Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Сталоне зеде неколку награди пред Оскарот за Creed меѓу кои и Златен глобус. Се сеќавам дека во сите рангирања важеше за главен фаворит за Оскарот. Ги гледав тие Оскари баш ради Лео и Сталоне и ептен бев pissed off дека победи Рајланс.

Немаат Оскари (или номинации за Кери) пошто Академијата си има стереотипи за нив. Кери го сметаат за комедијант и несериозен актер а Сталоне за акциона ѕвезда.
Рајланс BAFTA има :D

Глеам сеа квоти од кладилнициве, и според нив стварно Сталоне бил фаворизиран.
Не знам што ме буни ама сигурен сум дека доста се збореше Рајланс таа година.

А што се Сталоне и Кери ако не акциона ѕвезда и комедијант?
Па Џим Кери има 2 сериозни филмови снимено и 50 глупи комедии кај што се глупира. Ја ли сум му крив што го одбрал тој пат во кариерата иако сметам дека е добар актер и грешка му е што кариерата му помина во комедии.
Сталоне ти е Карпата од стари времиња и слични такви актери што немаат тежина.

Теорија нема да добиел Оскар за Труман Шоу таа година у конкуренција на Бењини за Ла Вита е Бела, Нортон за Американ хистори Х и Том Хенс за Војникот Рајан.
Автоматски споено мислење:

Eh. Мене повеќе ми се допадна Џенифер неголи Викандер, иако јас сум малце пристрасна ради филмот.
Дејниш грл плус имаше модерна тематика, а ова Тарантино само насилство промовира.
Не сум се доискажал. И јас бев за Џенифер таа година.
Али да, ко што викаш сепак беше одвратна насилничка а не убава и фина лезбејка.
 
Не сум се доискажал. И јас бев за Џенифер таа година.
Али да, ко што викаш сепак беше одвратна насилничка а не убава и фина лезбејка.

Во Дејниш грл Викандер глуми жена на првиот транс маж што имал операција. Не е лезбејка. :D
Таму заслужено му беше на Редмејн, за нејзе што знам.
Џенифер си беше одлична, во Осмицата имаше супер кастинг, освен Татум кој е тотален промашај ко актер, секаде.

А за ова за Сталоне, тој никогаш нема да добие ништо од академските кругови, едноставно не влегува во нивниот калап, па да ја глуми и најсјајната улога некогаш одиграна. Не дека и некогаш му дале каква било шанса за добра улога, Роки е негово дело, која не е спортска драма/акција според него, туку тој самиот си го декларира ко романтичен филм. :D
 
Не е тоа, филмот е за 60 годишниот мрак и лажната историја што демек комунистите гиправеле за да ги спречат србите да се запознаат со својата вистинска (четничка) историја, оти демек многу тешко им беше во животот кога не ги знаеја имињата и “успесите“ на четничкиот покрет.
 
laughing-snow.gif

Да бе, збунка, таа година неславниот оскар на Лео влезе во историјата. :D
 
Не е тоа, филмот е за 60 годишниот мрак и лажната историја што демек комунистите гиправеле за да ги спречат србите да се запознаат со својата вистинска (четничка) историја, оти демек многу тешко им беше во животот кога не ги знаеја имињата и “успесите“ на четничкиот покрет.
Можеби. Јас пишав како јас го доживеав. А како што читам на босанската Википедија, филмот погрешно бил интерпретиран од страна на комисијата во Кан како антивоен, и затоа добил Златна палма, на што потоа многумина критичари реагирале... Изгледа филмот е така направен за да може кој како сака да си го интерпретира? :D
А инаку имало и мини серија: Sam film traje 3 sata, a kasnije je skovan u 5-satnu redateljsku verziju u obliku mini serije pod naslovom "Bila jednom jedna zemlja".

филмот е за 60 годишниот мрак и лажната историја
Овој дел е блиску до моето доживување на филмот: дека секој има тајни скриени во „подрум“, дали како семејство или нација/ држава: луѓето скриени во подрум во филмот се слика на тоа криење на некакви тајни.
 
The Unforgivable (2021)

Потсетува на крими драмите од 90-те. Се врти околу главниот лик Рут (Сандра Булок) кој излегува од затвор после 20 години одлежани за убиство на полицаец. Солиден филм, иако малце бавен.

И то...

@wot, те цитирав без потреба, лошо прочитав, старост... ја има Everything in it's right place.
 
Што не е тоа?
Не е филмот за тајните на семјството кое се крие у подрум.

Они се кријеа и работеа за подземјето, дур траеше војната. После тоа, членот на семјството, преку кој идеше врската со надворешниот свет, реши да ги лаже сите членови дека војната сеуште трае и така со децении да си ги чува у подрум, а они да му работат, за негови лични цели, без да знаат дека не работат за отпорот и дека војната одамна завршила.
Автоматски споено мислење:

Birds of Prey не можев да го догледам, од што е лош.
Ќе пробам пак.
 
Солиден филм, иако малце бавен.
+1
Не е филмот за тајните на семјството кое се крие у подрум.
Можеби не сум се изразила како што треба, тие луѓе што се скриени во подрумот се пластичен пример на било какви скриени тајни за кои мал број луѓе знаат, како поговорката „костур во плакарот“. Ете Bateman вели дека е за криење на вистинската четничка историја. Јас не нагаѓам за криење на каква вистина сакал Кустурица да ни посочи со филмот, само велам дека е за криење на некаква вистина. Ама добро :)
 
The Unforgivable (2021)

Потсетува на крими драмите од 90-те. Се врти околу главниот лик Рут (Сандра Булок) кој излегува од затвор после 20 години одлежани за убиство на полицаец. Солиден филм, иако малце бавен.

И то...

@wot, те цитирав без потреба, лошо прочитав, старост... ја има Everything in it's right place.

пошто си скаран со летербокс

1640899351478.png
 
IMG_20211231_051048.jpg

IMG_20211231_051110.jpg

Јас незнам дали некој се обидел да ги чепне делата на Скорсезе или да направат некој римејк на неговите филмови...додека очекувам за 2-3 години да имаме нов Спајдермен, со нов актер каде што ќе треба по 85 пат да го убиваат Чичко Бен.
 
The Holiday

Филмов со години ми стои во листа ама никако да му дојде редот. Не за друго, вакви филмови иам период кога ги гледам (15 дек - 15 јан). Се надвор од овие датуми ми немаат убавина филмовиве. Седнав да го гледам и пријатно ме изненади. Можеби еден од подобрите новогодишни филмови што ги имам гледано, а да не е некоја кринџ романтика или глупости ко сабајле што глеав (A Bad Moms Christmas). Саундтракот беше одличен поготово каде што имаше делови од Мориконе и Ханс.

Му давам солидна 7.5 оцена, а ова е доста високо со оглед на тоа што Камерон Диаз и Кејт Винслет органски не ги поднесувам.
 
И јас овој го гледав сега пред некој ден ми беше ептен онака под просек. Интересна идеја имаше ама многу ми беа некој моменти кринџ.

Пак ќе кажам, гледајте го Christmas in Connecticut - прекрасен филм :love:
 
1641060129063.png

За The Holiday, имаше некои кринџ делови се сложувам ама ми легна супер, поготово после A Bad Mom's Christmas. Првиот филм годинава го оценив со 1. Се надевам нема вака да е цела година.

Иначе ме бендиса приказната и животот на Артур. Романсата на крајот меѓу Ирис и Мајлс ми беше малку вештачка и исфорсирана, а овие другиве беа малку по океј.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom