Кога кинев нерви минатиот месец поради лошите селекторски одлуки (секој е човек греши) многумина тука држеа лекции како немаме никакви шанси, сме слаба репрезентација, сме се прецениле со пласманот на ЕП и.т.н., денес сите овие коментари пропаѓаат во вода.
Македонија на ЕП имаше таков пласман само поради фактот што нашиве играчи не беа здраствено подготвени за настапот пред се Адеми и Барди, се гледа кога Барди игра во неговата претпознатлива форма репкава гази, да не зборам за Адеми а кога тие играт и Елмас тука со нив имаме среден ред спремен да се надигруваме со секого.
Трајковски напред е многу поопасен од било кој кај нас, тоа единствениот хендикеп немањето на напаѓач па Трајковски да игра напред, брз е има шут од далечина, а со комплетен среден ред и тоа како ќе биде опасен, ни фали реално Пандев напред тој отвараше многу простор човеков да останаше и овие квалификации можеше да стане убедливо најуспшениот репрезентативец во историјата на макспортот со Лазаров.
Како и да е најважно е да наметнеме менталитет дека можеме дури и кога не ни оди, со Ерменија во нервоза некако мислев дека е тоа крајот иако потоа верував дека можеме, треба пред се да го наметнеме тој менталитет дека можеме да направиме чудо и така ќе стигнеме до тоа, менталитетот во стилот готово е, крај, се преценуваме, не само што не ни носи успех тука не остава заковани на дното.
Имаме предобра фудбалска репрезентација, сега колку и да го критикував и плукав Боби на тацна доби шанса да се искупи во еден натпревар за се, а потоа со интегрирање на млади играчи во селекцијата да направи репрезнетација која ќе ни носи успех во наредни 10 години, мораме да гриземе и победуваме на секој натпревар и на тој начин ем да изградиме победнички менталитет, ем да напредуваме на ранглистите да дојдеме до втор шешир па со полесни противници да фатиме контиунитет на европските и да се бориме како сега за пласман на светските, оваа генерација го може и мора да го направи тоа.