Македонска фудбалска репрезентација

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
3.026
Поени од реакции
7.125
Кога кинев нерви минатиот месец поради лошите селекторски одлуки (секој е човек греши) многумина тука држеа лекции како немаме никакви шанси, сме слаба репрезентација, сме се прецениле со пласманот на ЕП и.т.н., денес сите овие коментари пропаѓаат во вода.

Македонија на ЕП имаше таков пласман само поради фактот што нашиве играчи не беа здраствено подготвени за настапот пред се Адеми и Барди, се гледа кога Барди игра во неговата претпознатлива форма репкава гази, да не зборам за Адеми а кога тие играт и Елмас тука со нив имаме среден ред спремен да се надигруваме со секого.

Трајковски напред е многу поопасен од било кој кај нас, тоа единствениот хендикеп немањето на напаѓач па Трајковски да игра напред, брз е има шут од далечина, а со комплетен среден ред и тоа како ќе биде опасен, ни фали реално Пандев напред тој отвараше многу простор човеков да останаше и овие квалификации можеше да стане убедливо најуспшениот репрезентативец во историјата на макспортот со Лазаров.

Како и да е најважно е да наметнеме менталитет дека можеме дури и кога не ни оди, со Ерменија во нервоза некако мислев дека е тоа крајот иако потоа верував дека можеме, треба пред се да го наметнеме тој менталитет дека можеме да направиме чудо и така ќе стигнеме до тоа, менталитетот во стилот готово е, крај, се преценуваме, не само што не ни носи успех тука не остава заковани на дното.

Имаме предобра фудбалска репрезентација, сега колку и да го критикував и плукав Боби на тацна доби шанса да се искупи во еден натпревар за се, а потоа со интегрирање на млади играчи во селекцијата да направи репрезнетација која ќе ни носи успех во наредни 10 години, мораме да гриземе и победуваме на секој натпревар и на тој начин ем да изградиме победнички менталитет, ем да напредуваме на ранглистите да дојдеме до втор шешир па со полесни противници да фатиме контиунитет на европските и да се бориме како сега за пласман на светските, оваа генерација го може и мора да го направи тоа.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.951
Поени од реакции
73.718
Тек сега гледам каков бил форматот за во бараж.
Имало полуфиналиња со еден натпревар кој ќе го играме на гостински терен и финале со некој друг победник од полуфиналињата. Скоро невозможна мисија, ако се земе предвид дека во полуфинале би играле на гости со некоја од подобрите репрезентации во баражот.
До душа поголема е шансата да изненадиме во еден натпревар отколку во двомеч, но лошо е што ќе играме на гости во тоа полуфинале. Од друга страна па во циклусов имаме повеќе победи на гости отколку дома :P
 

Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.753
Поени од реакции
8.846
Тек сега гледам каков бил форматот за во бараж.
Имало полуфиналиња со еден натпревар кој ќе го играме на гостински терен и финале со некој друг победник од полуфиналињата. Скоро невозможна мисија, ако се земе предвид дека во полуфинале би играле на гости со некоја од подобрите репрезентации во баражот.
До душа поголема е шансата да изненадиме во еден натпревар отколку во двомеч, но лошо е што ќе играме на гости во тоа полуфинале. Од друга страна па во циклусов имаме повеќе победи на гости отколку дома :P
Ако веќе го победиме Исланд најдобро би било да ни се паднат некој од Шведска,Чешка(ако заврши второ) или Украина ,бидејќи овие репрезентации играат така речено фудбал што прилично ни одговара...копачки со нафрлање и на сила и немаат којзнае какви индивидуалци па да делат во квалитет....секако дека се поквалитетни од нас но уште да имаме среќа баш кога ќе* играат против нас да се погоди да имаат повреди,лоша форма,да се подискарани, а нашит да се во топ форма и одморени :D

Ако ни се погоди некој од Шкотска,Полска,Швајцарија,Хрватска или Србија толку од нас...не дека некои од овие не играат копачки фудбал туку или имаат преголем квалитет во составот за нас, или играат фудбал шо не ни одговара.
 
Член од
18 декември 2019
Мислења
599
Поени од реакции
1.666
Не е реално да се очекува дека ќе се пласираме на светско, читам коментари од хрвати и срби и тие се далеку од убедени дека они би се пласирале преку бараж, а што да се каже за нас. Сите ќе не посакат како противник во полуфинале.

Но самото играње бараж покажува колку имаме напреднато. Дефинитивно сме меѓу топ 25 репрезентации во Европа што не е мала работа, и да беа квалификации за ЕП, би се пласирале директно преку второто место во групата.
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.884
Поени од реакции
6.950
Не е реално да се очекува дека ќе се пласираме на светско, читам коментари од хрвати и срби и тие се далеку од убедени дека они би се пласирале преку бараж, а што да се каже за нас. Сите ќе не посакат како противник во полуфинале.

Но самото играње бараж покажува колку имаме напреднато. Дефинитивно сме меѓу топ 25 репрезентации во Европа што не е мала работа, и да беа квалификации за ЕП, би се пласирале директно преку второто место во групата.
Затоа е клучно да се пласираме во бараж и можеби ако почнеме од втор шешир за следните квалификации за ЕП би имале поволна шанса да се надеваме на пласман.
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
5.902
Поени од реакции
7.454
Не знам зошто да не е реално,спорт е,топка е,не ме зафркавајте,со таков мајндсет не се постигнува ништо,затоа и страгламе до сега како држава во многу полиња.
Идеш да згазиш,кој сака нека дојде,даваш 100% дури и шансата да победиш ако е 1 од 20 пати.
Дека не треба да се плука во случај на неуспех,тоа е точно.
Прво да го згазиме Исланд во знак на благодарност за вчера,тука нема простор за изговори.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.977
Поени од реакции
9.643
Се може да се постигне ако се има верба во своите квалитети, и секако селектор кој ќе постави соодветна тактика за евентуалните противници. Фудбалот ( и генереално спортот) е таков да кога се игра за пласман на големи натпреварувања притисокот, потценувањето и предвремената верба на една репка за пласман на истото може да и донесат многу проблеми. Ја лично ( секако прво ако го победиме Исланд и дојдеме до бараж) сметам дека можда чак е и подобро да играме на гости. Таква репка сме, која ако има добра поставеност за соодветниот противник, (пред се одбрамбена), има одлична транзиција и ако и се остави простор ( а тоа ќе го има ако играме против фаворизиран противник) може да биде опасна. Мора Боби да им всади на момциве дека реализацијата е многу битна во фудбалот и дека не смеат премногу да промашуваат. Као што кажав, против Ерменија ми се свиѓаше тоа што успеавме да отвориме резултат од позиции кои навидум на прва и не беа нешто опасни ама постигнавме голови со кои додатно го засековме противникот. Така треба да се игра. Исто така и одбрамбената поставеност беше добра, пред се добрата транзиција по одземена топка, иако ја би сакал да имаме уште посигурна одбрана, некако ми има промаја. Посебно кај Алиоски не ми штима, некако ми е лесно проодлив и доста репрезентации не пробиваат преку него и ствараат шанси. Исто некако треба повеќе да работат нашиве на удар од далечина. Ептен ми фали тоа во нашата игра. Знаеме да стигнеме до гол ама нема кој да ја закачи фино во гол освен Трајковки и Барди, ама во последно време слабо. Треба да се тренира удар, посебно од таа зона од 20-25 метри. Во секој случај дај боже во недела со ладни глави да го победиме Исланд и да го освоиме тоа второ место кое секако ќе биде голема мотивација за понатамошните настапи и атмосфера во репката. Чекор по чекор, па ако успееме во тоа после баражите ќе бидат само едно фудбалско уживање кое може да испадне и национално лудило! Никогаш не се знае, во фудбалот се е можно. :oeoeoe: :oeoeoe:
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.338
Што е со баражов? Да не треба и солза од еднорог да најдеме.
Што изведуваат, што убаво беше со директен дуел, вака на големите им се дава предност зошто нема шанси се да изгубат. Претходно со кикс испаѓаш, како на пример Италија на претходното.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.788
Поени од реакции
1.699
Што е со баражов? Да не треба и солза од еднорог да најдеме.
Што изведуваат, што убаво беше со директен дуел, вака на големите им се дава предност зошто нема шанси се да изгубат. Претходно со кикс испаѓаш, како на пример Италија на претходното.
Тоа е пошто не одеа сите втори места во бараж, туку само најдобрите и немаше падобранци од лига нации да им земаат место и беа помалку групи 8 или 9 и така.
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.884
Поени од реакции
6.950
Ќе биде јако да играме бараж со Украина и да им вратиме за поразот на ЕП :D Инаку од евентуалните противници, најтешки би ни биле Полска, Хрватска и Швајцарија, со другите мислам би имале шанси, пример Норвешка, Србија, Шкотска, Украина.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
Хрватска може да заврши и прва во групата. Рано е да се каже кои би биле можни противници.
 
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.852
Поени од реакции
10.225
Некој да има проблем со потврден email за купени карти?
Трансакцијата успешна ама немам email добиено со картите, им пишав на support никој не враќа...

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk
 
Последно уредено:

acermk

лавот во сенка
Член од
18 јуни 2009
Мислења
1.926
Поени од реакции
839
Некој да има проблем со потврден email за купени карти?
Трансаквијата успешна ама немам email добиено со картите, им пишав на support никој не враќа...

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk
Провери убаво во Spam, Thrash во инбоксот, а плус системот е баааги зафатен и малку доцнат мејловите.

Друга опција е да си го утнал меилот при купување.

Sent from my SM-A715F using Tapatalk
 
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.852
Поени од реакции
10.225
Провери убаво во Spam, Thrash во инбоксот, а плус системот е баааги зафатен и малку доцнат мејловите.

Друга опција е да си го утнал меилот при купување.

Sent from my SM-A715F using Tapatalk
Проверено и spam, а немам избришано mail да појде во trash. Чудно, ќе почекам ајде
Инаку emailot не може да го утнам, запамтен ми е на google auto-fill..
Фала на сугестија

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk
 

Kajgana Shop

На врв Bottom