Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?


  • Вкупно гласачи
    291
  • Гласањето е завршено на .
Сулејман Реџепи - Короната го прогласуем за умрено!

Скендер Реџепи - Не коалицирам со Левица!

Кастриот Реџепи - ( се бара да се јави на каса поради нерасчистени сметки)

Тоа е тоа трио Реџепи :LOL:
 
Неможе друг да ти е крив за твојот неуспех.
Греву, неможе споено, имам ја доволно „успех“ постигнато.
Размисли малку повеќе со тоа тиквата.
Џабе и да имам успех и да сум штотијазнам некој јако разработен приватњак, кога вакви неспособни луѓе ја водат државата и ја унаказуваат за просечниот граѓанин. Потценувачки е за интелигенцијата, навистина.
Е сега, ќе се реши со тоа што ќе се отселам?
Не, нема.
Но барем нема да мислам на тоа и кога на нешто не мислиш тоа е како да не постои (океј не баш но, на некој начин, да).
Но, дали тоа ќе ја промени ситуацијата за останатите? Не.
И сега тука имам некој проблем, ја мислам дека неам его и дека не сум себичен и дека живеам за другите... ама малку контрадикторен сум.
У курац, не го размислив ова баш најубаво.

Ништо, не се отселувам, ќе пробам да избегнувам скроз политика.
 
Јасно е дека никој нема мнозинство од 61 или повеќе пратеници, но уште појасно дека за кратко ќе предвремени парламентарни избори, на кои сдс нема да освојат ни 200.000 гласови.
 
Јасно е дека никој нема мнозинство од 61 или повеќе пратеници, но уште појасно дека за кратко ќе предвремени парламентарни избори, на кои сдс нема да освојат ни 200.000 гласови.
Зошто мислиш дека ке има предвремени избори?
 
Немој те молам, веројатно добиваме датум за преговори во декември
Во декември ЌЕ добиваме датим за отпочнување на преговори по 7 пат :pos:
И што е најтрагично е тоа што не е виновен ЗоЌе, туку тие што му веруваат

 
А од дека ке најде Мицко пари? Ке му прати Грујо од Пешта? Не направиле овие ништо у енергетиката а грујовци па се утепаа од правење, цела милијарда треснаа у стиропор а не им текна да ја инвестираат у енергетика... И сега овие нечинат а они ке не спасат... на хероин сте или на боја за ќунци?
Уште не ми е јасно како може некој Македонец да го подржува ЗЗ. Тоа пробувам да го резонирам како може некој што не е закачен на државна цицка па плус и да е Македонец да го подржува и брани. Пошто очигледно ти е гајле што веќе немаш македонска држава и нација, зарем не ти смета да те води неспособен што не доведе до енергетска криза?

Денеска ти беа во посета претседателот на европската енергетска мрежа плус и претставници на германската стопанска комора за да увидат колку сме затуцани. Извозот ни е претежно во Германија, овде имаат инвестирано во фабрики во кој се прозведуваат работи за автомобилската индустрија и ОГРОМЕН процент од тој извоз што го имаме е за Германија. Што мислиш зашто имаат дојдено да гледат да прошират инвестиции или да имаат увид во ситуацијата и да сфатат во каква вукојебина фрлиле пари?


Убаво некој пиша ако го остават ќе ти отиде и Мепсо, ЕСМ и земјоделско земјиште.
Ем те сведе да бидеш недефинирана раја на недефинирана територија за растење марихуана во која владеат нарко банди од Грчец и ДУИ ем и тоа што остана го упропасти.

Под претпоставка дек си Македонец еве еден од идолите на подржувачите на таа партија колку те смета за битен:

Поимот победа и радост кај нив се исчашени и во многу се разликувааат од кај нормалниот човек. Од што се принудени 5 години секој пораз да го слават како победа, на крај таа состојба им стана природна и затоа, тоа што тебе ти е несфатливо, за нивниот мозок е скроз нормално.
Порадо би седеле натртени и пред шиптарии и грци и бугари, него да го дадат Заев и да си признаат сами на себе дека згрешиле и грешат.
Џабе се трудиш да ми објасниш, пак ми е нејасно штом пробувам да се расправам :D
 
Датум нема да добиеме сигурно, ама утешна награда ќе биде Албанец премиер па таман после тоа ќе го замолиме Лукашенко да организира директни летови до Минск за нов бран на бели бегалци
 
Греву, неможе споено, имам ја доволно „успех“ постигнато.
Размисли малку повеќе со тоа тиквата.
Џабе и да имам успех и да сум штотијазнам некој јако разработен приватњак, кога вакви неспособни луѓе ја водат државата и ја унаказуваат за просечниот граѓанин. Потценувачки е за интелигенцијата, навистина.
Е сега, ќе се реши со тоа што ќе се отселам?
Не, нема.
Но барем нема да мислам на тоа и кога на нешто не мислиш тоа е како да не постои (океј не баш но, на некој начин, да).
Но, дали тоа ќе ја промени ситуацијата за останатите? Не.
И сега тука имам некој проблем, ја мислам дека неам его и дека не сум себичен и дека живеам за другите... ама малку контрадикторен сум.
У курац, не го размислив ова баш најубаво.

Ништо, не се отселувам, ќе пробам да избегнувам скроз политика.
Во право си за се. Само тука има црно и бело,а ти и најверојатно 200 000 други сакаме нормална држава,ама другите милион и 800000 илјади не мислат така.
 
Мислам дека Апасиев длабоко се изглупира со потегов, нему и Левица ама баш ич не му менуваше дали владата ќе падне сеа или на пролет, мислам дека со ова загуби одреден број гласови.
Куртониве на форумов се утепаа од славење заради истово, ама не им враќав ним пошто не се расправам со куртони, па затоа тебе да те прашам: како се изглупирал Апасиев? Нели 5 партии учествуваа во гласањето недоверба на владата, зошто сите се преокупирани со Апасиев? Далеку поголемо глупирање ќе беше ако Левица не беше вклучена во иницијативава за гласање недоверба (што се коси со секоја логика, нормално, затоа што они се партија што од минатите избори е против власта и се борат да падне). За губење гласови - дефинитивно не. Јас како нивен поддржувач, ни милиметар назад не ми се помести позицијата према Левица. Всушност, зошто би ми се поместила, и према која друга партија? Да не мислиш ти дека тие што планирале да гласаат за Левица на наредните избори ќе гласаат за ДПМНЕ? Па баш ДПМНЕ беа тие што го иницираа ова, они може да изгубат гласачи на сметка на Левица, а не обратно.
Плус, не беше член од неговата партија што не дојде на гласање, туку од партија што е дел од власта, така што на таа партија сега ептен црно им се пишува.

Но друга работа, апла очигледно е дека овој Кастриот ниту го има напишано статусот на фејсбук, ниту тоа видеото што го има објавено е целосно негов став. И мене ме потсетува на оние терористичките видеа од заложници, така што или бил под присила, или го купиле. Plata o plomo, Ескобар стил... :uzi:
 
Датум нема да добиеме сигурно, ама утешна награда ќе биде Албанец премиер па таман после тоа ќе го замолиме Лукашенко да организира директни летови до Минск за нов бран на бели бегалци
требаше и сега, МицоТакис да најави дека ќе го подржи Арбен за Мандатар и премиер, може ќе прелажеа некој од Дуи да добие импулси ??
 
Сеа кога не се мобилизираше комплет опозиција и да тргнат према Речица во ослободителен поход, никад пак ваква шанса.
 
Куртониве на форумов се утепаа од славење заради истово, ама не им враќав ним пошто не се расправам со куртони, па затоа тебе да те прашам: како се изглупирал Апасиев? Нели 5 партии учествуваа во гласањето недоверба на владата, зошто сите се преокупирани со Апасиев? Далеку поголемо глупирање ќе беше ако Левица не беше вклучена во иницијативава за гласање недоверба (што се коси со секоја логика, нормално, затоа што они се партија што од минатите избори е против власта и се борат да падне). За губење гласови - дефинитивно не. Јас како нивен поддржувач, ни милиметар назад не ми се помести позицијата према Левица. Всушност, зошто би ми се поместила, и према која друга партија? Да не мислиш ти дека тие што планирале да гласаат за Левица на наредните избори ќе гласаат за ДПМНЕ? Па баш ДПМНЕ беа тие што го иницираа ова, они може да изгубат гласачи на сметка на Левица, а не обратно.
Плус, не беше член од неговата партија што не дојде на гласање, туку од партија што е дел од власта, така што на таа партија сега ептен црно им се пишува.

Но друга работа, апла очигледно е дека овој Кастриот ниту го има напишано статусот на фејсбук, ниту тоа видеото што го има објавено е целосно негов став. И мене ме потсетува на оние терористичките видеа од заложници, така што или бил под присила, или го купиле. Plata o plomo, Ескобар стил... :uzi:

Пази шипо ке стаи македонско знаме а тоа со орлите ке го изигнорира


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Никад, ама никад не потценувај селска итроштина од страна на трговец преобразен во наркокартелаш.
Тоа и тој провинциски-комунистички мајндсет на попчиња е најголемиот проблем кој го влечеме од Југославија дури.

Кога веќе Мексико е во центар на вниманието у споредбиве со Македонија, баш многу убаво е нотирано дека таа провинциска итроштина и тоа потценување од противниците го дигнаа Ел Чапо(El Chapo) на врвот во нарко-бизнисот во Мексико. Истиот потекнува од тешка провинција некаде во Синалоа (Sinaloa), веројатно поголема и од Муртино. Делувал наивно, harmless, aма ради таа селска итрина во себе, сјебал многу поголеми и помоќни играчи од него и стигнал до тоа што е. Најголема грешка на опозицијата кај нас во континуитет е што го потценува ЗЗ и го етикетира со Муртино/црпнат/мрпнат/дрпнат/прпнат приказни... А овој абдалче со тоа "мало сутра" сите ги доби на удари под појас. Ама од народниот суд за жал, нема бегање, и ќе го стигне кога-тогаш.

Во основа срамота и тешка катастрофа е страни наназад, цело медиумско внимание и толку многу дебата за оние "што треба да владеат/носат закони" во наше име се сведува ко да станува збор за кило компири или плешка од тинекс. Мислам тоа е пораз за сите нас.

Од друга страна, како човек што немаше гласано до последниве парламентарни избори кога гласав за Левица, морам да кажам дека истите добија едно минусче во целата ситуација, од моја страна, а и од повеќе нивни поддржувачи.
Се излетаа, малце наивно од Апасиев, лаеа како кучиња. Сепак не направија огромна и непоправлива грешка, туку при толку Римски и латински цитати, не успеа да му текне старата македонска - "прво скокни па викни ОП". Јас го разбирам гневот кон комуњарите, тој не сплотува голем дел од нас македонците, ама не смееше да се дозволи еуфорија, емоција и ирационалност да те понесе.

Власта ќе падне, кога-тогаш... но што понатаму?
Дали пак за индиректното владеење доверено од сите нас на овие битанги, ќе збориме како вреќа компири или ќе се сменат нештата?

Едноставно не можам да се радувам и ситам на фактот што најголемите штетници на државава кога тогаш ќе си идат, без да размислам што понатака...

Дали еднаш засекогаш ќе бидеме граѓани, а не навивачи и индивидуи од интерес или садисти? Пази, собраниево не функционира, верувам пратениците си лапаат и плата и патни трошоци и дневници за НИШТО. Тоа се наши пари, потрошени засекогаш.

Пак ќе кажам, немало и нема ни да има полоши од овие НИКОГАШ НИКАДЕ, ама многу фини луѓе се исфрустрирани од нив, онака читам членови кои им фаќа кликерот, не се ботови, и се изненадувам како емотивно и ирационално се фаќаат за ова прашање. Мислам, ве разбирам, и мене ме понесува таа еуфорија и тој гнев, ама искулирајте малце.

Збориме за бројки во собрание кое последнава година дена НЕ ФУНКЦИОНИРА. Која е логиката во тоа?

