Succession

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување
Ја гледам последниов месец, вчера ја завршив сезона 2 и комотно можам да констатирам дека е најдобра серија што ја пратам моментално или сум ја прател последниов период заедно со The Crown. Ејџбио во свој стил - кастингот е коска, буквално сите од епизоден до главен лик се спот он. Фасциниран сум од дијалозите, ситуациите и градењето на ликови, иако имам една замерка во однос на тоа - Грег(зит) буквално стагнираше во втора сезона и речиси и да го маргинализираа ликот, тотално небитен ми беше, за разлика од почетокот каде што стварно навивав за него.

Ама од друга страна, Роман и Том фатија некој терк и трансформацијата е очигледна, особено кај вториов. Настрана од дебилниот хумор што го поседува ликот, Том ми е онака баш аутсајдер кој конечно сфаќа дека пари и моќ не се она по коешто трагаше и некако ми изгледа relatable. Буквално на граница меѓу бесполезно храбар и конвенционално наивен, нешто ко мене би рекол. Последната сцена меѓу него и Шив на дивата плажа онака баш ми поентираше. Нема добар лош тука, сите се копиленца и повеќе од јасно беше дека Кендал ќе го предаде татко му (го бакна пред одење ко Јуда).

Шив, Каролина и Џери ми се :love: вакви жени многу ми се по кејф, цело време се думав на почетокот од кај ми е позната оваа Каролина кога ми текна дека е женската од Грофот од Монте Кристо, штета што нема некој значителен скрининг тајм, можеше да ме направи посреќен, но што е тука е.

Овој тип серии не очекувам да траат со години и може подобро така. За крај - најинтересен феномен ми е дека богаташи гравитираат низ исто срање како и секој друг само разликата е што можат да заплакнат солзи со долари.
 
Овој тип серии не очекувам да траат со години и може подобро така.
Се надевам дека нема да ја развлекуваат со години. Мислам дека имам некаде прочитано дека планот е да заврши со четврта сезона, ама не сум многу сигурен во тоа.
Автоматски споено мислење:

повеќе од јасно беше дека Кендал ќе го предаде татко му (го бакна пред одење ко Јуда).
Јас мислам дека татко му цело време, цели 2 сезони го подготвуваше за тоа. Сега не се сеќавам многу добро, но нели еднаш му рече нешто како: ако сакаш да ме наследиш, треба да бидеш killer. Е па тоа беше моментот! 100% сум сигурен дека и тој знаеше дека ќе го предаде.
 
Последно уредено:
Се надевам дека нема да ја развлекуваат со години. Мислам дека имам некаде прочитано дека планот е да заврши со четврта сезона, ама не сум многу сигурен во тоа.
Автоматски споено мислење:


Јас мислам дека татко му цело време, цели 2 сезони го подготвуваше за тоа. Сега не се сеќавам многу добро, но нели еднаш му рече нешто како: ако сакаш да ме наследиш, треба да бидеш killer. Е па тоа беше моментот! 100% сум сигурен дека и тој знаеше дека ќе го предаде.
Некаде прочитав дека серијата е инспирирана од Кралот Лир, а пошо одамна сум ја читал и секако заборавил, го изгледав клипов набрзина.

Во секој случај има многу да се зборува, лудачка серија в крај. Овде да му се заблагодарам на @Болиглава шо ми ја препорача.
 
Пред два дена ја отворив темата да ги видам новите мислења и нормално повторно се навлеков на интрото, ми се врти сега пак во глата. Фала ви.
 
Ти, ти! Сакаш username и pass од HBO GO? Ама којзнае дали ќе работи таму кај што си, во која галаксија и да е тоа.
Не работи. Ги има некој телеком откупено правата, морам да ставам кабловска за да фатам ХБО, а не сакам да имам телевизија дома. Сакав да им платам на Американците со ВПН ама не ми ги сакаа парите. Ќе земам од кај Бугарите без пари, у инака се жалат дека им крадеме работи, барем нешто да биде точно :D
 
S03E02 Ау, ау, ау, ау :cuc:

Кендал цела епизода ги убедуваше да му се придружат, а на Логан му требаше само една секунда и кутија со крофни за да им го растури планот.
Прејака епизода!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom