Очај сме ние голем на чело со багра неспособна, но штом се играш со бројки сметај дека 500 во северна вукојебина пропоционално е некаде 6000 во Австралија. Така да подобро е да не отиде надвор од контрола во Австралија додека не се вакцинира добар дел, бројките нема да се ко во северен фиром но верувај дека нема да бидат 10 починати само. Сепак и кога ќе ги достигнете тие 70% вакцинирани се ми иде дека пак ќе има строги мерки.
Брзо иде вакцинирањето овде, веќе ја стигнавме Словенија за дупло вакцинирани, а сме над 70% за една доза. До Декември ќе бидеме блиску до 80% дупло вакцинирани. Рестрикциите ќе олабават од Ноември најверојатно. Овде не тоа некој проблем, имаме 4,2% невработеност што е најниско што сме имале од кога памтам, мада пак не е добро, некој сектори во економијата ептен се утепани. Се на се јас би рекол ОК е, во значително подобра ситуација сме од многу места.
Поентата ми беше дека овде многу помал % умира. Некој постира видео пред некој ден за човек што се жалеше на негата во МКД. Мислам дека тоа е главен проблем, овде луге се дијагнозираат рано, прават по 100 000 илјади тестови дневно сеуште... Ако некој отиде во болница шансите се дека ќе се спаси, дури и на интензивна имаат прилично добри резултати. Во МКД не е така. Друга работа е што болничките капацитети овде се големи, дали 30% е искористено сега за сега (зборам за Сиднеј, другите места е помалку) за сега и здраствениот систем функционира нормално. Ако во иднина има снакции ќе треба да се водат по тоа, ако се наполнат болнициве да кажеме до 50-60% може да воведат нешто...
Интересно ќе биде до кога и како ќе важат ковид пасошите овде. Се си мислам дека тоа нема да го скинат па макар и цел свет го скинал.