Никад, ама никад не потценувај селска итроштина од страна на трговец преобразен во наркокартелаш.
Тоа и тој провинциски-комунистички мајндсет на попчиња е најголемиот проблем кој го влечеме од Југославија дури.
Кога веќе Мексико е во центар на вниманието у споредбиве со Македонија, баш многу убаво е нотирано дека таа провинциска итроштина и тоа потценување од противниците го дигнаа Ел Чапо(El Chapo) на врвот во нарко-бизнисот во Мексико. Истиот потекнува од тешка провинција некаде во Синалоа (Sinaloa), веројатно поголема и од Муртино. Делувал наивно, harmless, aма ради таа селска итрина во себе, сјебал многу поголеми и помоќни играчи од него и стигнал до тоа што е. Најголема грешка на опозицијата кај нас во континуитет е што го потценува ЗЗ и го етикетира со Муртино/црпнат/мрпнат/дрпнат/прпнат приказни... А овој абдалче со тоа "мало сутра" сите ги доби на удари под појас. Ама од народниот суд за жал, нема бегање, и ќе го стигне кога-тогаш.
Во основа срамота и тешка катастрофа е страни наназад, цело медиумско внимание и толку многу дебата за оние "што треба да владеат/носат закони" во наше име се сведува ко да станува збор за кило компири или плешка од тинекс. Мислам тоа е пораз за сите нас.
Од друга страна, како човек што немаше гласано до последниве парламентарни избори кога гласав за Левица, морам да кажам дека истите добија едно минусче во целата ситуација, од моја страна, а и од повеќе нивни поддржувачи.
Се излетаа, малце наивно од Апасиев, лаеа како кучиња. Сепак не направија огромна и непоправлива грешка, туку при толку Римски и латински цитати, не успеа да му текне старата македонска - "прво скокни па викни ОП". Јас го разбирам гневот кон комуњарите, тој не сплотува голем дел од нас македонците, ама не смееше да се дозволи еуфорија, емоција и ирационалност да те понесе.
Власта ќе падне, кога-тогаш... но што понатаму?
Дали пак за индиректното владеење доверено од сите нас на овие битанги, ќе збориме како вреќа компири или ќе се сменат нештата?
Едноставно не можам да се радувам и ситам на фактот што најголемите штетници на државава кога тогаш ќе си идат, без да размислам што понатака...
Дали еднаш засекогаш ќе бидеме граѓани, а не навивачи и индивидуи од интерес или садисти? Пази, собраниево не функционира, верувам пратениците си лапаат и плата и патни трошоци и дневници за НИШТО. Тоа се наши пари, потрошени засекогаш.
Пак ќе кажам, немало и нема ни да има полоши од овие НИКОГАШ НИКАДЕ, ама многу фини луѓе се исфрустрирани од нив, онака читам членови кои им фаќа кликерот, не се ботови, и се изненадувам како емотивно и ирационално се фаќаат за ова прашање. Мислам, ве разбирам, и мене ме понесува таа еуфорија и тој гнев, ама искулирајте малце.
Збориме за бројки во собрание кое последнава година дена НЕ ФУНКЦИОНИРА. Која е логиката во тоа?
И да, секој сака да го смени светот, ама никој не ни помислува да се смени самиот - ова е најголем проблем на Македонецот. Секој може да нотира во детал каде греши другиот, ама никад не ги гледа, согледува своите грешки, недај боже да преземе и да ги елиминира истите.
Ние сме во основа болно општество во корен, метастазира канцерот во Македонија низ сите пори. Денес Васиљ, Неџат, Меџат курофмиленче, утре Пандов, Додовска и компанија ќе ми продаваат розевост и просперитет. А во меѓувреме, пак Зоран Иванов, Стојанче Ангелов, Арсовски, Богојески, Богоевски, оној од ТМРО, Момировски, Бетмен велит и таквите ќе си ротираат на дневно политичките програми зборејќи за тотално банални и латентни прашања кои во основа никако и никогаш нема да ни го сменат мајндсетот и само ќе си го продолжат статус квото. А да, и Васко Ефтов со неговите "нормализирани" мислења, од ракав претпоставки и прикриен дрес на едната/другата страна, да не го заборавиме.
Проблемот не е во Неџат, Васиљ или останатите, проблемот е во нас. И тоа и јас самиот некогаш не успевам да го видам, гневно хејтајќи го лицемерието на одредени "политички опинионмејкери" и разни твитераши или политички активни фаци на социјални мрежи. Јас ги правам релевантни, ние сите... Тука е грешката. Очекуваме дека Неџат ќе си го смени мислењето и ќе почне да биде реален и критичен, што нема никад да се деси, пошто е платен за тоа да го прави.... Ние грешиме луѓе, што очекуваме различен резултат од повторена акција, што е во основа глупост.
И што? Што ако има избори?
Ќе ви/ни се дигне курето ако садистички се сладите како ќе патат комуњарите? Тоа е муабетот? Толку мржња имате акумулирано кон нив? Стварно? Не дека ја не ги мразам, ама не сум опијанет од тоа, не сум ирационален од тоа.
Убаво е да се види луѓе што немаат допирна точка со политика и институции, од сите сфери да се интересираат за политика и политички теми (дали оваа ситуација со парламент или претходно со локалните избори). Секој човек активно треба да биде инволвиран во политичките случувања, макар било тоа и преку форум или друга дигитална форма. Но, дали треба да оставиме да не носи наративот и ние по него да одиме, или сите ние индивидуално да си го креираме истиот?
Во суштина нас не чека терор од зима, имаме милион бурии кои надоаѓаат, и за жал, наместо конструктивност, ние колективно сите до еден сме насочени кон една сељачка дебата, наметната од сељачки трговец од муртино кој го сведе народот на кило компири.
Пример, Македонија мора да имплементира РЕФОРМИ во својот парламентарен систем... Има најави од некои помали политички играчи (Левица), и тоа е за поздрав... но ми се чини дека тоа се фура само за да се добие свој личен бенефит или бенефит на самата група, а не автентична реформа.
Поентата на муабетов ми е дека МОРА да има промени во начинот, кадарот и принципите на бирање на пратениците и без тоа немаме прогрес.
Не смее да се дозволи да цела држава е парализирана како што беше последниве 1-2 месеци откако се најави поразот на локалните избори. Верувам дека последниве месец дена уште толку ни е десеткувана државата, никој не работи ништо, секој е партиски определен и дали 5% од своето време го посветува на своите должности и работни ангажмани. ТОА НЕ СМЕЕ ДА СЕ ДОЗВОЛИ.
Жал ми е за себе што понекогаш и јас сум понесен емотивно и ирационално од сите говна што коментираат и што ни се случуваат. Но тоа не е нивна грешка, туку наша, што дозволуваме да не тригерираат ботови. Ботот е бот, замислете како кантер да играте 1.6 пред 12/15 години... Замислете си да се фрустрирате од Connor, Rick, Paul и како и да се викаа ботовите у таа игра.
Искулирајте си, и имајте убава вечер.
Пафнете си ако имате од Заевовачата, барем за тоа не оправи ако ништо друго
