Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 29.082
- Поени од реакции
- 62.193
Се молат сите политички активни членови да не предлагаат филмови.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Не гледав ја тогаш сеуште филмови, дај нешто поново.Дај ако можам да најдам да видам ти шо си праел тој период на форумов.
Mr. Nobody (2009/I)
Прекрасен филм! Патување низ времето, просторот и психата. Филм кој буди секакви врсти емоции, кој ве враќа поназад од детството, од почетокот до крајот на времето и назад.
Nemo Nobody е 117 годишен старец во 2092 година кој покрај тоа што е најстар жител на земјата, е и последниот човек кој може да умре од природна смрт. Додека човештвото е во исчекување дали Nemo ќе умре или не, еден новинар доаѓа до интервју со него, во кое Nemo се враќа наназад во времето и му раскажува за своите животи. Добро прочитавте, животи, множина.
Nemo Nobody е посебно дете. Се разликува од другите деца по тоа што е свесен за последиците од неговите избори. Затоа, тој одлучува да не избира ништо. Но како е можно Nemo да ги живее сите тие животи во исто време?
Филмот всушност зборува за „Теоријата на жици“ (Strings Theory) која грубо кажано (ако воопшто може така) тврди дека се можни т.н. паралелни светови или димензии, и дека во исто време можеме да се наоѓаме во друга реалност или димензија, но во нашата свест таа е единствената реалност, единствениот живот. Стариот Nemo Nobody е свесен и за останатите реалности.
За кого не е овој филм? Филмот не е за многу луѓе. Не е за оние кои не сакаат S.F. Не е за оние кои не можат (ни на филм) да го прифатат концептот на патување низ времето или паралелните светови. Не е за оние кои сакаат едноставни приказни со една линија која се одвива хронолошки, по ред. Не е за оние со плитка фантазија. Не е за оние кои не сакаат да бараат значење во филмот, туку само добра забава. Не е за оние кои сакаат лесни филмови. Не е за оние кои не сакаат романтични приказни. Не е за оние кои немаат доволно животно искуство, зошто нема да разберат многу работи. Затоа, не ме чуди ако на многу луѓе не им се допадне, или уште повеќе, не го прекинат некаде на пола. Само сакам со ова на одредени луѓе да им помогнам да не си го губат времето со филмов.
Филмот визуелно и звучно е прекрасен. Визуелно е како сон, штета што Нолан не стигнал да го гледа на време. Саундтракот совршен. Џеред Лето е перфектен за улогата, за Дајан Кругер не треба да се трошат зборови. Бидејќи следи три различни линии, во одредени моменти ве остава збунети околу тоа што се случува. Убавината е во тоа што не мора да знаете точно што се случува, затоа што целата идеја е филмот да ви разбуди емоции и да ве однесе на места на кои не сте биле многу одамна.
Нема да пишувам повеќе затоа што филмов е надвор од секаква рецензија. Ова е всушност крајно лоша рецензија која воопшто не одразува ништо во филмот. Доволно е тоа што авторот Jaco Van Dormael (и режисер и сценарист) го подготвувал со години, филмов се снимал од 2007 наваму, веројатно е перфекционизам во прашање. Мислам дека ваквите филмови се пред времето, со други зборови, не го добиваат заслуженото внимание и респект во моментов. Затоа што ова е време на комерцијални филмови за забава, а Mr.Nobody е филм за поинтелегентната публика (иако се разбира не значи дека таа мора да го прифати како добар) која е во големо малцинство. Но верувам дека ова е иднината на филмот, дека еден ден поголемиот дел од филмовите ќе изгледаат како Mr.Nobody.
Иако сум воодушевен од филмот, ќе му скратам еден бод поради некои периоди кои се според мене непотребни и го прават филмот предолг, а и му одземаат малку од динамиката. Можеше да е малку пократок, но сепак, и вака проаѓа. Прикажан е на крајот од 2009 по европски фестивали, така да во глобала може да се смета и како филм од 2010. А во 2010, ова е засега најдобриот филм што го гледав.
Препорака за гледање за филмоманијата на форумов, останатите прескокнете не е за вас.
Џони бој, кажи што толку е смешно да се насмееме и ние![]()
иако е love-or-hate филм
Знаеш дека со тоа останувате само ти, виолетова и мунгус ваљда, така?Се молат сите членови активни во фудбал да не предлагаат филмови
не проблем.Najdobriot terminator
Ne gledam problem![]()
Не продуцира одбивност. Прашај го @џимеј. Тој за Милан, јас за Интер, ама си се слушаме за филмови. Ова политикантиве а предложат филм, одма филмот оди на хејт од спротивниот табор, ни крив ни долженСе молат сите членови активни во фудбал да не предлагаат филмови
I'll see you in court.Дали сериозно го заборави @wot??????
Најдобриот екс-модератор на светот, the life, Universe and everything!!!!
Да и закачиме тужба за навреда, според Закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета?Не продуцира одбивност. Прашај го @џимеј. Тој за Милан, јас за Интер, ама си се слушаме за филмови. Ова политикантиве а предложат филм, одма филмот оди на хејт од спротивниот табор, ни крив ни должен
I'll see you in court.
Кој беше тој лик?Дали сериозно го заборави @wot??????
Најдобриот екс-модератор на светот, the life, Universe and everything!!!!
Све нај за него, исто и Летербокс тој ни го донесе не знам дали знаеше![]()
Извини срц, го немам гледано филмов.Не е тој. Ај најдете ја сцената?
Во преводот никаде нема virgins спомнато ниту 50 ниту 80 ниту fifty ниту eighty.
Му го скрши срцето - негов предлог во Клубот беше.Извини срц, го немам гледано филмов.
Тоа не e причина да не ги гледаш филмовите сега.А што не бев член во престижниот клуб тој период?![]()
Да беше денот 30 сати долг, радо.Тоа не e причина да не ги гледаш филмовите сега.![]()
Ејјј, добро што ме потсети, од прошлото Филм Клуб издание ми го должиш овој.Лаура ми го должиш, ѓубре!