Squid Game

поголемо гомно од нетфликс нема, ама за средношколци да се ложат тоа е

И за луѓе што немаат друга работа освен да хејтаат за да има за што да зборуваат :icon_lol:
 
За жал секогаш е така со филмовите од неанглиско подрачје... некогаш сум фаќал да споредувам различни англиски преводи за филмови кои се на јазици кои делумно ги знам (пример шпански) и ги проверувам двата преводи, го пуштам филмот да видам што кажува, за да видам кој превод е посоодветен...

Ко што вика ТикТокеркава, некогаш и една реченица знае да ти утне цела поента...
 
Го потврдувам ова за шпанските филмови/серии. Имаат доста погрешни фрази преведено.
Побогу Сител на времето имаше подобар превод на теленовелите од милијардерскиов Нетфликс.
 
Хрватскиот е доста ОК превод, бар за Англиските серии, доста професионално изработен, лошото кај Нетфликс е што кога гледаш серија на Англиски и уклучиш Англиски превод ти дава фактички Closed Caption превод за глуви лица, со имиња на говорници и со акции кои се случуваат на екранот, како и мрморења, хм, ем, ха, ерм.
 
лошото кај Нетфликс е што кога гледаш серија на Англиски и уклучиш Англиски превод ти дава фактички Closed Caption превод за глуви лица, со имиња на говорници и со акции кои се случуваат на екранот, како и мрморења, хм, ем, ха, ерм.
Exactly!
Long live piracy, addic7ed, Subtitle Edit and so on.
 
The Cube е ремек дело за оваа приглупа предвидлива серија.

Подобро да биде предвидлива, отколку да те изненади со тоа колку нема логика ниту некоја поента како The Cube...ремек дело :ROFLMAO:
 
Squid game беше добра за гледање за нас што ја фативме пред спојлерите. Јас не знаев ни за што се работи во серијата, трепна на Нетфликс и си реков ај да видам што чудо е ова... Сега веќе сите слушнаа за што се работи, дека е survival show, кој преживува кој не, спојлери насекаде, со кои други серии е слична, на што е копија... хајпот отиде до стратосфера, и после „а бе брат гола вода е ова“.

Е па е. И филм на Хичкок да ти го раскажам во детали и да те хајпнам ќе ти биде гола вода.
 
Подобро да биде предвидлива, отколку да те изненади со тоа колку нема логика ниту некоја поента како The Cube...ремек дело :ROFLMAO:
Па ти дали со цел памет мислиш дека нешто имаше логика во тоа приглупо шоу?

Па трето одделение ли треба да си да сфатиш колку смисла немаше (не беше сци-фи ова или фантазија).


Можеш да напишеш сценарио со мааните и глупостите шо немаат смисла за серијава што е поголемо од цела сезона.

Искрено или треба да си глуп или многу млад за ова да биде пристојно за гледање, и до толку е шит шо не вреди ни да се збори понатаму.
 
Lol, никој не рече дека серијава е новата Лост или ББ. Добра серија е за бинџ за време викенд, нема ништо за размислување, нема длабочина, предвидлива е. Но во исто време е забавна, сценографијата е одлична, игрите се интересни. Бинџ, тоа е тоа.

Инаку епизодата со џамлиите не ме возбуди нешто посебно бидејќи се ми беше јасно тогаш, да ја правеше HBO серијава ќе имаше многу поголем шок валју.
Истото го мислам. И тоа што е корејска е уствари најголемото дополнување. Оваа приказна со западна продукција и глумци ќе изгубеше многу. Азијати секогаш ми биле добри во кинематографија каде треба да доловиш очај или среќа. Некако им „лежи“ за разлика од љубовни сцени.
 
Последно уредено:
Squid game беше добра за гледање за нас што ја фативме пред спојлерите. Јас не знаев ни за што се работи во серијата, трепна на Нетфликс и си реков ај да видам што чудо е ова... Сега веќе сите слушнаа за што се работи, дека е survival show, кој преживува кој не, спојлери насекаде, со кои други серии е слична, на што е копија... хајпот отиде до стратосфера, и после „а бе брат гола вода е ова“.

Е па е. И филм на Хичкок да ти го раскажам во детали и да те хајпнам ќе ти биде гола вода.
Баш. Јас не знаев ништо, освен 2-3 кадри од тоа коа поминуваат низ скалите широки кадри со мн луѓе, и уште првата епизода бев тотално запрепрастен во вториот дел со куклата. Прејака ми беше.
 
Squid game беше добра за гледање за нас што ја фативме пред спојлерите. Јас не знаев ни за што се работи во серијата, трепна на Нетфликс и си реков ај да видам што чудо е ова... Сега веќе сите слушнаа за што се работи, дека е survival show, кој преживува кој не, спојлери насекаде, со кои други серии е слична, на што е копија... хајпот отиде до стратосфера, и после „а бе брат гола вода е ова“.

Е па е. И филм на Хичкок да ти го раскажам во детали и да те хајпнам ќе ти биде гола вода.
кој спојлери лол, во првата епизода свакаш дека е срвајвл и дека главниот лик ке победи, сите ги убија што изгубија само 001 не, важи.

Едитирано од модератор
 
Последно уредено од модератор:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom