Тома
Уф, со грутка во грло го пишувам ова. Јас сум друга генерација што ги има пропуштено овие години, и сум израснат со друга музика. Се што се пее во кафани за мене е горе доле непознато, поготово оваа генерација на пејачи. Не дека не ја сакам музиката, едноставно не можам да уживам во тие текстови. Не сум наоѓал убавина. Татко ми беше поштувач на метал, рок поготово екс ју рок. Имаше колекција од преку 500 плочи, а во таа цела рок колекција имаше и Тозовац и Тома. Ко дете копук уште ништо не разбирав му викав дека тоа е шабанска музика. Памтам секогаш се лутеше и викаше дека ова е култна музика. И ден денес не ги слушам, а пола од песниве на памет ги знаев од кафани. Дури денес ја сфатив длабочината на зборовите во песните.
Има филмови со добра приказна, а технички дел лош, има и обратно. Овде ама буквално ништо друго не ми беше битно освен приказната. Мајка ми се уби од плачење, а ќе излажам ако кажам дека и мене не ме допре приказната. Тажен филм, и би рекол 10/10 како човек што нема појма од животот на Тома.
Песната за Љиљана посебно ме допре, и на почетокот кога кажа "Srecni ljudi ne pisu pesme".