна мотивација за истото. Се надевам ќе го видиме тука на темава.

Му благодарам на предложувачот.
7/10.
 
:kuracc:
 
Јас го добив The Apartment (1960), уште еден предлог кој го добивам во играва, а да е филм кој веќе сум го гледал.

Филмов го гледав пред некоја година и искрено ме мрзи да репризирам филм којшто веќе сум го гледал, а и онака не ме импресионирал нешто многу. Се работи за еден канцелариски работник во осигурителна корпорација кој за да напредува им дозволува на неговите менаџери да го користат неговиот стан за своите вонбрачни љубовни афери. Поради напливот од жени комшиите ќе мислат дека е playboy, а во меѓувреме тој ќе се заљуби во една колешка од истата корпорација каде што работи тој која има афера со неговиот шеф, и тоа во неговиот стан.
Па ќе има малце драми после тоа, знам имаше една сцена кога типкава ќе се наклука со дијазепами, па со потешкотии ќе ја будат, па таква заспана ќе ја движат низ соба заедно со докторот затоа што ако заспие ќе умре. И така на крајот Бад (така се вика типот by the way) ќе и изкаже љубов на Фран (така се вика типкава) откако предходно раскина со шефот и така среќно ќе живеат до крајот на филмот.
7/10

Sorry до предложувачот (не знам зошто, ама некако мислам дека ова е дело на @grande-juve :cautious:), ама навистина ме мрзи да повторувам филм кој веќе сум го гледал. Но во план ми е да го позајмам филмот од погоре со Одри и Питер О'Tул. :noze:
 
Последно уредено од модератор:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom