Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.818
Поени од реакции
6.405
Кајги,

кога Византијката Мина Костич, со седиште во градот КастелоБланко го избаци ова ремек дело во 2002ра, или 854 години откако Ана Комнина ја издаде Алексијадата во Константинопол, на светот му даде до знаење дека Византискиот дух е alive and kicking, или жив и зрав шо би рекле ние.
Кога кажа - а то ме пали, А ТО МЕ ПАЛИ. Практично завијав ко волк.

На ова банкет би правелеле и гркињата Даниелис, и Васил Македонецот. I'm telling ya. На еден таков банкет и османлиецот Орхан би посакал да е Византиец. Yeah buddy, :ROFLMAO: ya betcha.

Албумот и се викал - no comment. Тхеодора од Кипар би била горда.

 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.513
Поени од реакции
37.352
Кајг,
не само што Стариот мост во Мостар не е застрашувачки висок за скоковите во реката Неретва за дојдените професионалните скокачи од цел свет, туку дополнително истите си подигнале платформа уште 10 метри, за секој скок добивале по 25 евра, па било кога да бил посетен Мостар од туристи, можат да ги видат овие ентузијасти скокачи кои покажувале храброст и професионални скокови!


...инаку 27-28.08.2021 год бил одржан перфоманс на профи скокови (спонзор Red Bull) и во втор план што забележав, како да нема пандемија, публиката куп, без меѓусебно растојание и ниеден со заштитина маска, дури помислив да не е стара снимка!
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.809
Поени од реакции
17.362
Драга,

Толку комарци ме испокасаа летово и уште толку убив што мислам дека и зимуска на -20 ке ми се појавуваат.
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.996
Поени од реакции
12.574
Бидејќи е најчитана тема, а медиумите не се баш заинтересирани да проследат. Да не биде следен пат кога ќе дојдете Охрид да се изненадите од глетката:

Сликиве се сликани денес и вчера, бидејќи пожарот почна да се приближува до населени места. Превземени се од постови на загрижени локалци.
Активен е 6ти ден, слушнавте на некој медиум? Од денес ја зафати и шумата. Одговорот на надлежните е дека чекаат дожд. Затоа ве повикувам сите да изиграте еден индијански ритуален танц со кој го повикувате дождот, за да му помогнете на Охрид и Галичица.

Нема дно кое оваа држава не го проби, нема.
 

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.481
Поени од реакции
4.308
Бидејќи е најчитана тема, а медиумите не се баш заинтересирани да проследат. Да не биде следен пат кога ќе дојдете Охрид да се изненадите од глетката:

Сликиве се сликани денес и вчера, бидејќи пожарот почна да се приближува до населени места. Превземени се од постови на загрижени локалци.
Активен е 6ти ден, слушнавте на некој медиум? Од денес ја зафати и шумата. Одговорот на надлежните е дека чекаат дожд. Затоа ве повикувам сите да изиграте еден индијански ритуален танц со кој го повикувате дождот, за да му помогнете на Охрид и Галичица.

Нема дно кое оваа држава не го проби, нема.
Траги комична ситуацијата е . Онаму сува гора/осој што гореше над буковиќ и раовиќ-сега цела планина е кафеава. Има огромна црна лузна близу врвот. Гореше 3 недели, и само дождот го изгасна на 21 август. Ако не фатеше, имаше да гори и да гори.....
У кратки црти, државата НЕ успеа да го изгасне.
Тоа што се усреќиле е друга работа, ама покажа дека тие 240 милиони во оклопни возила се фрлена пара
 

Maksimot

Психијатриски случај
Член од
28 јули 2021
Мислења
277
Поени од реакции
290
Сватив дека
Г(про-ваксајнс) = Г(анти-ваксајнс)^10, каде Г е функција за пресметка на глупоќа на одредено население.
 

Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.818
Поени од реакции
6.405
Драга,

зошто бе вака? За да ни биде криво? Фотогарифиите и стандардот на живот кој го уживаат, ја прават Европа гледана во целина да изгледа како недоразвиено феудално село. :(

 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.733
Поени од реакции
27.720
Се разминав денес во Карпош со Љупчо Коцарев, Претседателот на МАНУ, кој шеташе со некој пријател.
Дали он или пријателот, не знам, ама така јако се испрде што мислам дека се затресе Машински факултет.
 

redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.269
Поени од реакции
2.022
Кајги,ќе плачам ли некогаш од среќа?
Колку и да се трудам не сум им доволно добра.Секогаш ме сметаат за неспособна.
Сите се супер,само јас не чинам.Добивам само навреди и понижувања.
Не ме прашуваат како сум.Не им е битно како се чувствувам. :(
 

Kajgana Shop

На врв Bottom