И да, секој сака да го смени светот, ама никој не ни помислува да се смени самиот - ова е најголем проблем на Македонецот. Секој може да нотира во детал каде греши другиот, ама никад не ги гледа, согледува своите грешки, недај боже да преземе и да ги елиминира истите.

Ние сме во основа болно општество во корен, метастазира канцерот во Македонија низ сите пори. Денес Васиљ, Неџат, Меџат курофмиленче, утре Пандов, Додовска и компанија ќе ми продаваат розевост и просперитет. А во меѓувреме, пак Зоран Иванов, Стојанче Ангелов, Арсовски, Богојески, Богоевски, оној од ТМРО, Момировски, Бетмен велит и таквите ќе си ротираат на дневно политичките програми зборејќи за тотално банални и латентни прашања кои во основа никако и никогаш нема да ни го сменат мајндсетот и само ќе си го продолжат статус квото. А да, и Васко Ефтов со неговите "нормализирани" мислења, од ракав претпоставки и прикриен дрес на едната/другата страна, да не го заборавиме.

Проблемот не е во Неџат, Васиљ или останатите, проблемот е во нас. И тоа и јас самиот некогаш не успевам да го видам, гневно хејтајќи го лицемерието на одредени "политички опинионмејкери" и разни твитераши или политички активни фаци на социјални мрежи. Јас ги правам релевантни, ние сите... Тука е грешката. Очекуваме дека Неџат ќе си го смени мислењето и ќе почне да биде реален и критичен, што нема никад да се деси, пошто е платен за тоа да го прави.... Ние грешиме луѓе, што очекуваме различен резултат од повторена акција, што е во основа глупост.

И што? Што ако има избори?
Ќе ви/ни се дигне курето ако садистички се сладите како ќе патат комуњарите? Тоа е муабетот? Толку мржња имате акумулирано кон нив? Стварно? Не дека ја не ги мразам, ама не сум опијанет од тоа, не сум ирационален од тоа.

Убаво е да се види луѓе што немаат допирна точка со политика и институции, од сите сфери да се интересираат за политика и политички теми (дали оваа ситуација со парламент или претходно со локалните избори). Секој човек активно треба да биде инволвиран во политичките случувања, макар било тоа и преку форум или друга дигитална форма. Но, дали треба да оставиме да не носи наративот и ние по него да одиме, или сите ние индивидуално да си го креираме истиот?

Во суштина нас не чека терор од зима, имаме милион бурии кои надоаѓаат, и за жал, наместо конструктивност, ние колективно сите до еден сме насочени кон една сељачка дебата, наметната од сељачки трговец од муртино кој го сведе народот на кило компири.

Пример, Македонија мора да имплементира РЕФОРМИ во својот парламентарен систем... Има најави од некои помали политички играчи (Левица), и тоа е за поздрав... но ми се чини дека тоа се фура само за да се добие свој личен бенефит или бенефит на самата група, а не автентична реформа.
Поентата на муабетов ми е дека МОРА да има промени во начинот, кадарот и принципите на бирање на пратениците и без тоа немаме прогрес.

Не смее да се дозволи да цела држава е парализирана како што беше последниве 1-2 месеци откако се најави поразот на локалните избори. Верувам дека последниве месец дена уште толку ни е десеткувана државата, никој не работи ништо, секој е партиски определен и дали 5% од своето време го посветува на своите должности и работни ангажмани. ТОА НЕ СМЕЕ ДА СЕ ДОЗВОЛИ.

Жал ми е за себе што понекогаш и јас сум понесен емотивно и ирационално од сите говна што коментираат и што ни се случуваат. Но тоа не е нивна грешка, туку наша, што дозволуваме да не тригерираат ботови. Ботот е бот, замислете како кантер да играте 1.6 пред 12/15 години... Замислете си да се фрустрирате од Connor, Rick, Paul и како и да се викаа ботовите у таа игра.

Искулирајте си, и имајте убава вечер.
Пафнете си ако имате од Заевовачата, барем за тоа не оправи ако ништо друго :pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom