Skopje East Gate

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Све ок ама ти пишав дека би сакал да има брендови кои имаат барем опција да одберам нормална фармерка, а не 99% од моделите да се хеланки за жени. Никаков моден тренд туку бренд каде што има и нормални фармерки. Во Сити Мол пред нецел месец 10 фармерки пробав само една не беше како хеланка каде личам на феминизирано машко во хеланки. Ме заболе таквото ако трендот е таков, нека понудат и нормални фармерки.
Во секоја продавница за гардероба имаш нормална фармерка.

Али можеби ти ѕвонарки бараш и затоа ти е тешко да најдеш фармерки.
 
Има по еден до два модела. Сега да отидеме во Сити Мол во тие продавници што бев 90% се такви како што ги опишав. Класична фармерка, која не е залепена за тебе и ги нема шаренило и додатоците дека е цепена.
Претежно беа вакви па некои и позалепени за тебе:
1635231518078.png

Веќе почна слим фит да личи на скини фит, целосно залепено на тебе.
Морав да гуглам да видам што е ѕвонарка :D

Со оглед на тоа што скоро истити брендови ќе ги има во east gate така да избирот ќе е исти како во сити мол.
 
Attachments

  • 1635231411156.png
    1635231411156.png
    2,4 MB · Прегледи: 38
Во тој случај подобро да не се птвара ист гејт, срање!

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Има по еден до два модела. Сега да отидеме во Сити Мол во тие продавници што бев 90% се такви како што ги опишав. Класична фармерка, која не е залепена за тебе и ги нема шаренило и додатоците дека е цепена.
Претежно беа вакви па некои и позалепени за тебе:
Прегледај го приврзокот 311253

Веќе почна слим фит да личи на скини фит, целосно залепено на тебе.
Морав да гуглам да видам што е ѕвонарка :D

Со оглед на тоа што скоро истити брендови ќе ги има во east gate така да избирот ќе е исти како во сити мол.

Па Косовар во џип Ауди во каква фармерка сакаш да се вози? Се знае, тесна, искината ко кучиња да го гризеле и некој џиџан детал.
 
Во тој случај подобро да не се птвара ист гејт, срање!

Sent from my iPhone using Tapatalk
Далеку од срање. Треба тој дел од Скопје да живне, претходно беше мртвило таму. Сега со East Gate и градежната офанзива ја насочија накај тој дел што и треба на таму да оди и ќе се модернизира.
Неделата поминав од таму, секоја чест ако се стигне со отварање во петок.
 
Некои викаат во Нептун ќе имало "Лаки дејс" и огромни попусти само со Хепи картичка на отварањето. Не знам колку е точно така слушнав само.
Нешто повеќе за ова има чуено некој? Да знам дали да се бутам во гужви во петок или да чекам декември. Гледам дека lucky days имаат во сите дуќани, па дали попустот би бил поголем во ист гејт.
 
Логично е таму да има попуст, го промовираат новиот простор. Ако не се лажам, Илир од Нептун е еден од инвеститорите на трговскиот...
 
Не бев сериозен, иако скроз точно ќе излезе пишаното пошто прашање е кога Нептун и Сетек немаат "попусти" :D

Очекувам да има нешто повеќе (особено на поефтините брендови, стандард Фуего некои такви), следни им го сајтот ќе објават секако деновиве.
 
Нешто повеќе за ова има чуено некој? Да знам дали да се бутам во гужви во петок или да чекам декември. Гледам дека lucky days имаат во сите дуќани, па дали попустот би бил поголем во ист гејт.
Освен ако не шиткаат со реални 30-50% попуст, не гледам како се исплати да се пикаш во таа гужва на сред пандемија, и нормално и во тој случај да планираш да купиш бааги работи.
За заштеда од некоја стотка дури и да немаше пандемија не вреди да го кркаш стресот од гужвата, а да не правиме муабет во време на пандемија.
 
Логично е таму да има попуст, го промовираат новиот простор. Ако не се лажам, Илир од Нептун е еден од инвеститорите на трговскиот...
Да тие се инвеститорите

Во Тирана исто имаат East Gate Mall.
 
Да тие се инвеститорите

Во Тирана исто имаат East Gate Mall.

Во Албанија Шпар маркетите се под нивно водство, ресортот Грин Коаст на најдобрата плажа исто така и уште кој ти знае бог колку бизниси

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Во Албанија Шпар маркетите се под нивно водство, ресортот Грин Коаст на најдобрата плажа исто така и уште кој ти знае бог колку бизниси

Sent from my iPhone using Tapatalk
A зошто не го донесоа Шпар во Македонија во овој нов трговски?
 
И што ќе ти понуди Шпар место Тинекс, Веро, Стокомак, Кам, Китго, Жито, Зур, и уште којзнае колку други што ги има во државава?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom